Зимски Вивалди форум- Das kapital? е темата на последниот овогодишен настан на Мокрогорската школа за менаџмент што ќе се одржи од 1. до 3. декември, а на кој ќе се дебатира на темата:  Како да се стекне, зголеми и сочува капиталот?

Организаторот на настанот напишал: На крајот на годината, во декември, го имаме Зимскиот Вивалди форум. Зимата во планинската околина на Дрвен град е нешто најблиску до магијата што можеме да ја замислиме. Финансиски експерти и директори, адвокати, сметководители или ревизори од најуспешните компании во Србија водат панели и предавања на актуелни теми од областа на финансиското и правното работење, можностите и прашањата што се наѕираат на повидок. Сето тоа, и многу повеќе, во топлината на планинарскиот дом, се разбира покрај каминот.“

Вивалди форумите- инспирација за нови идеи


Вивалди форумите во организација на МШМ се место за запознавање, поврзување и размена на мислења на важни луѓе од светот на економијата, но и повеќе од тоа - инспирација за нови идеи и промени во заедницата низ сите сезони.

МШМ креирајќи ги Вивалди форумите во 2009 година создадоа сосема нов формат на деловен настан, што ги опфати сегментите кои​​што недостасуваа: поврзување, мотивација и размена на искуството и знаењето. Со поврзување на овие четири елементи, создадоа Вивалди форуми, кои се фокусираат на суштината, а не на формата.

Десетгодишното искуство и водечката позиција на српскиот пазар во областа на професионалниот развој на менаџерите ќе бидат во фокус и на овој зимски настан во МШМ.

Што е капитал, како се стекнува, зголемува и како да се сочува?


На декемврискиот Вивалди форум со помош  на повеќе од 25 говорници ќе се зборува на темата: Што е капитал, како се стекнува, зголемува и како да се сочува?

Како учесници на овој форум настапуваат најголемите стручњаци од областа на правото, банкарството, инвестициите како и претставници на поголеми водечки компании од наведените и сродни дејности.

Зимски Вивалди форум- Das kapital?

DAS KAPITAL- теорија и пракса


Форумот ќе го отвори домаќинот на настанот, Стефан Ѓуричиќ, раководител на деловните настани во МШМ.

Потоа следуваат презентации  на коселекторите на форумот :

-Предраг Кудра, главен предавач од областа на  финансии во МШМ со долгогодишно искуство од областа на ревизија, финансии, сметководство, контрола и консалтинг.

-Владимир Вучковиќ, професор по економија на Економскиот факултет со бројни трудови од областа на макроекономските финансии, меѓународната економија и ЕУ,  и

Дејан Николиќ, адвокат од областа на стопанското право.  Зачетник во градењето и развојот на корпоративното право во регионот и предводник за прекугранична правна соработка во ЈИЕ во последните 30 години.

По воведното предавање на тема: „Што Маркс денес би зборувал?“ со која ќе се претстави историчарот Чедомир Антиќ, следува сесијата: Vivaldi talks: DAS KAPITAL- теорија и пракса. Во овој дел преку презентации ќе се дадат одговори на следните прашања:

- Што се е капитал?, за што ќе говори Милован Поповиќ, управен партнер во BDO.

- Од идеја до капитал, е прашањето по кое ќе зборува извршниот директор и партнер на ICT HUB, Коста Андриќ.

Кој владее со светскиот капитал?


Сесијата ќе  заврши со можни одговори на прашањето: Колку вреди мојата фирма? Прашање по кое ќе понуди одговор Божидар Ѓелиќ, управен директор на LAZARD.

По обработката на прашањата за теоријата и праксата на капиталот следува сесијата : Мокра Гора late night talk, кога познатиот филмски режисер, професор Емир Кустурица ќе зборува на темата: Кој владее со светскиот капитал?

Што нудат банките?


Вториот ден на Зимскиот Вивалди форум започнува со панелот на тема: Што нудат банките?

Модератор на панелот е Радојка Николиќ,  главен и одговорен уредник на Бизнис магазин и Економетар, а како панелисти на оваа тема се :

Дарко Поповиќ, е долгогодишен член на Извршниот одбор на Банка Интеса и претседател на Управниот одбор на Интеса Лизинг.
Предраг Михајловиќ, главен извршен директор на ОТП Банка на Србија и

Властимир Вуковиќ, претседател на Извршниот одбор на Комерцијална Банка.

Тие на Вивалди форумот, ќе одговорат на прашањето: Што нудат банките за зачувување и зголемување на капиталот.

Вториот панел е насловен: Што нудат инвестициските фондови?- Панелот ќе го модерира коселекторот на форумот Дејан Николиќ. Одговор на ова прашање преку свои ставови и мислења ќе изложат Јан Коблер, партнер и основач на SV Ventures, Марко Хиниќ , директор и партнер на Integral и Давор Сакач, директор на  TS Ventures.

(Слатките) маки на капиталот


Работниот настан продолжува со Вивалди TALKS: (Слатките) маки на капиталот

Дел во кој Кемал Сикириќ, управител и партнер на Invera equity partners, ќе зборува на темата: Дали е eхit од бизнисот цел на секој бизнис?

По прашањето: Колку чини непознавањето на правото? ќе говори Дан Мутавџиќ, управен директор на Kvantum Capital и Жељко Мотика, адвокат во „Канцеларија Мотика“, кој ќе го изложи својот став и мислење по прашањето : Дигитална сопственост?

„Плодно тло за раст на капиталот“


Третиот последен ден на Зимскиот вивалди форум е посветен на VIVALDI TALKS: „Плодно тло за раст на капиталот“.

Во овој серијал се предвидени  четворица говорници кои од свој агол ќе направат презентации кои се во прилог на темата:

1: Добро земјиште- правна држава, е согледување на адвокатот, Зденко Томановиќ од Канцекларија Томановиќ.

2: Хранливи состојки- стопанственички дух, слобода и образование е согледување на основачот на МШМ, Срѓан Јаниќијевиќ.

3: Доволно влажност-извори на финансирање, презентација на Предрг Кудра, CFO, Fresenius medical care Србија.

4: Доволно светлина –пазар и конкуренција, е презентација на Богдан Гециќ, основач и партнер на  канцеларијата GECIĆ LAW, која беше прогласена за најдобра адвокатска фирма во Источна Европа и Балканот за 2020 година од престижниот магазин The Lawyer.

Зимскиот Вивалди форум според агендата ќе заврши со Вивалди дијалог во чиј фокус е прашањето: Каде оди овој свет?

Со дијалогот ќе модерира Владимир Вучковиќ, предавач во Мокрогорска школа за менаџмент. А како панелисти се јавуваат  професорот по економија, Славиша Тасиќ и Александар Павиќ, политиколог и стручњак за геополитички односи.

Доколку се грижите за капиталот, без разлика дали за вашиот или туѓиот, Зимскиот Вивалди форум е вистинското место за вас!

 Информации за учесниците


Апликациите за зимскиот Вивалди форум официјално се отворени. Цената за регистрација за учесниците на настанот од Македонија е 19 410 денари (или 314 евра). Додека за оние кои настанот ќе го следат онлајн котизацијата е 7.850 денари ( 127 евра). Цената вклучува посетеност на сите формални и неформални сегменти на програмата, работни материјали и паузи за кафе. Цената на програмата не ги вклучува трошоците за сместување или превоз до Мокра Гора.

Сместувањето може да го резервирате во хотелот Меќавник.  МШМ за учесниците на форумот обезбеди 20 отсто попуст од редовните цени обележани на веб-страницата на хотелот. Можете исто така да барате сместување во којбило туристички објект во Мокра Гора преку Booking.com. Комби-превозниците кои имаат редовни тури до Мокра Гора се Terra Travel и Gea Turs.

ЗА  МАКЕДОНИЈА


Сите заинтересирани кандидати од Македонија што сакаат да се пријават може да се обратат во АНТОРИС на телефонските броеви: 02 3104604 или на 071 223868 или на електронска пошта kontakt@antoris.mk. Може да се организира и заеднички превоз.

М.Б