Спортскорекреативниот центар Сарај на западниот крај на Скопје, пред почетокот на нецивилизираниот напад на главниот град од сите страни на Републиква, навистина беше место за вистинска рекреација, познато, почитувано, городст и чест да се отиде и да се спружи чергичето, да се касне нешто скромно, децата да се растрчаат по тревата и навечер да се вратиш некако олеснет и задоволен, полн со надеж дека утре сето ово ќе биде уште подобро и ќе добие некаков посовремен лик, дека ќе се дополни со некакви современи реквизити, ќе се прилагоди во функција на спортот, но нема да се претрупа и да се претвори во кич, како што се претвори центарот на градот.

Обично, масовните посети на Сарај се правеа на 2 Мај, но местото беше и е отвоено за посета секој ден, имаше базен со олимписки димензии со три скокалници, можеби најубав во Скопје, а имаше и хотел на влезот на центарот, на кој имаше рампа и не можеше во него да се влезе со возило или со мотор.

Сарај е едно од најстарите излетнички места во Скопје, со површина од 240.000м². Изграден во 1948 година, кога бил предвиден и со урбанистичкиот план како регион Сарај-Матка исполнет со базени, фудбалски игралишта, трибини и патеки. Според тој план изграден е олимпискиот базен, кој сега е во катастрофална состојба, но се гледа дека се прават некои градежни работи, што влева надеж дека ќе се стави во функција, обновен или сосема нов.

Големото игралиште, стадионот, е неизменет во последниве 60 години, тревата е дива и си расте со благослов на господа, не е култивизирана, ниту е третирана со некакви современи машини, па играњето фудвал е од селски тип, што значи топката може да отскокне, да ве удри по нос и да ви потече крв.

Но, сепак Сарај и ден-денес си ја врши својата основна  функција. Го посетуваат голем број граѓани, особено од околните населби, а доаѓаат излетници и од другите делови на градот, затоа што излетничките места во Скопје се намалија, се урбанизираа, се испустија, а бројот на жителите секојдневно се зголемува.

И покрај тоа, голем дел од граѓани не го почитуваат тоа што им го пружа Сарај. Тие што го оддржуваат, не реагираат на зголемената фреквенција на мотори врз зелените површини, меѓу седнатите граѓани, меѓу децата, дури се има впечаток дека се е пуштено на слободата, но на слободата што ја загрозува слободата на другиот. Во такво излетничко место, брчењето на моторите се чини како многу погласно, нервира и загадува.

Содржините за забава се сведени на застарени модели на рингишпили, па амбиентот е претворен во вашарски, што дава чувсто на заостанатост, на селска забава, изживеана одамна, непривлечна за луѓе со изграден вкус и естетика. 

Но, не можаме секогаш да обвинуваме само една страна! Од „народска“ страна може слободно да се констатира дека  нема култура на почитување на природата, има некој чуден однос кон природата како да сме дошле со намера да ја казниме, а не да и возвратиме за нејзиното топло гостопримство, се однесуваме како душмани, како нешто да ни згрешила, без жал и милост, а всушност им ја одземаме можноста на нашите поколенија убаво да се чувствуааат и да ја уживаат. Значи, се’ ќе направиме на штета на своите деца.   

За овој спортски и рекреативен центар долги години се грижеше претпријатието „Паркови и зеленило“, но со Законот за децентрализација, сопственоста беше пренесена на Градот.

Потерницјалот на Сарај и на целиот потег до Матка е огромен. Гоелмо прашање е зошто не се развива, зошто не се инвестира во нешто што му е можеби, од еколошки аспект, најпотребно на градот, особено на граѓаните од запаниот негов дел кои уште со носталгија се сеќаваат на базенот и на таа можност за квалитетн излет особено на денот на трудот 1-2 Мај.

Имаше некои најави, ова место да се претвори во центар за подговтовка на нашите првокласни репрезентации и на други спортски клубови, во ценатар за помали регионални натпревари, со услови за карантин, но дури сега сфаќаме дека и тоа било дел од некаква предизборна кампања. Така, еден убав дела на Скопје со голем потенцијал, живурка со децении, недефиниран, само малку козметички третиран. А за неподносливата загаденост на реката Треска, без која не може да се замисли Сарај сме зборувале и пак ќе зборуваме, но во некој следен текст.

 ----------

*„сарај“, турцизам – дворец, палата на владетел, целата султанова послуга, стражата, харемот, т.е. царската куќа