Успешни жени кои работат во сферата на ИТ индустријата ги споделуваат искуствата поврзани со мотивацијата и предизвиците со кои се соочуваат на секојдневно ниво.
Теодора Филовска - сопственик на Институтот за дигитален маркетинг „Галексија“.

„За мене инспирацијата е сила која не’ мотивира да ги надминеме пречкитее на патот. Мора да постои внатрешна сила или двигател да ги надминеме пречките и да стигнеме до целта која сакаме да ја оствариме. На професионално ниво ми дава крајната цел кога ќе си направам визуелизација колку нештото може да биде добро и успешно. Сакам се да направам наеднаш, но сфаќам дека не може, бидејќи не зависи се’ од мене. Имав период кога ја започнав маркетинг агенцијата пред 8 години, тоа што ми помогна тогаш е да се приклучам на настани, јас сум екстроверт и се полнам со енергија од други луѓе. Отидов во група на луѓе што не ги знаев и работевме на два проекти целосно волонтерски. По пат сретнав луѓе кои ме инспирираа со нивните успеси. На сите што бараат инспирација, мој совет е да се вклучат во стартап заедница, клуб на читатели, кога разговарате со луѓе ви доаѓаат идеи и инспирацијата се разгорува“.
Елена Иванова - директор на Фондацијата „Импакт“. Компанијата делува во полето на развој на мали и средни бизниси односно пазарни системи.

„Постои разликата меѓу мотивација и инспирација. Мотивацијата е внатрешен глас за мојата подалечна визија. За инспирацијата, тоа е поширока визија што ме води како нештото да биде подобро со мене во неа. Многу често доаѓа од надвор. На прашањето кој ме инспирира, тоа се родителите, професорите, на работа првите лидери, поп ѕвезди од тинејџерството. Сликата драстично се менува кога лично ќе ги запознаете луѓето. Во еден период од животот на крајот на 20-тите на професионален план, во принцип, жените ги снемува 40-тите од бизнисот, од сцена, уметничките. Ликовите на кои им се восхитуваме се тука до нас, инспирацијата ќе ни остане подолга и жива. Кога сум самоуверена, имам моќ да ги инспирирам и другите. Тие ми се најголемите бенефити во работата. Да им ја покажам светлата страна на партнерите и создавам поголема доверба“.
Мартина Наумовска е партнер во компанијата „Дата мастерс“. Целта на компанијата е да изработува решенија поврзани со вештачка интелигенција и бизнис интелигенција во компании од различни сектори.

„Инспирацијата е целиот двигател во мојот живот и она кое не секогаш ме тера да станам од кревет и да направам нешто што не ми е во комфорната зона. Инспирацијата во тешките денови сум ја наоѓала во неекстровертни работи. Во принцип, доаѓам во муабет сама со себе дека секој проблем има решение. Секогаш кога ќе немам доволно инспирација, секогаш се навраќам на туѓи приказни запишани некаде. Од таму добивам инспирација. Екстровертите како мене може да не’ мотивираат и другите приказни. Во овој свет на дигитализација има приказни до кои секој може да стигне и да се инспирира. На луѓето не им треба многу за да бидат среќни. Тоа ми го покажа едно 4 неделно патување. малку треба за да знаеш дека правиш нешто во едно општество. Го менуваат погледот кон животот. Освен животните инспирации, техничките луѓе треба да имаме и технички инспирации. Секогаш сум проблемите сум ги решавала со луѓето што немаат врска со мојата работа и наоѓајќи инспирација во оние чиј домен на работа е комплетно различен од тоа што го работам. Нивната перспектива на одреден проблем ми отворала врата и визија на инспирација како еден проблем можам да го решам. Сум станувала и наутро за да решам одреден проблем. Инспирација на работно место ми се инспирација сите со кои работам. Статистички 70 насто на луѓето во компанијата им е прво работно место. На дел од нив сум им ментор, мене ме инспирира на дневно ниво. Од нив доаѓаат најдобрите и најкреативните решенија на проблемите“.