
Наједноставната, класична и точна дефиниција за состојбата „стагфлација“ е: рецесија (пад на производството), висока инфлација и висока невработеност, значи една контоверзност во економските законитости. Слободно можеме да речеме дека, колку и опозицијата да се пенави, инфлацијата е увезена и увезената инфлација што ја носи нафтата во земја која зависи од берзанските цени на дериватите се нарекува „нафтафлација“. Ние, малку карикатурално, можеме да речеме дека на „теренот“, се појави и „струјофлација“ и „гасфлација“. Во нашиот случај инфлацијата е предизвикана од надворешни фактори и влијанија, а не од домашната економска експанзија и зголемениот обем на парична маса. Последните предвидувања се дека цената на дизелот ќе се искачи на 150 ден за литар (2,5 евра).
Дека е тоа така укажуваат податоците кои се немилосрдни. Затворени се гоелм број фирми, што значи без работа се останати голем број работници.
Во првата половина од 2022 година се затворени вкупно 4.874 фирми.
За годинава, Светска Банка очекува инфлацијата во земјава да достигне 12,1 насто, во наредната 6,1 насто, а во 2024 година да се спушти на три проценти, што е многу оптимистички, просто звучи неверојатно, со оглед на тоа што никој досега со сугурност не кажал како може се реши светската енергетска криза, иако има очигледни активности.
Во извештајот пишува дека додека војната во Украина и енергетската криза ги замаглуваат изгледите за раст, инфлацијата се движи кон највисоко ниво на сите времиња, несразмерно намалувајќи ги реалните приходи на сиромашните.
Со ограничен фискален простор, зголемен јавен долг и зголемени трошоци на финансирање, се соочува и македонската економија. Тоа значи намален прилив во државниот годишен буџет - тешко задоволување на потребите на корисниците на тој буџет – зголемување на сиромаштијата.
Владините антикризни мерки се позитивни, но нема да влијаат многу на скротувањето на инфлацијата, во оваа ситуација. Зачудува фактот што многумина буџетот го гледаат како неисцрпен бунар и само бараат од „државата“, со тоа внесувајќи магла во очите на јавноста без да објснат дека, во оваа смисла, „државата“ е буџетот, а потоа го критикуваат надворешното задолжување. Не зборуваме за евентуални злоупотреби на беџетски средсвта или малверзации во јавните набавки. За тоа нека се погрижат соодветните органи.
Актуелнава ситуација можеме слободно да ја наречеме воена состојба, иако таа не се води на наш терен. Но, кога пазарот е толку пореметен на сите светски тезги, тогаш не можеме да зборуваме за било какви реформи што се карактеристични за мирновременски услови. Се разбира дека нив не треба да ги заборавиме, но не можеме да зборуваме за некакви очекувања за згоелнемена продуктивност, ако статискитакта кажува дека имаме толку и толку затворени фирми.
НБРМ дава јасно до знаење дека е фокусирана на оддржување на среднорочната ценовна стабилност, што во овој случја е единствено логично, иако ни последното зголемување на основната каматна стапка на 3% не донесе видливо смирување на инфлацијата. Пари немаше и нема!
Што се однесува до регионот, економистите предвидуваат забрзување на инфлацијата во сите земји во регионот, која во просек достигна 13,5%, како и притисоците од енергетскиот шок врз девизните пазари што резултира со потреба од затегнување на монетарните политика.
Ова особено доаѓа до израз во услови кога ФЕД и ЕЦБ, кои во значајна мера ги дефинираат глобалните финансиски пазари, веќе неколку пати ги зголемија каматните стапки, а ФЕД веќе и ја намалува ликвидноста од пазарите.
Сите стручњаци и лаици во едно се согласни, тоа е дека треба да се оддржи цврстиот курс на денарот, во спротивно ќе биде крајно лошо за живеачката. НБРМ убедува дека има сили и резеви да го брани денарот.
За мекедонската сиромашна држава и за нејзиниот сиромашен народ, единствена утеха е тоа што кризата го зафати целиот свет, без оглед на способноста или неспособноста на нејзините влади.
Но, по оваа катострофа, која и да е македонска власт ќе мора да го понесе императивот за долгоорчниот брз развој со годишен раст на БДП од најмалку 7 насто. Па сега, повелете на избори, вонредни или редовни!