Економската теорија е едногласна во тоа дека при зголемена инфлација централната банка треба да ја  зголеми основната каматна стапка на благајничките записи за да стеризлизира голем квантум на парите во оптек. Тоа значи дека банките, по оваа мерка, ги зголемуваат каматиите на своите кредити и така побарувачката за пари е намелена, па се намалува побарувачката на стоки, па, теоретски, продавачите треба да ги намалат цените како резултат на намалената побарувачка. Но, актуелнава криза има свои специфики што влијаат на изместување на сите правила кои важат во мирновременски услови.  

Спецификата е во тоа што оваа светска еконимска криза е предизвикана од зголемувањето на цената на понудата, поради војната во Украина, поради изместените вообичаени коридори на снабдување, опоради зголемените цени на осигурителните полиси на транспортот, а со тоа и на цената на нафтата. Поради ваквата измрдана слика на економски план, во ред би било да се праша дали монетарата политика треба да го олабави ременот, односно да ја намали каматната стапка, кредититие да поевтинат, да се вбризгаат повеќе пари во оптек за да се преживее. Некој ќе рече дека тогаш производителите и трговците уште повеќе ќе ги зголемат цените, но никому не му е во интерес да ги зголемува цените поради ризикот да не се продаваат производите. Прашајте кого сакате од  страната на бизнисот, ќе ви каже дека и самите производители и трговци се плашат од високи цени, затоа што тие се меч со две острици. Поголема е веројатност да пропаднат кога нема пари во оптек, отколку кога има.

Што се однеува до вбризгувањето пари за помош на стопанството и на социјалните категории, тоа го направи државата со неколку пакет-мерки за двете кризи  во вредност од околу 2 милијарди евра, што упатува на неусогласеност меѓу фискалната и монетарната политика, која треба да дејствува синхрониузирано. Во периодот на укранинската криза се субвенционираат сметките за струја, што е исто така идиректно зголемување на основната количина пари.

Но, НБРМ во оваа година неколку пати ја зголеми основната каматна стапка на благајничките записи, од 1,25 достигна до 4,75, а инфлацијата не се намалува. Не се намалува затоа што производителите и трговците имаат загубено многу од супстанцата, па сега со намалувањето на цените на енергенсите се во ситуација да надоместат нешто од загубеното. Бројот на затворени фирми во 2020 изнесува 7 илјади, а само во првите 6 месеци од оваа 2022 година биле затворени (избришани од Центраниот регистар) 5 илјади  фирми.

Пример за незатегање на монетарната полтика можеме да најдеме во мерките на Јапонската централна банка. За разлика од САД и другите економии кои нагло ги зголемија каматните стапки оваа година за да се справат со инфлацијата, третата по големина светска економија, Јапонија, продолжи да ги држи каматните стапки на ултра ниско ниво за да го поттикне растот.

И јапонската инфлација е предизвикана од „увозни“ причини, но таа е сепак мала, бидејќи јапонската економија е голема.

Во ваква ситуација македонксите банки молат за клиенти. Кредитите ги даваат во еден ден, без многу проверка на кредитоспособноста на клиентот. Некои банки даваат  кредит без обезбедувае (!) дури од 25 илјади евра, но со камата од 5,5%. Се разбира дека граѓаните земаат, во крајна нужда, и тоа е показател дека пари немаат.

Според Европската инвестициона банка (ЕИБ) има зголемување на барањата за заеми во регионот на Централна и Југоисточна Европа.

Банките очекуваат севкупната побарувачка за кредити дополнително да се зголеми во текот на следните шест месеци, иако со поумерено темпо, а исто така да се зголемат барањата за обртни средства на фирмите за покривање на потребите ЗА ЛИКВИДНОСТ. Меѓу другото  извештајот на ЕИБ укажува дека затегнувањето на монетарната политика ќе ги влоши условите за одобрување на кредитите.

„Банките очекуваат условите за понудата на кредити – што банките за финансирање се подготвени да им ги обезбедат на своите клиенти – значително да се влошат во следните шест месеци. Кредитните стандарди се заострија, особено на хипотекарниот пазар, особено поради ефектите од војната во Украина, повисоката инфлација и каматните стапки и општото забавување на економиите. Оттука, робусната кредитна побарувачка ќе се соочи со построги услови за понуда. Со оглед на неповолните економски изгледи, банките повторно очекуваат зголемување на нефункционалните кредити во следните шест месеци.“

Товарот врз монетарната и фискалната власт во ваква ситуација е голем, но едно е сигурно, економскиот раст се темели на комплекс мерки кои даваат резулати со голема координација и секојдневнна реакција.