Оценката за тоа што е ликсуз зависи од перспективата на гледање. Се разбира дека за тие што гледаат од жабја перспектива луксуз е да имаш точак, а за кола и да не правиме муабет. Од таа жабја перспектива гледавме во годините по крајот на Втората светска војна, кога економијата имаше високи показатели за раст, карактеристични за неразвиените земји, но чувстото беше дека - напредуваме. Персепктивата на гледање се подиспегла во годиние кога БДП-по глава на жител достигна  ралативна еднаковст, значи помали социјални разлики и непобитниот факт дека тогаш се јадеше подобро (Балашевиќ: „Ал се некад добро јело!“), храната беше евтина, скапа беше облеката. Во текот на последниве 33  години таа персектива на гледање драстично се подели на два дела, повеќето жители се вратија во жабјата позиција, а некои се вивнаа и животот во Македониј го гледаат, не од птичја, туку од орловска перспектива. За првите се’ е лукзуз, за вториве, Америка е ситница. Вториве изгледа немаат поим што се случува „долу“, до нив не допираат статистичките податоци и коефициенти што се однесуваат на сиромаштијата.

За просечна Европа, пак, се што е за македонските граѓани луксуз, таму е редовна и секојденвна работа, потреба или навика.

А порано, во споредба со тогашниот европски Исток беше обратно. Кон крајот на седумдесетите, со еден колега, во еден град во Полска, баравме нешто да каснеме, немаше ниеден ресторан, ниту киоск за брза храна. Наидовме на една мала продавница пред која се чекаше огромен ред. Видовме дека луѓето чекаат да купат домати. Купуваа по еден до два домата. Кога дојдовме на ред, побаравме од продавачот еден килогарм. Од луѓето зад нас привин се слушна џагор на чудење, а потоа и реакции со негодување, од кој можевме да сфатиме дека сме арогантни или дека тоа е големо количество, со неизвестонст - дали ќе остане за нив. Тогаш доматот за тамошните граѓани беше луксуз.

Најновите апокалиптични бранови и ветрови што дуваат последниве 4-5 годни донесоа навистина и објективни тешкотии да се раководи со економијата. Сепак, цените во светот во просек се намалија и ифлацијата се стабилизира. Кај нас се преземаат некакви мерки што не покажуваат резултати и грѓаните во сите анкети се жалат дека не можат да го дотуркаат месецот до крај.

Трошоците на животот во март 2025 година, во споредба со ланскиот март, бележат зголемување од 2.7%, а цените на мало раст од 2.2 %.

Инфлацијата, пак, мерена преку индексот на трошоците на животот во март 2025 година, во однос на февруари 2025 година, е помала за 1.3 % (ДЗС).  

За да се прикаже дека на граѓаните им се доволни тие средства со кои располагаат, значи да се демантираат граѓаните дека лошо живеат, владата се впушта во пресметка на потрошувачката кошничка, но не за четиричлено туку за тричлено семејство. Со тоа власта воведуваа своја „методологија“ на пресметување, така како што и одговара.

Од пред 4-5 години „Државниот завод за статистика“ не ја  прави пресметката за цената на потрошувачката кошничка и за нејзинта содржина, туку тоа премина во рацете на синдикатите. Според таа компетенција, неодамна синдикатот објави дека цената на потрошувачката кошничка за четиричлено семејство за февруари чинела 63.773 денари. Така е и во Европа: „синидкалната кошничка“, што ја применуваат најголем дел од земјите, треба да покаже што му е потребно на едно четиричелно семејство за норамлен живот и цената на продуктитие што влегуваат во неа (најпростата дефиниција за норамален живот: „не значи луксуз, но не значи и преживување!“)

Вистина е дека последниот попис покажува дека кај нас просечното домаќинство е сведено на тричлено. Просекот е намален поради неверојатното иселување во странство. Тоа значи дека во најголем број од семејствата се има иселено барем по еден млад член.

Наместо да ја наведмене главата поради овој податок и да се засрамиме, ние измислуваме нови методи за да докажеме дека народот е сит, а се’ друго, освен сувата корка леб, е луксуз. Освен тоа, власта од нормална употреба го исфрли овошјето што не е сезонско, демек сезонското овошје не е луксуз, а заборава дека за македонските граѓани и лубеницата стана луксуз, па и доматите и краставиците и се друго!

Владата во својата мудра домаќинска политика во графата „луксуз“ го стави и летувањето во странство. Ако за граѓаните на Европа, крстарењето по светот се подразбира како неопходна активност за полнење на батериите, кај нас човек треба да се чувстува непријатно ако ја премине државната граница, тој е веќе означен како човек што се луксузира.

Така, една по една потреба, во иднина, ако вака продолжат да се развиваат работите, нашите власти ќе ја намалуваат во списокот на потреби, па на крај, за луксуз ќе почнат да се сметаат и најосновнтие потреби, на приемр, да се има пристојно WC дома (и така само 18 проценти од територијата на Македонија е покриена со канализација),  да се употребува тоалет-хартија, па потоа да се мијат забите ит.

Наместо да ги преземе сите мерки за да го подигне животниот стандард на граѓаните, власта демагошки, наводно методолошки, сака да не убеди во сопствениот  неуспех во водењето на економската политика, продолжувајќи го во недоглед чекањето дека еден ден ќе ни се врати гордоста, чиј финансиски еквивалент се месечните пирмања.

Ако не, жабјата перспектива останува ракурс на гледање за најголемиот број граѓани на земјава.