
Најмногу се граба во туристиките центри. Во таа смисла, Македонија ја губи трката со регионалната конкурнеција, а за светската да не зборуваме. Охрид, Маврово, Струга и другите центри, се’ повеќе ја губат својата оригиналност и романтика, а со тоа и интересот на туристите кои секогаш трагаат по различното од таму од каде што доаѓаат.
Имено, никако поинаку не може да се оцени нашето сквернавење, освен со зборот „свесно уништување“ и самоубиство на македонскиот туризам и на природата. Да продаваш земја е најголемо предавство, а не патриотизам на кој голем број влијателни личности се повикуваат.
Од Охрид, најнепријатната вест, што може деновиве да се види и да се чуе, е тоа што висината на ридот во месноста Горица се одзема, се рамни, и на него се гради некаков хотел. Што е уште пострашно, тој хотел се гаради на диво! Значи, несфатливо е кој е тој толку храбар што без дозвола на надлежните општински и државни органи се осмелил да го приграби просторот, да ја исече шумата, да ја ништи природата дадена од господа и да ја погребува во тежок бетонски сандак армиран со дебело железо.
Ова е само продолжение на урбанистичкот хаос што се селучува во Охрид. Имено, во последниве дваесетина години и Охрид, како и Скопје, е нападнат од неразмуните резони на самоволните моќници кои, со пари, во државава купуваат се’, па и моралот на државните и општинските службеници, па тие, дали од страв или од лакомост, играат по нивните свирки. Лакомоста и лесноверноста, пред неколку годни ни донесе и една комична приказна која протече од еден експерт по еклогија, кој раскажа дека на седница на тогашната влада, самиот премиер изразил иницијатива да се исече трската во езерото, да се донесе песок од Сахара, а за да се спречи тој да биде повлечен од водата во езерото, предложил околу цело езеро да се направи бетонско цокле. Премиерот го повлелкол ставот откако екологистите собрале сила и му кажале дека тоа е невозможно и крајно погубно за езерото, зашто трската е живеалиште на некои животински видови. Но, малку фалело тој негов план да се реалзиира, и да ни се смее цел свет, како што ни се смее за таканаречениот „проект Скопје 2024“ и веќе ниеден турист да не стапне на браговите на езерото. Слично беше и со приказната за Субрата Рој, кому му беше ветан голем дел од брегот за некакви си огроми ресорти, или можеби сега ова е реализација на таа приказна.
Што се однеусва до потесниот дел од градот, и тој е претворен во хаотичен простор, со многу ризик за несреќи во отсуство на почитувањето на сите урбнанистички принципи и на статиката.
УНЕСО, „Организација за образование, наука и култура на ООН“ (United Nations Educational, Scientific and Cultural Organization), која се грижи за зачувување на светското културно наследство, промовирајќи го и ставајќи го реткото природно наследство под своја контрола и заштита, неколку пати има замижано пред нашите глупости и итроштини, како што му пошуштаат возрасните на палаво дете или на некого со ограничени ментални способности, кој не може да ја сфати тежината на проблемот. Послениот приемр е во март лани, кога „Реактивната мониторинг мисија“ на УНЕСКО го забележала новото градилиште на Горица и забележа дека: "Центарот за светското наследство не беше информиран за овој проект, спротивно на член 172 од оперативните насоки". Што значи дека Македонија го лаже УНЕСКО дека се спроведуваат упатставата на организацијата, а на теренот, коруптивните активности земаат замав и се претвораат во страшило. За ова сведочат и локалните активисти кои потврдуваат дека, изградбата не само што не запира, туку се забрзува – дури и на локации на кои градбата требаше да биде забранета.
Во јули ланската година, „Комитетот за светското наследство“ донесе јасна одлука, а тоа е: „Македонија мора да ја запре изградбата во зоните кај Студенчишкото Блато, кај Горица Север и Горица 3. Но, ни државата, ни општината немаат ништо преземено“.
Организацијата „Охрид СОС“ ја обвинува државата дека постапува спротивно на „Конвенцијата за светското наследство“. Во реакција се именуваат одговорните и се обвинуваат за игнорирање на меѓународните експертски тела.
„Охридското Езеро, еден од најстарите и најдлабоки екосистеми во Европа, сè повеќе ја губи битки со градежната мафија“, велат активистите.
А УНЕСКО сè уште чека одговор на прашањето за дивата градба на Горица. Сето ова води кон губење на заштитата на Охрид и на езерото од оваа огранизација на Обединетите нации, а со тоа и закана од добивање налепница и препорака - Охрид да се избегнува од „хигиенски причини“, а со тоа и губење на местото во флаерите на регионалната понуда, што ќе ја чини земјава многу изгубени гости, ноќевања и пари.
И Маврово настада

Приказната е трагична и во Маврово. Нови згради, хотели, огромни викенцидички, но сето тоа го потисна природниот изглед на ова уникатно место кое порано беше примамливо поради селскиот амбиент, македонската народна доборудшност и скијачниот центар. Сега тоа е нападнато од снобовштина од силата и од корупцијата. Од многу пари и фасаден сјај, природата е понижена и деградирана. Патот е тесен, бројот на големите џипови, што тешко можат да се разминат, го надмина неговиот капацитет. Жителите имаат проблеми со снабдување со вода и со струја. Кај нас се гради наопаку, првин зградата- дивоградба, потоа канализација, водовод и друго, што зборувба за нашето примитивно ниво. Тие навики сега се манифестираат во испуштањето на сите отпадни води и фекалии во езерото. Мавровчани велат дека градбите се направени многу неквалитетно, што постои опасност од голема трагедија, ама нам тоа не ни значи, ние сме навикнати на трагедии, нам памет и жал не ни доаѓа. Шумата се сече, се оголува Маврово кое е се’ уште е голем резервоар на чист воздух.
Додуша, на иницијатива на луѓето што го сакаат Маврово Уставнот суд ги поништи урбанистичките планови за овој регион, но дивата градба продолжува. Пред да стигнете во селото Маворо од левата срана ќе видите дека се гради и во коритото на самото езеро. Тука градбата е строго забранета, но ете, кај нас се’ се може, ниедна строгост не важи, а најзанимливо прашање е: со кој памет илегалните инвеститори градат на тоа место кога има голема опсаност во периодите на максимална наполнетост езерото да им ги поплави градбите?
Поради овие причини, огормен број љубители на Маврово престанаа да го посетуваат, не сакајќи да бидат сведоци на умирањето на уште еден македонски рај, кој полека се претвора во пекол. Мавровчани се иселуваат, а тие што имаа вили од порано, ги продаваат.
Некои ќе се повикаат на тоа дека секој туристички потенцијал има право да се шири и да се збогатува неговата понуда, но постои опасност од повратен процес што може да ја урне сета таа идеја за развој на еден неразвиен крај и работие да тргнат наназад. Тоа му им случува и на Охрид и на Маврово.
На Маврово му беа доволни капацитетите што ги имаше -неколкуте хотели и одмаралишта и приватната понуда од селските куќи, затоа што Маврово, сепак, е мал локалитет за да носи толкав отвар на грбот, на сместувачки легла и на отпад. Но, кај нас не се почитува мислата и стручноста на ниедна стручна бранша, никој не ја прашува, затоа што ние се’ можеме сами и сите знаеме се’.

Мавровчани ги продаваат своите наследени имоти и шуми. Купуваат станови во градовите, Гостивар, Тетово, најмногу во Скопје, па од рајот бегаат во пеколот, пекол ваму - пекол таму, човек веќе нема избор каде да појде на некое увабо природно место. Скопје веќе нема ниедно чисто место за рекреација, за одмор и за пливање, јавните отворени базени се уништени, Езерото Треска е одамна уништено, Матка е исто така нападната. Се’ е распорададено!
Таканречените инвеститори не би биле толку храбри да градат на диво и во забранета зона, ако немаат логистика во општинските и во министерските канцеларии, кои своето работно месот добро го уновчуваат. Тие се тие што им ги одобруваат тие нералани планови без да има никаква ревизија од погорните органи, а за консултација со љубителите на мавровската природа и со аквтивистите - не станува ни збор.
Сега и да се донесе каква и да е санкција, таа не може да се реализира, освен градбите да се легализираат, што ќе значи постигнување на целта на „инвеститорите“. Зошто? Затоа што никој нема да се нафати да го спроведе тоа што треба да се спроведе, а тоа е поништување на сите криминално донесените урбанистички планови и уривање на сите дивоградби. Втора причина е прашањето на шутот. Тоа е деградиран материла, што нема да го собере ниедна депонија.
Мала е утехата што некој ситен раководител на урбанизиот во општината е во притвор поради примање мито за градбата. Судските процеси мо МК траат со децении, па на крај нема да испадне ништо од тоа, а мрежата на тие што се вмешани во сета таа работа, нема ни да биде допрена. Тоа е убедувањето на сите македонски граѓни кои не веруваат во никаква правда, туку гледаат и тие да не бидат засегнаите од некоја несакана и непредвиден невојла што може да ги снајде ни криви ни должни. Стравот од неправдата е толку голем, што луѓето се убедени дека има моќници што можат да си дозволат да ти влезат во твојата сопствена куќа, да ти ја земат и да те истераат на улица.
Многу смешно и навредливо за јавноста е тврдењето дека инспекторатот за градежништово и урбанизам во март има направено вонреден инспекциски надзор, а веќе Маврово е претрупано со дивоградби. Вакви приказни за мали деца, ни инспекторите не можат да ги спасат од одговорност, за нивното мижење додека се копало и додека брчеле машините.
Националниот парк Маврово е прогесен пред 76 години. Според тоа, во таа зона не требало ништо да се чепка, ниту во урбанизот, ниту во природата.
И најголемиот пробелм е во тоа што обичниот граѓанин, кој не можа да си дозволи престој во такви луксузни хотели и сместувања, е избркан и полека го губи пристапот до своите езера на кои порано можеше кај сака и колку сака да стави черга, а сега и на плажите не може секој да легне и да се сочна, сето тоа е претворено во немилосредно „дерење“ на човекот, со најголема тешкотија за социјалните слоеви, кои дури ни еднаш во 10 години не можат да си дозволат одмор во наштие сопстени туристички центри. Маворо, од питомо, стана диво и недостано, туѓо, не наше на сите граѓани, туку само на некои моќни луѓе, на кои на лицата им се чита надменоста.
Каде е власта да одговори дали е тоа нашата змеја или е некоја земја на странци и на моќници во која ние сме само привремени доселеници, кои во секој момент можат да бидат избркани од сопствената земја.
Во време на потери, приведувања, истраги, народот се надева јасно и гласно да биде соопштено името на јунакот што го симна ридот кај Горица и се осмели да гради хотел на диво на едно од најубавите места на охридскиот брег и воопшто во земјава. Во спротивно, ќе сметаме дека власта се плаши да го направи тоа, дека има некој посилен од нејзе или дека некој е замешан во сета таа работа. Одоговорт го очекува цела нација, езерото и брегот мораат да им останат на граѓаните, а не на поединци. Никој не смее да продава имот што не е негов!