
Се случи тоа на што предупредивме во текстот објавен на 12ти овој месец (https://antoris.mk/a/v/nedosledna-politika-peletite-poskapuvaat). По веста дека владата, со измена во Законот за ДДВ, подготвува зголемување на даночната стапка за пелетитие од 5% на 18%, продавачите/трговците видоа шанса за покачување на цените на пелетите, па така цената на пелетитие, плус процентот на ДДВ-то ќе ја дигнат цената на ова огревно средство на многу високи ниво. Во текстот од 12ти јули, предвидовме дека вкупната цена ќе достигне до околу 400 денари за вреќа од 15 кг, но во овој текст, со резерва, предвидуваме дека таа со усвојувањето на измените во Заонот за ДДВ и наметнување на неоправданата маржа од страна на трговците, до есен, ќе одстигне и до 500 ден за вреќа.
Уше вчера, ден по објавувањето на веста за намерата на владата, трговците си ги „покажаа роговите“! Едноставно - не продаваа пелети. Се создадоа големи редови на чекање, а одговорот беше – „нема пелети“. Во вакви случаи големите трговци, се здружуваат и прават привремен монопол, суспендирајќи ги законите на пазарната економија, се договараат по телефон да ја запрат продажбата на пелетите (или на која и да е друга стока) и го испитуваат амбиентот, пазарот и моќта на граѓаните за да ја одредат цената на пелетиите со цел да остварат екстрапрофит на маката на граѓаните. Тие знаат дека процентот на ДДВ-то не оди во нивните џебови, туку во државната каса (буџетот), ама, како што рековме, ловат во матно.
Државата се вади дека покачувањето на процентот на ДДВ-то е ппоради усогласување со законите на Европската унија, која веројатно налага намалување на бројот на прозиводи со повластена даночна стапка, во интерес на буџетот и на развојот на конкуренцијата на пазарот, но цената на пелетите во Германија е околу 300 денари за вреќа, што, според германскиот стандард, е „живо џабе“. Европа, плус, не знае дека овде локалните мангупи и пазарната инспекција ја прават смешна. Тие смешни ги прават судовите и целата држава, а не пазарната економија.
Вчера само некои мали продавачи, со кои контактиравме, ни рекоа дека нема да ја зголемт цената на пелетите што ги продаваат, но кога ќе се донесат измените во Законот за ДДВ-то, ќе бидат принудени да ја зголемат цената само колку што изнесува покачувањето на даночната стапка, а тоа е 13%.