Интернационалниот фестивал „Танц фест 2021“ е во потрага по млади кореографи, чии продукции можат да бидат дел од годинашната програма.

Истата ќе се одржи од 1 до 6 јуни 2021 година на повеќе отворени сцени низ Скопје. Право на учество имаат млади кореографи  (до 35-годишна возраст), а темата и бројот на учесниците се според нивен избор.

Времетраењето на делата не е лимитирано. До колку имаат видео од завршена претстава, што не е постара од 2020 година, треба да испратат линк до „Танц фест“, а ако делото е во процес на создавање, треба да испратат комплетна информација за содржината, бројот на учесниците, времетраењето и техничките потреби за изведба на делото.

 

Пријавите треба да се испратат најдоцна до 27.4.2021, а избраните претстави ќе бидат објавени најдоцна до 11 мај 2021 година.

Целиот повик е поставен на веб-страницата на „Танц фест“.