-Реки од „плазма“ повторно течат од Пожаревац и до крајот на јуни - почетокот на јули „плазмата“ во сите форми и во сите пакувања ќе биде 100 проценти присутна не само во Србија, туку и во регионот,изјави директорот на Бамби“ Драган Стајковиќ за РТС. Помина речиси една година од пожарот во фабриката „Бамби“, кога изгореа линиите за производство на „плазма“. Во меѓувреме плазмата ја произведуваа во намален обем, што не беше доволно за сите на кои им недостасуваше.
Сега, како што пренесува екипата на РТС од новиот објект на фабриката „Бамби“, сите производствени линии се реновирани и „плазмата“ конечно се произведува со полн капацитет.
Реки од „плазма“ почнаа да течат од Пожаревац
„Повторно, реки од „плазма“течат од Пожаревац, повторно се чувствува мирисот на „плазма“. Навистина сме бескрајно среќни поради ова. Стоката веќе почна да се движи кон пазарот уште во изминатиот месец, но во текот на јуни одиме со полн капацитет. Очекувам до крајот на јуни - почетокот на јули, „плазмата“ во сите форми, во сите пакувања да биде 100 процентно присутна во Србија, а со тоа и во регионот“, вели Стајковиќ.
Според него, ова е првата фаза што е изградена по 10 месеци од избувнувањето на пожарот. Во оваа прва фаза се инсталирани двете најголеми и технолошки најсовремени линии во Европа, долги повеќе од 400 метри.
„Капацитетот ќе биде доволен за да се задоволи дел од побарувачката од пред пожарот. Се движиме напред, преминуваме во втората фаза од фабриката. Ќе се гради уште една фабрика, која се очекува да биде завршена до крајот на следната година. Тоа ќе биде фабрика што ќе биде технолошко чудо, визуелно чудо и концептуално чудо во секој можен поглед, така што следната година тоа ќе биде гордост на „Бамби“, и на Пожаревац, и на Србија, и на сите нас“, смета директорот на „Бамби“.
До почетокот на јули, побарувачката за „плазма“ треба да биде задоволена
На прашањето колку се променил пазарот додека „плазма“ не постоела, Стајковиќ вели дека очекувале многу повеќе да се промени, но не се променило многу од две причини: прво, „плазма“ докажа колку е силен бренд. Еден од најсилните брендови и во земјата и во регионот, а од друга страна, потрошувачите покажаа неверојатна љубов, трпение и лојалност кон овој бренд.

„Не ни беше тешко да создадеме, морам да кажам, веројатно една од најмудрите стратегии во криза, каде што главните постулати беа транспарентност и солидарност. И така стигнавме до денес и ни се чини дека сè ќе биде како што треба да биде во иднина“, нагласи директорот.
Директорот нагласува дека во изминатиов период имало плати и бонуси и сè за работниците, исто како што било пред пожарот.
На двете најголеми и технолошки најсовремени линии во Европа, долги повеќе од 400 метри, или на двете реки од „плазма“, како што популарно ги нарекуваат во фабриката, дневно се произведуваат 90 тони „плазма“. Количество кое наскоро треба да ја задоволи побарувачката од овој познат бренд во целиот регион