Сиромаштијата се зголемува. Актуелната епидемија ја продлабочи сиромаштијата. Синдикатот има своја „методологија“ на мерење на сиромаштијата со пресметка на потребните продукти за да се преживее еден емсец.

Сиромаштијата се зголемува

 Вредноста на Синдикалната минимална кошница за февруари  2021 година изнесува 33 702,00денари

Елементи кои ја формираат вредноста  на минималната синдикална кошница

Meсец 2  2021                      учество структура                     %


  1. Исхрана и пијалоци                 14 078,04                            41,77

  2. Домување                                    10 825,88                            32,12

  3. Хигиена                                         2 371,45                               7,04

  4. Превоз                                           2 498,84                                7,41

  5. Облека и обувки                         2 131,37                                 6,32

  6. Култура                                          1 067,86                                3,17

  7. Одржување на здравје               728,43                                 2,16


Вкупно:                                            33 701,87                            100,00

 „Висината на минималната плата ќе се покачи за 1,7 проценти и од април 2021 година ќе изнесува 22,146 денари во бруто износ. Додека 15, 194 денари во нето, информира Министерството за труд и социјална политика.“

Што значи дека дури две просечни плати во едно семјество едвај ќе можат да ги покријат трошоците за живот.

Речиси половина милион граѓани тонат во сиромаштија


Според статистиката, над 450 илјади лица во Македонија живеат во тешки услови. Односно околу 22 отсто од вкупното население. Најпогодени се повеќечлените семејства.

Прогнози на Светска банка


Светска банка во своите предвидувања тврди дека:

„Симулациите предвидуваат стапката на сиромаштија да порасне од околу 17 проценти во 2019 до околу 20-25 проценти во 2021 година. Симулација според која од 55.000 до над 130.000 граѓани на Северна Македонија (во зависност од тоа колку ќе трае кризата) би западнале во сиромаштија“.

Од Западниот Балкан, во најлоша состојба се Македонија и Албанија. Најголемото годишно зголемување на бројот на невработени лани е забележано во Албанија, и тоа за 25 проценти, а во Македонија, за 11 проценти.


Секое трето дете живее во сиромаштија


Во истражувањето, што го спроведе УНИЦЕФ и „Фајнанс Тинк“ околу социјалните и економските ефекти на Ковид-19 врз децата во Македонија, а кое беше објавено во јуни 2020, секое трето дете во Македонија ќе живее во сиромаштија. Додека нови 16 илјади деца ќе паднат под прагот на сиромаштијата, бидејќи нивните родители ги загубиле множностите за приход. Зголемен е и бројот на деца жртви на семејно насилство, што се должи на затворањето на училиштата и полициските часови. А, квалитетот на образованието кое го добиваат преку онлајн учењето не е доволен особено во стручните училишта.