Во повеќето државни компании не се јасно дефинирани потребните стручни знаења и компетенции за членовите на управните одбори, нивната заработка не зависи од тоа дали компанијата работи добро или лошо, индивидуалните перформанси на членовите на менаџментот не се оценува во однос на успешноста на бизнисот, нема јасна политика на односи кон малите акционери...

Тоа може да се види од одговорите на раководствата на акционерските друштва на годишниот прашалник за кодeксот за корпоративно управување, што Црногорската берза го испрати до сите акционерски друштва кои котираат на неа, а кои досега се објавени на нејзината веб-страница.

На прашалникот одговорија сите компании, без разлика на формата на сопственост, а одговорите на државните компании се најинтересни за јавноста.

На хартија, сите професионални и независни

Од одговорите на повеќето компании, јасно е дека оние кои го пополниле прашалникот не биле многу искрени. На пример, на прашањето дали со Статутот на компанијата се поставени критериуми за дефинирање на потребното професионално знаење и компетентност на членовите на управните одбори, повеќето компании одговориле само со „да, но кога ќе навлезете во нивниот статут, само се наведува дека е неопходно да се има високо образование. Суштината на овој дел од прашањето од прашалникот се однесува на тоа дали членовите на менаџментот имаат „стручно знаење и компетентност за активностите на компанијата, односно дали со своето знаење придонесуваат за напредокот на компанијата“.

Исто така, поголемиот дел од државните компании, на прашањето дали нивниот одбор на директори има независни членови, одговориле со „да, неколку компании не ги напишале нивните имињата кога побарале да именуваат независни членови, а други навеле две или три имиња иако нив ги   именувал државен претставник на Собранието на акционери.

Исто така, повеќето компании навеле дека на своите сајтови не ги објавуваат биографиите на членовите на одборот на директори.

Прашалникот бил составен од 70 прашања, а овластениот претставник на компанијата требало да одговори со „да, не или делумно“ со можност за дополнително објаснување.

„За прашањата на кои компанијата одговорила со „не“ или „делумно“ во графата „објаснување“ требало да се објасни зошто е тоа така, односно: објасни во кој дел не се почитуваат одредбите од Кодексот и поради што, опишете ги мерките што се преземени наместо да се усогласи со одредбата од Кодексот, а доколку друштвото има намера да се придржува до одредбите во Кодексот во иднина, наведете кога ќе почне да го прави тоа“, стои во упатството за пополнување на прашалникот.

Меѓутоа, повеќето компании и кога одговориле на прашањата со „не“, таквиот одговор не го објасниле.

Прашалник за искуство од меѓународни берзи

Директорката на Црногорската берза, Милена Вучиниќ, вели : „Со креирање и воведување прашалник по модел на други берзи, целта беше да се усвојат и применат најдобрите пазарни практики, и да се промовира важноста на нефинансиското известување на котираните друштва. Кога станува збор за известувањето, фокусот досега бил ставен на финансиското известување, меѓутоа, почитувањето и примената на принципите на корпоративното управување на компаниите може да се види, анализира и следи само преку добиените одговори на прашањата од Годишниот прашалник со Кодексот за корпоративно управување“.

Таа појасни дека вакви прашалници постојат и на други регионални и европски берзи, како и дека нивниот е направен врз основа на моделот на прашалници што се користат на регионалните берзи, од кои два се европски, а презеле одредени делови и од прашалникот на Истанбулската берза.

Одговорите ќе бидат анализирани

„Одговорите ќе се анализираат, тоа е значењето и целта на прашалникот, бидејќи се воведува обврска за нефинансиско известување со цел да се добијат повеќе податоци и информации за деловната транспарентност, органите на управување, третманот на малите акционери, надворешната ревизија и внатрешни контроли, посветеност на принципите на корпоративното управување и општествените одговорности на компаниите.

На овој начин на инвеститорите и на инвестициската јавност им се овозможува да добијат и да имаат повеќе информации за примената на стандардите за корпоративно управување во нашите компании. На овој начин, Црногорската берза создаде почетна точка, направи пресек на состојбите, што и овозможува од година во година да ги анализира и следи одговорите добиени во Годишниот прашалник заедно со Кодексот за корпоративно управување, смета Вучиниќ.

Таа изјави дека најголемиот број котирани друштва од регулираниот пазар на берзата го доставиле Годишниот прашалник со Кодексот за корпоративно управување, со финансискиот извештај или по финансиските извештаи за 2022 година.

Одговорите од прашалникот покажале дека во повеќето државни компании не се јасно дефинирани потребните стручни знаења и компетенции за членовите на управните одбори, и дека нивните плати не зависат од успехот на компанијата. Црногорската берза најави дека ќе ги анализира одговорите од државните компании и од тоа ќе зависи нивната идна котација на берзата

Потписникот одговара дека се е вистина

На прашањето дали има случаи кога некои компании не одговориле на прашањата на бараниот начин или не биле потпишани од овластени лица, директорката објаснува дека составен дел од одговорот на прашалникот е изјавата на органот на управување (извршен директор) со која се потврдува дека се запознаени со одговорите сите членови на менаџментот, извршниот директор, членовите на надзорниот и одборот на директори на друштвото. Со таа изјава потврдуваат дека сите одговори се точни и дека се согласуваат јавно да бидат објавени на Црногорската берза.