
На Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа највисокиот авторитет на извршната власт рече дека „Европа е нашиот единствен пат и дека нашата татковина нема друга иднина и шанса за успех освен интеграцијата во Европската Унија“.
Тое е чиста вистина и голема мисла што одмана ја почитуваат нашите граѓани, уште од вемето на барокниот ситл во нашиот живот, па поитаа барокот да го видат одблиску, непосредно и да се уверат - дали тамошниот прилега на овдешниот. Така, во последниве 20 години просечно, годишно, по околу 10.000 граѓани се иселуваат „правец Европа“ и во други земји. Во последниве 20 години 200 до 300 илјади македонски граѓани се иселиле во Европа.
Ете, тоа е народ што го почитува зборот и желбата на своите водачи кои се’ прават на домашен терен за да ги усреќат своите граѓани со тоа што ќе ги натераат да се иселат во странство, во земјите кои се зад нас според нашите квази економски параметри, а јавно морализираат дека младите својата иднина и кариера треба да ја градат во својата земја и да не бараат лекарска бесплатна помош во неа, која одамна не е бесплатна и е ужасна во јавниот сектор, а прескапа во приватниот. Навистина е зачудувачки - како е можно, земја, во која антиката е поприсутна од антифашистичките паметници, да се напушти, да се напуштат тие длабоки идентитески корења, само заради тоа што во странство поубаво се живеело. Да се напушти таков либерален раритет во кој ужасно се ценат вредностите и се негираат или лустрираат имињата на хероите или уметниците? Г(а)лупости!
Странските аналитичари и теоретичари на економијата се сомневаат во своте докторски тези и во исправноста на своите тероеми, гледајќи ги процесите што се случуваат во земјава и се прашуваат: како е можно во толку напредна економија, реформска, во која владее правото и правдата, мерит системот, редот во урбанизмот и чистата недопрена природа, земја без корупција, без протекција, без наместени тендери, да има толку неблагодарници кои во орди го напштаат овој рај во кој владее принциопот на обележување на предавниците со „данга“ што ќе ја носат и нивните поколенија за да не можат да најдат работа ниту во државниот ниту во приватниот сектор, затоа што и тој е под контрола. За казна ќе им ги оданочиме и парите што ги заработиле таму, иако претходно сме им кажале дека тие пари не подлежат на оданочување, или се веќе оданочени од државата во која се заработени.
Навистина не траба да се напушта земја која прашува за цената на невините животи што и’ изгореа во еден безбедносен примитивизам, јавашлул, неодоговорност и без грижа на совеста.
Контроверзите се толку големи што се апсурдни и неверојатно неразбирливи за целиот свет. Од една страна да се тврди дека бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – март 2026 година во однос на периодот јануари – март 2025 се намалил за 3,3 проценти, а во март 2026 во однос на март 2025 година за 2,8 отсто, а според еден градоначалнички потпросечен интелект во 2025 година биле отворени нови 15.000 работни места?! Па, тој дури вели дека речиси нема невработеност, односно дека таа изнесува околу 5% од работоспособното население, што значи дека Германија има поголема невработеност. Дали е можно?
Ова е навистина играње мајтап со здравиот разум. Медиумите се толку авторитетни, што пасивноста кон информацијата, пласирана особено преку екранот, не дозволува формирање критична мисла и однoс кон реалноста. Така се владее, со секојдневни прес конференции на кои се траскаат контроверзите. Затоа и повикот - младите да се вратат во земјава се протолкува како искерна желба тие да се вратат таму од кај што избегале. На прашањето – „каде и зошто да се вратиме?“, никој не знае да даде вистински одговор и вистинка причина. Се вергла една неподнослива демагогија без граници, заглупувачка тавтологија: „Нашата татковина нема друга иднина и шанса за успех освен интеграцијата во Европската Унија“,- интеграција од која се бега со разни застрашувачки изговори, кои всушност се толку бенигни и банални, во споредба со европската крилатицата. „Јунајт, јунајт Јуроп“.
Резултатот е спротивен на изговорот, со оглед на обезлучувањето на идентитетот со масовното земање пасоши токму од тој од кого се плашиме и кому со тоа му признаваме дека имаме корени во далечното заедничко минато, за кое никој од нашите баби и дедовци ни’ нема кажано!
Сега е многу доцна за клечење пред дијаспората, требаше да се моли одамна, ако бевме чесни во финансиите, бистри во идеите, сигурни во целта што ја поставивме, сигурни на својата територија, а не поделена според етнички интересовни зони, па во воздухот лебди дилемата - чија е оваа земја? Сите тргаат на своја страна со големи изгледи да ја растргнат пред над неа да се отвори европскот безбедносен чадор.
Па сега, на иселениците останува добро да рамислат дали да се вратат или не. Но, едно е сигурно, таму кај што е удобно човек се навикнува за 24 часа. Дома е таму кај што се живее добро, другото е носталгија. Ретко кој ја има заменето комоцијата со носталгијата. „Топлата када има уништено повеќе револуционери отколку контрареволуцијата“.