„ТЕСЛА“ ќе се шири во Русија? Идејата, дека компанијата „Тесла“ размислува да отвори фабрика во Русија, Илон Маск, ја соопшти на мајскиот форум „Ново знаење“ во Москва.

Маск сака присуство на „Тесла “ во Русија
„Мислам дека сме блиску до воспоставување присуство на „Тесла“ во Русија и мислам тоа дека ќе биде одлично“, изјавил Маск на 21 мај 2021 година, додека учествувал на форумот преку видео-врска.
Овој форум за студенти, спонзориран од Кремљ, обедини еминентни експерти, вклучително и Илон Маск. Директорот на „Тесла“ се согласи да учествува на настанот преку видео-врска, откако доби покана од портпаролот на претседателот, Дмитриј Песков, кој беше домаќин на конференцијата.
Отворањето фабрика на „Тесла“ во Русија би можело да ја направи оваа земја центар на производство за земјите во развој, од каде што компанијата потоа би се ширела на другите пазари на постсоветскиот простор.
„Мислам дека во Русија има многу талент и енергија и дека треба да има повеќе дијалог и комуникација меѓу Русија и САД. Се надевам дека оваа енергија ќе продолжи да тече во иднината. Би сакал да ги охрабрам луѓето да се стремат да ја направат иднината подобра од минатото. Да негуваат оптимизам“, рече Маск.
Управителите на руските области понудиле добри услови
Американскиот претприемач зборувал и за својата визија за „Тесла“ во Русија. Бројни функционери уште тогаш одговориле на неговите понуди нудејќи ѝ на компанијата даночни олеснувања, одлична индустриска база и квалификувана работна сила.
„Московската област е дефинитивно најдобра за фабрика „Тесла“. Најголемиот талент, идеална логистика, тука веќе се наоѓа производство на „Мерцедес“! Ќе најдеме совршено место за вас“, напиша на „Твитер“ гувернаторот на Московската област.
Дури и заменик-градоначалникот на Москва му ветил на Маск дека „ќе му ја даде целата неопходна помош за локализација на производството во Москва“.
Подобни услови понудиле и гувернери од други области. Како гувернаторот на Калушката област, првиот човек на Удмуртија и портпаролот на регионалната влада на Калининградската област. Сите изразиле ентузијазам по повод можноста „Тесла“ да отвори фабрика во Русија и секој од нив ја покани компанијата во својот регион.
Маск, на форумот открил дека Tesla Inc. не е заинтересирана само за рускиот пазар, туку и „пошироко за Казахстан и соседните региони“. Со оглед на тоа што Русија се граничи со многу од нив, отворањето фабрика во оваа земја звучи како логичен избор за компанија што сака да воспостави присуство на постсоветскиот простор.
Електричните автомобили во Русија, слабо се барани
Засега „Тесла“ нема фабрика ниту претставништво во Русија и сите модели на оваа компанија се појавуваат на рускиот пазар благодарение на посреднички компании.
Како сега стојат работите побарувачката за електрични автомобили во Русија и понатаму е слаба. Минатата година биле купени само 700 електрични возила во земјата, според податоците на „Автостат“. Меѓутоа на јавните паркиралишта во Москва постепено почнуваат да се појавуваат станици за полнење на електрични автомобили. А, тоа укажува на интерес на градските власти за иднината на електричните автомобили во градот.
Покрај тоа, градот користи електрични автобуси во јавниот сообраќај од 2018 година. Таканаречените „електробусови“ често може да се видат на улиците на Москва и Санкт Петербург.(Руска реч)