Првата лебдечка соларна електрана во Албанија започнува со производство. Statkraft, најголемиот европски генератор на обновлива енергија, во соработка со норвешкиот добавувач Ocean Sun, ги започнаа комерцијалните операции со овој проект во Албанија. Оваа првата единица на лебдечки соларен проект во Албанија, дополнително ќе придонесе за зголемување на обновливите извори на енергија во земјата.

Проектот е поставен во акумулацијата Бања во Албанија, каде „Статкрафт“ управува со својата хидроелектрана Бања од 72 мегавати. По успешното завршување на првата пловечка соларна единица и мрежно поврзување, централата сега произведува обновлива енергија и вбризгува енергија во албанската национална електрична мрежа.

Првата лебдечка соларна електрана во Албанија започнува со производство

Крактеристики на лебдечката електрана


Лебдечката соларна енергија вклучува инсталирање на соларни панели на пловечки структури на водно тело, како што се езеро, леден залив, фјорд или океан, или на хидроцентрала. Секоја единица се состои од лебдечки прстен и тенка мембрана. Во комбинација со подводно ладење на панелите, токму оваа мембрана и големата површина го прават овој концепт единствен.

Технологијата е развиена од Ocean Sun. Мембраната иако е дебела само неколку милиметри, таа лесно може да ја издржи тежината на соларните панели и персоналот што извршува задачи за инсталација или одржување.

Првата единица, која се состои од 1.536 соларни панели, има инсталиран капацитет од 0,5 MWp и покрива скоро 4.000 квадратни метри. Покрај тоа, на земјата се поставени 160 идентични плочи за да се спореди и документира ефектот на ладење на лебдечките плочи.

Втората фаза од проектот се очекува да продолжи во текот на втората половина на 2021 година. Се планира да се инсталираат дополнителни три лебдечки единици, со комбиниран дополнителен капацитет од 1,5 MWp.

За изградба на лебдечката фотонапонска централа, албанската државна компанија за електрична енергија доби заем од 9,1 милиони евра од Европската банка за обнова и развој.

Пилот проект на лебдечка електрана - награден во Швајцарија


Франција првата соларна лебдечка електрана O'MEGA1 во Piolenc, во регионот на Provence-Alpes-Côte d'Azur, ја пушти во употреба во март 2019 година. Таа се состои од 47.000 соларни панели поставени на површината на езерото со кои со електрична енергија напојува околу 5 000 домаќинства.

Соларната централа на компанијата „Романде Енерџи“ е добитник на престижната награда  во Швајцарија „Watt d'Or“ како најдобра иновација во областа на обновливи извори на енергија за 2020 година.

Наградата им беше доделена за пловната соларна централа, сместена на езерото Лак де Тулс во Вале, Швајцарија, на завидни 1.810 метри надморска височина. Ова езеро,  високо на швајцарските Алпи веќе служи за потребите на хидроцентралата.

Пилот проектот произведува околу 800 MWh електрична енергија годишно, што е доволно за напојување на 225 локални домаќинства“. Соларната централа е изградена на 36 лебдечки пловни објекти и зафаќа површина од 2.240 квадратни метри.

Лебдечките електрени се тренд во повеќе европски земји, но најголемата се наоѓа во Кина, недалеку од градот, Huajnan, на поранешно рударско подрачје на кое сега лебдат соларни панели.