Механизмот за јаглеродно гранично прилагодување (СВАМ), односно механизмот за воведување на јаглероден надоместок за увоз на производи во земји членки на ЕУ, е клучен елемент од пакетот на Зелениот договор на Европската унија.

Конкретно во таа насока, на Зелениот договор и на зелената трансформација, работи цела Европа. Тоа е еден неповратен процес, кој ќе овозможи декарбонизација, односно намалување на ефектите на климатските промени и еден голем дел други придобивки кои произлегуваат од целиот овој процес. Компаниите мора да ги знаат можностите за адаптација и имплементација на зелена транзиција, за да бидат во чекор со потребите и да станат поконкурентни и одржливи.

„Обврска на македонските компании, до 2026 година, согласно направени пресметки на јаглеродни емисии, ќе биде да пополнуваат квартални СВАМ извештаи, поврзани со процесот на производство на производите извезени во ЕУ, а од 1 јануари 2026 година ќе се плаќа и соодветен јаглероден надоместок“, објаснува Антонио Николоски –СВАМ експерт од компанијата „G-CONSULT LTD“.

Тој подетално не запознава со CBAM – односно што е она што и следи на државата и на фирмите и кои се оние дополнителни трошоци кои самата ЕУ ги воведува во делот на јаглероден моноксид, јаглероден диоксид итн. Во заднината на овој механизам за јаглеродно гранично прилагодување е регулативата на ЕУ од 2023 година. Таа предвидува за сите производи кои се дел од шесте индустрии: железо и челик; алуминиум; цемент; вештачки ѓубрива; електрична енергија и водород кои се пласираат во рамки на ЕУ, а се произведени во земја која не е членка на ЕУ, компаниите кои извезуваат да подготват соодветни извештаи со пресметан јаглероден отпечаток за којшто треба да платат јаглеродна такса.

СИБА е реалност

Она што е битно за нас како држава и како компании е дека производите од  овие шест индустрии (бидејќи до 2030 не се очекува проширување на тој опсег) да ги направи овие чекори и доколку е потребно да плати јаглеродна такса. Дали ќе има проширување и во кои делови ќе биде тоа зависи од многу фактори, вклучувајќи ги и политичките на европска сцена. СИБА е извесен, реалност.

Временската рамка која е освоена почнува од 1.октомври 2023. Што значи дека одредени македонски компании во јануари  2024 (значи на почетокот на оваа година, како и заклучно со јуни) веќе ја имаа обврската да испорачаат извештај за последниот квартал од 2023, како и два квартални извештаи за првите шест месеци од годинава, во кои ги презентираа бројките од пресметаниот  јаглероден отпечаток по производ, што го испорачуваат во ЕУ. Практично со испраќањето на овие извештаи до своите партнери во ЕУ, како сега стојат работите на македонските компании извознички од именуваните индустрии им завршува обврската. Меѓутоа, иако засега нема казни, јаглеродната такса е обврска за континуитет на добрата соработка со европските клиенти.

Оваа приказна за испраќање квартални извештаи ќе трае до 1. јануари 2026 година, вели Николоски, и додава дека за разлика од кварталните извештаи до она што ќе се случува на 1. јануари 2026 година има две разлики:

-Првата е дека од тој датум ќе се испраќа годишен извештај за јаглеродниот отпечаток по производ и ќе почне да се наплатува јаглеродната такса. Во моментов на берзата јаглеродната такса изнесува 80 и 90 евра по тон. Дифолт на вредноста за еден тон произведен челик се употребува два тони ЦО2.  Што значи ако ние испраќаме камион со 20 тони челик, имаме 40 тони ЦО2 од што произлегува јаглеродна такса што во моментов би чинела повеќе од 2 000 евра“, вели СВАМ експертот.

Секако, како што вели овој млад експерт, тоа зависи каде се лоцирани клиентите на нашите компании. На пример Швајцарија (иако сите работи ги трансформира транспарентно) сѐ уште не е опфатена со овој закон. За разлика од нашите компании кои имаат клиенти во Италија кои веќе се опфатени со овој закон. Исто така и оние кои имаат некаква полза се веќе опфатени, како на пример Хрватска.  Од  другите земји сѐ уште немаме фит бег, вели нашиот соговорник - што значи дека овој транзициски период не оди со иста динамика во сите земји членки на ЕУ. Но, која и да е динамиката од почетокот на 2026 ќе мора да се применува, бидејќи законот е во сила како законска обврска на сите компании. Значи тразицискиот период завршува со 2026 година.

Николоски  примената на законот ја објаснува и на конкретен пример. -Макстил произведува суров материјал, лим. Преработките на Факом се производ од лим. Каква е калкулацијата овде, односно како се пресметува јаглеродниот отпечаток: тој се пресметува кога ќе се земат референтните вредности за се она што ви е потребно за производство на конкретниот производ. Колку електрична енергија сте потрошиле, кои други функции се спроведени, како пескарње, сечење, колку вар сте употребиле. Тоа  е едниот дел од приказната. Вториот дел е до вашите добавувачи, од кои купувате репроматеријали. И тие ќе треба да ви дадат пресметка колку тие потрошиле за да можете вие таа пресметка да ја вклопите во вашиот производ и да му ја дадете на вашиот клиент. Што значи целокупниот круг на производство на одреден производ ЕУ пробува да го затвори на еден зелен начин. Вие како компанија за да плаќате помала јаглеродна такса, со тек на време треба да барате партнери кои ќе ви понудат материјали со помал јаглероден отпечаток. Во конкретниот случај,  Макстил прави пресметки и му ги дава на Факом, кој потоа ги користи за свои пресметки кои ги дава на своите клиенти во ЕУ.

Бенефитот од Закон за климатска акција

Важен момент за Министерството за животна средина е дека Законот за климатска акција е готов. Тој е битен, бидејќи сите компании на крајот на денот ќе имаат обврска за плаќање на јаглеродна такса, кој за волја на вистината многу тешко може да се сведе на нула (барем првите години компаниите ќе имаат одредена цифра за плаќање на јаглеродна такса).

Што вели ЕУ во нивната директива: Ако одредена членка, земја на ЕУ или надвор од ЕУ има соодветен Закон за климатска акција којшто е усогласен со нашава ЕУ директива тогаш плаќањето на таксата ќе оди во рамки на државата. Значи ако треба да платите 1000 евра по камион, нема да платите на ЕУ туку на државата. Зошто е тоа битно да се направи за македонските компании. Затоа што државата после може да даде некои олеснителни економски мерки кои ќе може да се компензираат со некои други услуги, даноци, царини  итн.  Идејата е парите да останат тука, дома. И на крај можеби ако државата собере пари од сите извозници, може ќе субвенционира одредени индустрии за полесно да транзитираат кон зелена економија, односно кон нула ЦО2.

Меѓутоа, зошто тој закон се спроведува многу споро и не е уште донесен има две причини: првта е непознавање на материјата генерално во институциите и втората е  општата состојба во која е државата, објаснува Николоски.

Но од 2026 компаниите мора да прават извештаи и треба да побаруваат СИБА извештаи за јаглеродни емисии кои ќе се плаќаат.

Пресметка на јаглероден отпечаток 

Пресметката на јаглероден отпечаток, според колегата на Николоски, Мики Петрески, може да биде на ниво на организација, но во тој случај е потребен само јаглероден отпечаток на производ. A тоа значи: сите емисии од транспорт, дистрибуција од останати материјали не се вклучени, туку се вклучени само производните процеси-топење, сечење, итн. Тука се вклучени и емисиите на електрична енергија кои се јавуваат како индиректни во самото производство на струјата.

Тој објаснува дека во ваквите случаи намалувањето на јаглеродни емисии се должи на тоа што се земаат предвид само директните емисии од процесите на производство, индиректните од струја и вградливи емисии кои всушност доаѓаат од суровините кои се употребуваат.

Изработка на финалниот СИБА извештај опфаќа пет чекори, велат СВАМ експертите од компанијата „G-CONSULT LTD“.:

Првиот е собирање на податоци. Вториот е технолошки опис на производниот процес, па пресметка на јаглеродни емисии, пресметка на цена на јаглеродниот надоместок и пополнување на СИБА извештајот.

Иако вака сумирано во пет точки изгледа едноставно, сепак извештајот како што објаснуваат овие експерти, е комплициран. Методологијата за пресметка на јаглеродниот отпечаток е опишана во ИСО стандард 14067, каде стандардот е направен намерно за оваа методологија. Меѓутоа и ЕУ најде начин тоа да го стави во анекси на директивата, и тие анекси се многу големи документи кои треба секоја компанија да ги разработи како и да користи покомплицирани пресметки и мониторинг на самите процеси.

Експертите велат дека ова ги опфаќа сите компании кои имаат извоз во ЕУ во една од шесте индустрии. И потенцираат: „Важно е да се знае дека доколку не го донесеме Законот за климатска акција, парите од јаглеродна такса ќе одат во ЕУ, а ако го донесеме ќе се плаќаат во државата.“

 Кои се последиците од СИБА на терен

Доколку компанија од нашава земја која соработува со компании од земји на ЕУ, а нема пресметано јаглеродни емисии и не го пополниле кварталниот СИБА извештај нема да може да продолжи со извоз за своите клиенти или партнери во ЕУ.

-Како можеме да ви помогнеме. За да им го олесниме процесот на подготовка на извештаите за јаглероден отпечаток на компаниите, Николоски вели дека тие во нивната компанија креирале сопствена методологија која е комбинација од ИСО стандардите и ЕУ директивата. Да се пресмета колку една компанија треба да плаќа на годишно ниво и втората фаза е да видиме и да ги опсервираме тие емисии за да се намали сумата за плаќање.‘