
По попуштањето на Ковид-кризата, во Охрид заживеа како во најдобрите времиња, дури ова лето имаше поголема побарувачка за сместување од капацитетите со кои располага нашиот најголем туристички ценатар. Сепак туризмот отсекогаш се прпелкал меѓу можностите и нашата вештина оваа гранка систематски да ја доведеме до една добро органзирана „машина за печатење пари“, иако според сите комплинети што доаѓаат од страна, Македонија има огромни можности за секаов вид туризам. За сегашната состојба и за ините планови, упативме неколку прашања до Агенцијата за поодршка и промоција на туризммот, тело кое засега е најекспонирано во планирањето и во промоцијата на македонскиот туризам.
· Се очекува, оваа година (2023), повеќе од 530 милиони долари промет во туристичката индустрија. Знаеме дека тоа не е на нивото на потенцијалот на оваа гранка, уште колку има простор за нови „дострели“ изразени во пари?
- Ако го споредиме учеството на туризмот во бруто домашниот производ - БДП во 2011 изнесувал 0,4%, 2018 2,4% додека во 2022 година изнесува 3,6%, достигнувајќи 481 милион долари. Ако ги споредиме првите квартали (Q1) на приливот од туризмот 2018/2019/2020/2021/2022 година и покрај пандемијата која почна во 2020 година нема забележено пад, што не може да се случи ако изостанува планирање, мерливост и евалуација на стратешките планови во АППТ. Прв пат во првиот квартал на 2023 година туризмот во македонската економија влеал 93 милиони долари што е за 19% повеќе од 2022 година или 41% повеќе од 2019 година, што со право не охрабрува да констатираме дека сме на вистински пат да ги зацртаме целите за 2023 година и продолжиме кон целта за 2025 година кога треба да ја надминеме најуспешната 1988 година во македонскиот туризам со над 3,7 милиони ноќевања, 600 милиони долари од туризмот или повеќе од 4% во БДП, повеќе од 45000 вработени во туристичко-угостителската дејност.
· Вашите извештаи покажуваат рекорди, а македонскиот кадар бега од земјава, се сочуваме со недостиг на луѓе во угостителството, што е причината и дали можеме со недостиг на кадар да сметаме на некаков развој?
- Во оваа прилика би презентирал податоци од последните истражувања на Аналитикс и 68 комисија на Европа при Светската Туристичка Организација- UNWTO неодамна одржана во Софија за македонскиот туристички сектор. Во македонската туристичка индустрија се вработени помеѓу 30000 и 33000 лица во зависност од сезоналноста што преставува околу 5% од вкупниот број вработени во македонската економија. Со намалување на сезоналноста и зголемувањето на просечниот престој кај странските и домашните туристи ќе се зголеми бројот на вработените на неодредено време во македонскиот туристички сектор, ќе се намалат сезоналните вработувања, просечна исполнетост на хотелските капацитети на годишно ниво над 45%, ќе ја зголеми просечната плата во секторот и ќе се успори миграцијата на работната сила во други држави. Оваа состојба се постигнува со долгорочна стратегија во туристичката индустрија, ново реархитектуирање на АППТ со создавање дестинациски менаџмент организации-ДМО, вложување во човечкиот капитал, стратегија доволно флексибилна за да одговори на се поистенчените вкусови на новите целни групи во светскиот туризам.
· Можеби 40 години се зборува за потребата од „туристичка стратегија“, не годишна, туку многу подолгорочна, што ќе ги одреди вистинските развојни приорити што ќе се финансираат и ќе се поддржат. Зошто досега не е направен една таква сеопфатна стратегија?
- Аналитичното и системско следење и анализирање на работата на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот претставува механизам кој ѝ овозможува на АППТ врз основа на процесот на стратешкото планирање да ги утврди развојните приоритети, приоритетните цели и политиките во функција на нивно остварување во рамките на буџетскиот процес и следствено на тоа ефикасно и ефективно да лоцира соодветни ресурси за нивно спроведување.
Со поставување на SWOT анализата во туристичките планирања, Агенцијата за туризам може да ги следи целите на туристичкиот систем на институционално ниво и во рамките на секторот поефикасно и поефективно. Со овој метод на детектирање и проценка на силните страни, слабостите, можностите и заканите во областа на туризмот Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот може да ги спроведуваа своите стратешки политики и планови во централизирана форма. Овој пристап ги максимизира силните страни и можностите додека ги минимизира недостатоците и ризиците за да се идентификуваат најдобрите туристички тактики. Со интегрирањето на процесот на стратешко планирање и буџетскиот процес се зголемуваат капацитетите и ефикасноста за спроведување на стратешките приоритети и приоритетни цели на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, во насока на отворање на можности за одржливите туристички инвестиции и проекти, преку обезбедување на реална визија за иднината на секторот и индустријата.
Во делот на јаки страни во последниве пет години преку континуирано транспарентно и отчетно работење може да се издвои препознатливоста на АППТ во туристичката индустрија. Добро планирање и анализирање во АППТ, диверзификација на реализирани проекти, воведувањето на светски дигитални практики во промовирањето на туристичките дестинации, отпочнување меѓугранична соработка преку ИПА проекти, заедничка соработка со земјите членки од иницијативата “Отворен Балкан”, се позитивни примери за успех во работењето на Агенцијата за туризам.
Во делот на слаби страни може да се извојат недоволно обезбеден буџет за реализација на програмата на АППТ, недоволна дигитализација на институцијата и на секторот, недоволен капацитет од човечки ресурси во АППТ, немање на туристички национален бренд идентитет и национална стратегија за туризам идентитет, како и споро трансформирање на АППТ во Национална туристичка организација и воведување на ДМО.
Во рамките на сегашната поставеност во трансформирањето на АППТ во Национална туристичка организација и воведување на ДМО и туристичка инспекција и туристичка полиција во рамките на АППТ би придонела за подобра контрола во однос на бројот на туристи, рамномерен регионален туристички развој, додека пак соодветен буџет согласно планираното стратешко планирање, зајакнување на човечките ресурси, зајакнување на туристичката понуда и туристичкиот сектор во соработка со странки донатори, едукација на туристичкиот сектор, нови типови на презентации и слично, би овозможиле значителен развој на туризмот во Република Северна Македонија.
Во делот закани, SWOT анализа нотифицира дека политичката, безбедносна и економска криза, континуирано намален буџет, флуктуација на човечки ресурси и неодобрени планови за нови вработувања, немање долгорочен стратешки развој на туризмот можат да доведат до забавена трансформација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и развој и конкурентност на македонскиот туризам.
Согласно Стратешкиот план на Агенцијата за промоција и поддршка на туризам за 2024г, развојот ќе биде насочен, како кон зголемување на бројот на туристи, развој на нови продукти, така и на нови туристички капацитети, но и на зајакната промоција. Ние не можеме да развиваме туристичка дестинација ако немаме одредени вложувања во неа, ние не можеме да вложуваме ако немаме стратегија по која треба да работиме и на каков начин да се движиме. И не само краткорочната, потребата од долгорочната стратегија која треба да ни ги каже правците каде треба да се движиме и што треба да создаваме е повеќе од потребна. Во време на корона кризата сите светски стратегии на одредени дестинации се ревидирани, треба и ние да ја направиме нашата. Што побрзо да ја направиме и таа да биде одобрена од целиот туристички сектор, толку подобро ќе имаме по што да постапуваме во годините што следат.
· Каква е соработката со туристичките фактори во регионов и какви се ефектите.
- Иницијативата на „Отворениот Балкан“ нуди можност за зголемен број на туристи и инвестиции, бидејки веќе немаме 2 милиони домашни туристи туку 12 милиони кои треба да ги мотивираме да не посетат. Факт е дека туризмот не познава територијални граници туку само дестинации, а тие се протегаат до онаму каде што туристите имаат интерес да патуваат и истражуваат. Градејќи ги мостовите со регионот за брзо патување преку “Зелените зони” треба да размислуваме за нови инвестиции, технологии, дигитализација како и промотивни активности на “Отворен Балкан” и намалување на сезоналноста.
· Колку патот до Охрид ги одбива туристите да го посетат овој град и колку гости го посетуваат Скопје?
- Бројките за првите шест месеци се оптимистички и значат враќање и опоравување на туристичката индустрија во земјава. Во периодот јануари – јуни 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 30.1 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2.8 %, а кај странските има зголемување за 46.8 %. Во периодот јануари – јуни 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 18.8 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 1.2 %, а кај странските има зголемување за 32.9 %. Чартери за Охрид од Амстердам, Катовице, Манчестер, Лондон, повеќе пати во неделата надополнети со нови и обновени линии Охрид-Белград, Скопје-Сплит, возможија оваа година сезоната да почне во мај, а клучните патувања ја надополнуваат туристичката магија и шарм во македонските дестинации.
· Зошто несфатливо доцни развојот на зимските туристички центри, веројатно дека соседите се во дебели подготовки за зимската туристичка сезона што е пред нас, а кај нас за тоа веројатно не се зборува?
- Периодов ни покажа дека еко и руралниот туризам се една од основните работи за одржливост на сите туристички дестинации и туристички сектори. Генерално ние можеме да се фалиме со села, но кога говориме дека треба да работиме тоа значи дека треба да овозможиме услови. ИПАРД компонентите се повеќе треба да ги искористиме во нашите рурални средини, токму за развој на туризмот. Се очекува и фокусот е повеќе на младите луѓе коишто и покрај градската гужва ќе одберат да бидат на некои места, надвор од Скопје и други градови и да почнат да работат со туризмот во руралните средини. Тоа што нас ни недостасува се новите практики и некои други елементи и програми за развој на еко и рурален туризам. Нашите дестинации се посетени од туристи кои се на еднодневни екскурзии. Како што може да видите во 2021 и 2022 никогаш немало толку многу гужви на Попова Шапка и НП Маврово, но немаме толкави капацитети каде што може да се сместат тие гости кои можеби сакаат да останат. Треба да се создаде национална стратегија за развој на руралниот и еко туризмот, стратегија со акциони планови што треба да се сработат и еднаш засекогаш да се фокусираме на одредени одржливи форми на туризам, бидејќи тие ќе ги креираат понатаму понудите и атракциите што треба да бидат во следните 5 години, токму во РС Македонија и регионот.
· Читајќи ги вашите заложби за развој на туризмот и тоа што се случува на теренот мислам дека тие две активности не се во корелација, па така острицата на вашата амбиција не се гледа како реална. Каква е релната сила на Агенцијата?
- Стратешкото планирање на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за 2024 година е во корелација со стартешките согледувања на Светската туристичка организација (UNWTO) во поглед на превземање на активности и можностите за развој на туризмот во нашата држава. Затоа во повеќе наврати, а сега потврдено и од Светската туристичка организација-UNWTO нашите чекори во туризмот треба да се насочат кон создавање на дестинациски менаџмет организации- ДМО преку кои ќе се овозможи реалните проблеми да се детектираат и пренесат вистинските потреби. Неопходно е прераснување на АППТ во Национална туристичка организација со посебни ингеренции или Министерство за Туризам низ кои ќе се спроведува ребрендирањето на дестинацијата, отпочнување на национална кампања на youtube и google, патно означување на туристичките атракции, брендирање на граничните премини, Е- Туризам платформата, валоризацијата на дестинацијата низ различни форми на туристичка понуда, нов закон за туристичка дејност, нов систем за субвенционирање насочен кон инвестиции, јакнење на капацитетите и професионализмот на вработените и др. Периодов ни покажа дека еко и руралниот туризам се една од основните работи за одржливост на сите туристички дестинации и туристички сектори.
Една од целите идентификувани во акцискиот план за развој на туризмот за Северна Македонија од страна Светската туристичк аорганизација (UNWTO) е да се развие стратегија за бренд и да се промовира Северна Македонија. Северна Македонија има потенцијал за повеќе видови туризам, но најголем интерес има за културниот, верскиот, активниот и руралниот туризам, преку истражување на можноста за организирање заеднички иницијативи, особено на регионално ниво.
· Дали ако се организира некаква туристичка инспекција, полиција, ќе има успех во работата и сузбивање на сивата економија?
- Вашите констатации во голема мера се точни, но и покрај барањето на виновскикот треба да се запрашаме, што откако ќе го откриеме. Затајување на голем број институции од централната и локалната власт е мојата констатација. Од каде и да почнеме во овој момент со подобрувањата нема да згрешиме бидејки доволно е слушање од секакви изговори трудејки се да не се дадат решенија со кои ќе ја подобриме состојбата. Јас би рекол дека сликата во државата е огледало на сите кои живееме тука, „ Каква држава градиме во таква живееме, оставајќи им ја на следните генерации“. Нема изговор ниту логична причина да не почнеме чекор по чекор со лични, индивидуални примери да влијаеме на околината создавајки позитивен домино ефект во општеството. Процес кој е спор со резултати на долг период, но тоа е единствениот начин да излеземе од моменталната лимбо состојба чекајки некој друг да ни ги реши нашите работи. Не смееме да дозволиме перцепцијата на туристите да биде токму вашето прашање и констатација туку многу повеќе во последната неоткриена дестинација во Европа. Затоа е време да почнеме со градење на туристичкиот сектор во тела кои ќе имаат и поголеми хоризонтални и вертикални ингеренции, создавање на туристичка инспекција и туристичка полиција кои ќе го регулираат секторот интервенирајки интегрирано со другите инспекциски служби во спроведување на законите и казнување на сторителите. Иницијативите кои се дадени до Владата вродуваат со плод и се повеќе патни правци се уредуваат и чистат, но ние не треба да побрзаме за да ги донесеме во предходната состојба. Сепак би предочил на еден од најголемите проблеми во туристичкиот сектор, а тоа е сивата економија која надминува 45% создавајки хипер притисок на легалниот бизнис и обесхрабрувајки ги потенцијалните инвеститори кои се почесто не заобиколуваат. Кога нема да побарате фискална или не биде платена туристичката такса покрај погрешните статистички резултати затајувате данок и ја оштетувате државата а тој процес е секогаш во две насоки.
· Агенцијата организира давање туристички субвенции; колкав е фондот за субвенции, колку се дадени во послениве 5 години, кој може да конкуририа и, според вас, колкав е ефектот од нив, дали располагате со точни податоци?
- Субвенционирањето во туристичката индустрија треба да преставува мерка која на краток рок на неколку години ќе овозможи развој на оваа гранка, додека долготрајноста според мене преставува зависност и фокусирање на туроператорите само на субвенциите. Поради фактот дека моделот на субвенционирање на странските и домашни туроператори со неизменет модел трае повеќе од 12 години сметам дека истиот е застарен и неефикасен и без развојна компонента. Ова беше потврдено со анализата и резулататите од моделот за субвенционирање кои беа преставени пред стопанските комори, туристички асоцијации и Министерството за економија во 2019 година со предлог модел за субвенционирање кој требаше да поттикне поширока расправа и резултира со нов модел. Со новата реалност во туризмот потребен е нов модел на субвенционирање фокусирам на развојна компонента, третирајки ја сезоналноста, типот на категоризираниот објект, аранжманот како и висината на субвенционирање која треба да биде пониска во сезона и повисока надвор од сезона. Ова ќе доведе до реална категоризација на сместувачките објекти како и продолжување на сезоната во туристичките места. Сметам дека во многу брз временски интервал заедно со Министерството за економија и Советот на АППТ ќе отпочнеме со анализи за нов модел на субвенционирање кој нема дополнително да го оптерети буџетот, но ќе создаде зголемен позитивен ефект во македонскиот туристички сектор.
· За Агенцијата: колку вработени има, и дали се вработени соодветно- потребни профили?
- Многу пати свесно тимот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот - АППТ ги надмина своите овластувања и докажа дека може повеќе. Затоа е време за позитивни промени и тоа што требаше да се инплементира во 2013 година веќе е созреано, Националната туристичка организација е практика во други земји и одредени модели на нејзино функционирање треба да овозможат дополнителни елементи како што се “Destination Management Organizations (DMOs)”. Треба да имаме неколку Destination Management Organizations (DMOs), формирање на туристичка инспекција и туристичка полиција која што дополнително ќе го регулира пазарот и се тоа во интерес на туристичкиот сектор и намалување на нелојалната конкуренција. Во текот на годините ние треба да растеме, бидејќи туристичкиот сектор според мене ќе биде еден од алатките за брзо закрепнување на македонската економија. Сепак да не заборавиме на една од работите на која сме давале многупати значење и сме потенцираме, тоа се човечките ресурси коишто секоја година се повеќе ќе треба да се негуваат.
Во фокусот на работењето на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот остануваат принципите кои се засноваат на стручност, професионалност, транспарентност, одржливост и одговорност, но пред се координираност и соработка со други институции и чинители во туристичката индустрија.