
Никој не го спомнува стресот на работниците во вие тешки времиња, најтешки од крајот на Втората светска војна досега. Веројатно никој не направил проценка на загубата на продуктивноста поради стресот на работниците од стравот што ги предизикува секојдневно, па и секоја ноќ, прашањата: „дали ќе бидам отпуштен од работа“, „дали ќе ми биде намалена платата“, „дали ќе имам и ќе можам да ги задоволам сите домашни потреби, од прехрана до сите потреби на децата (училишен прибор, зимски чевли, топли јакни, додатни активности што си ги бараат училишните програми, потоа спортски активности...)“, „сметките“, а на поголеми излети и лукзуси, веќе никој и мисли. Ова прашање и оваа тема се однесува на сите работници во светот чија работна позиција никој не ја гарантира, што значи ни удобниот живот.
Стручњаците тврдат дека не постои различна рекација на стресот во различни делови од светот. Човечкиот мозок и свест реагираат исто кај сите луѓе, затоа што сите се создадени од ист „материјал“, каде и да живеат. Тоа е биолошки програмирана состојба, што значи дека сите ние реагираме на ист начин, без разлика дали причинителот на таа состојба е на работното место или дома. Што значи дека продуктивноста на работата, што не е автоматизирана, зависи од расположението на работникот. Се разбира дека тоа може да се пресмета преку нормата, односно преку количината на произведената стока, но секогаш може подобро, повеќе и поквалитетно ако работната сила е задоволна и задоволена.
Барање излез во тешки економски услови
Во историјата на човештвото и на производството се трагало и се трага по одбранбен механизам од стресот, но освен седативите, кои, пак, ја намалуваат работната способност, стравот не е победен со ниту еден лек, ниту со некаква психолошка терапија.
Работниот стрес рефлектира штетни физички, психички и емоционални последици врз човековото битие, на пример кога барањата на работното место не се совпаѓаат со капацитетот, способностите, ресурсите или потребите на работникот. Ако оваа ситуација потрае подолго: отпуштениот работник, особено од повозрасната категорија, а се уште работоспособен, можеби и во најзрели работни години со искуство и со рутина, ја губи вербата во себе, паѓа во тешка депресија која се пренесува и на нeговото семејство, што значи дека „болеста“ ги зафаќа и другите членови на семејството чија работоспособност исто така се намалува. Депресијата значи губење на самопочитта и самодовербата, мрзливост, огромна истоштеност, цинизам и чувство на неефикасност.
Бидејќи, трудот е пазарна категорија, кој има своја вредност и употребна вредност, паментните држави чија економска политика е поставена на здрави научи и хумани основи, го има ова предвид, па затоа има изградено здрава социјална политика и функционален систем, како пример можеме да ги наведеме, Шведска, Австралија, Канада и др.
Кај нас, токму тие што ветуваат дека кога ќе ја освојат власта ќе навртат мед и млеко по улиците да тече, токму тие ја креираат состојбата на страв и страдања, чистејќи ги работните места во корист на своите кадри или во најдобар случај со деградирање на кадарот што работел во време на претходната постава. Во таков случај, губењето на достоинството е најтешкиот стрес што може човек да го доживее. Во таквата ситуација се прашува и се јаде: „кој бев“, „што бев“, „кај бев“, „а каде сум сега“. Психата го разорува телото, болестите се зголемуваат, зајакнуваат и се шират, болниците се полант, здравствениот систем е ненормално оптоварен, буџетот се повеќе.
Се разбира дека на продуктивноста не влијае само стресот, но овој пат правиме споредба на нешто што никој не го зема превид, туку сите анализи се занимаваат со материјалните причина на продуктивноста.
На пример, анализата на НБРМ покажува дека, наспроти солидната динамика на раст на продуктивноста во 2014 и 2015 година, во 2016 се забележува значајно забавување на растот на продуктивноста на фирмите во рамки на избраниот примерок, а ваков тренд се сретнува и кај агрегатната продуктивност на ниво на цела економија (ова е констатација при намалување на невработеноста, значи зголемување на вработеноста, м.з.)
Според резултатите, постојат три фактори чие влијание е статистички значајно и по проверките за стабилност на резултатите, а тоа се: големината на фирмата, способноста за сервисирање обврски и човечкиот капитал.“ Ете, овој човечки материјал е тој што треба да се негува, зашто без него машината е само куп железо, па колку и да е технолошки напредна.
Освен намалување на продуктивноста, која може статистички да се измери, депресијата носи загуба во креативниот потенцијал во сите сфери од научната, преку економската до културата. Многу здрави домашни умови се имаат откажано од својот умствен и интелектуален придонес на домашен терен, па, или се иселени, или едностано чмаат во некои пајажини под некои црни греди, верувајќи им на тие што велат дека „сега ќе биде“.
Кога човек се наоѓа надвор од системот, кој го исфрла како книжно шамивче за бришење на носот, треба да се најдат сили да се најде сопствениот начин за ослободување од маката, но тоа оди многу тешко и не го може секој. А, можеби и не го може никој, освен тие што се наоѓаат во подобра материјална состојба.
Единствен излез од оваа состојба е што повисока вработеност и награда на вработените, односно добри мерки на социјална заштита на невработените и воопшто на ранливите групи, со укинување на привилегиите на јаловата администрација (јавниот сектор), а во приватниот – мотивација во разни форми: пофалба, награда, паричен стимул, бенефиции од компанијата, службено возило или мобилен телефон. Некои компании као бонуси даваат акции од самата компанија. Компаниите кои се најуспешни на пазарот на трудот се смета дека имаат најзадоволни и најмотивирани работници. Тајната е развиената организациона структура, воспоставување систем на награди, негување на култура на почитување и рамноправност на вработените, владеење на пријатна работна атмосфера. Но, факт е дека вакви компании се многу ретки, односно многу малку компании го практикуваат ваквиот стимул. Обично работникот се третира како добиток, со минимална плата, со скриено неплаќање на придонесите, со изигрување на законот односно на сумата за регрес за годишен одмор и никаква одговорност за тоа. Всушност повеќето приватни фирми го имаат потценето човечкиот капитал, па домашниот есап не им излага на пазарот. А, во практиката се видело дека без задоволен рабоник нема добра работа, а се разбира дека тоа се враќа со зголемана продктивност и поголем профит.