Скриената инфлација е именувана со ново, тоа е „шрикнфлација“. Многумина од потрошувачите можеби не знаат ни што е „скриена инфалција“, а се чудат кога ќе откријат дека купиле производи со помала грамажа во пакувањето и со повисока цена од порано. Но, за тоа потрошувачите не се виновни, тие купуваат производи по навика, работи што ги купуваат можеби цел живот, па затоа и не забележуваат дека одеднаш тежината на производите станува се помала, а цената се повисока. 

Светската економска ситуација наметна секакви рестрикции, сите земји преземаат мерки за ублажување на екстерните шокови што ги донесе во последниве години првин пандемијата, потоа руската агресија врз Украина, па отежнувањето на сообраќајниот промет во околината на Блискиот Исток и најново – царинските мерки што ги воведе и ги воведува американскиот претседател Трамп, нарушувајќи ги со тоа воспоставнеите трговски и финансиски релации со останатиот дел од светот.  

Темата за цените на секојдневните потреби никогаш не била поприсутна во последнава деценија. Граѓаните не само што се погодени од инфлацијата, туку се и уплашени од развојот на таа нагорна линија која никако да тргне надолу, цените постојано одат нагоре. Се преземаат мерки на ограничување на маржите, се субвенционираат некои дејности и производители, но кризата е толку голема, што ниедна мерка досега не се покажа како ефикасна, не само кај нас, туку и во светот, се разбира дека во развиенитео свет ударите се амортизираат могу повеќе според капацитетот на тие економии, но и поради малиот процен на корупција.

Производителите, пак, се тресат од тие мерки и се постојано во мисла како ќе се одразат тие мерки на нивната работа.

Затоа се обидуваат да се снајадат на секаков начин, па измислуваат разни трикови, бранејќи ги сопствените интереси, несакајќи да го намалат нивото на својот деловен успех. Еден од триковите со кои се служат веќе подолго време е намалувањето на пакувањето на производите и зголемувањето на нивната цена.

Збор со кој економистите ја именуваат оваа скриена инфалција е „шринкфлација”. Купувачите, особено европските, постојано, преку медиумите, се советуваат да обрнат внимание на ваквите појави и да ги казнуваат со некупување. 

Неодамна  организацијата за заштита на потрошувачите  „Фудвоч” во своето истражување и анкета сериозно ја искритикува ова нетранспарентна појава на намалувањето на масата на производите. Алпската чоколада „милка”, во ова истраживање на организацијата за заштита на правата на потрошувачите, ја прогласи за „најдрска рекламна лага” на годината. Како што е наведено во образложението, овој бренд е школски пример за шринкфлација и зато потрошачите и го доделиле ова „признание”.

Значи, „шринкфлацијата“ се однесува и на производите што не поскапуваат по секоја цена, но сепак им се намалува грамажата, а цената останува иста, па на прв поглед граѓаните имаат чувство дека, ете, цените се веќе смирени и дека државните мерки раѓаат плодови.

Дури 34 проценти од испитаните граѓани што ги има анкетирано „Фудвоч” гласале за тоа - на овој производител на чоколада да му се додели негативното „признание“. „Монделез”, како произведувач, цената на овој вид алпска  чоколада, од 1,49, ја зголеми на 1,99 евра, а бргу потоа  тежината на таа чоколада ја намли од 100 на 90 грама. Тоа, според, „Фудвоч”, е поскапување за 48 проценти. Мултинационалната компанија „Монделез”, зголемувањето на цената го образложила со зголемувањето на цената на  какаото на светскиот пазар, како и на другите суровини што влијаат во формирањето на крајната цена на производот.

На предната страна на чоколадата стоји ознаката дека таблата тежи 90 грама, но таа ознака е мала и невоочлива, се жалат потрошувачите.

Оваа организација за заштита на потрошувачите укажува на статистичкете податоци според кои цената на чоколадата во Германија минатата година се зголемила за околу осум проценти, додека „Монделез” ценните на некои свои  чоколади ги има дигнато за 64 насто.

Од нашето домашно купувачко искуство можеме слободно да констатираме дека многу мал дел од македонските потрошувачи обрнуваат внимание на грамажата на пакувањето на производот и се задоволни од тоа што цената не е зголемена подолг времнски период, со што  сепак ја плаќаат цената на своето невнимание и неинформираност. Но, најтешкото прашање што сите си го поставуваме е: „а, што да правиме кога немаме друг избор?“