
Продукцијата This and That Productions деновиве го лансираше првиот трејлер за долгоочекуваниот филм базиран врз делата на српскиот писател Бора Станковиќ - „Нечиста крв – Гревот на предците“. Според виденото, со право се нетрпение се очекува ова исклучително дело.
Филмот во режија на Милутин Петровиќ својата кино премиера ќе ја има оваа година, на 26-ти август.

Ова е приказна за врањанскиот трговец Хаџи Трифун (кој во филмот брилјантно го одигра актерот Драган Бјелогрлиќ), кој се обидува да го зачува мирот со турските власти, но и да го задржи својот углед и влијание во Врање, важен турски град во близина на границата со ослободена Србија.

Додека Трифун ги подготвува своите двајца синови да го наследат како водач меѓу српскиот народ, не само моќните турски бегови, туку и неговото семејство му прават проблеми. Трифун носи тешки одлуки што подоцна ќе влијаат на неговите потомци, хероите од романот „Нечиста крв“...
Освен Бјелогрлиќ, во останатите улоги се: Анѓела Јовановиќ, Катарина Радивојевиќ, Феѓа Штукан, Нела Михаиловиќ, Дејан Буќин...

Во креативниот дел на екипата, освен режисерот Петровиќ се и сценаристот Војислав Нановиќ, како и авторот на анаптираното сценарио Милена Марковиќ.
За прекрасната фотографија беше задолжен Ерол Зубчевиќ, а оригиналната музика ја компонираше Александар Ранѓеловиќ.
Продукција: This and That Productions
[embed]https://www.youtube.com/watch?app=desktop&v=-iFqVz-zhC0&feature=youtu.be&fbclid=IwAR3w72SMxVh7isnVa4EHxQmrP1o0lO6eWby4hku1vcYZRM5MFb2MqkFdj04[/embed]