Надевајќи се дека пандемијата до тогаш ќе ја имаме под контрола, музичкиот фестивал Здраво Млади 11 официјално е закажан за 26 и 27 август 2021!

Периодов дирекцијата на фестивалот беше на слатки маки – што да избере од понудените дизајнерски решенија за плакат. Од таму велат:



  • Ни потврдивте дека фестивалот го доживувате на посебен начин и го чувствувате како свој. Стигнаа над 100 дизајни од 94 дизајнери. Ви благодариме и за приказните произлезени од вашиот процес на работа. Комисијата работеше на случајот дооолго време и се одлучи за следново:



- прва награда - Катја Штркова за официјален дизајн на #ЗДРАВОМЛАДИ11

- втора награда - Воскресија Андреевска

- трета награда - Весна Арангеловиќ


Од Здраво Млади ветуваат дека наскоро пуштаат early bird билети и најава за првиот бенд!