Бизнис-приказната на „Божиновски“ почнува во 1996 година во Битола, со отворањето на првото продажно место за златен накит под брендот со истоименото име во Старата чаршија. Набргу по формирањето, благодарение на силната пасија, „Божиновски“ станува официјален застапник на швајцарскиот бренд часовници „Swatch“ за Македонија. Низ годините, се позиционира на врвот во секторот трговија, пред сè, поради препознатливиот имиџ и неприкосновен перфекционизам. 

Водена од популарниот слоган на „Swatch“ - „Секогаш различен, секогаш нов“, компанијата стана препознатлив бренд што секогаш користи неконвенционални комуникациски алатки, преку кои се слави различноста. Благодарение на таа бренд-филозофија, чекор по чекор, покрај на Swatch, „Божиновски“ станува главен застапник и на други престижни брендови часовници и накит како: CK, Tissot, Longines, Omega, Tag Heuer, Damiani. 

„Како компанија која поставува норми во комуникацијата со јавноста, „Бoжиновски“ има две опции. Опцијата еден е  да одиме во сигурни патеки дадени во упатствата од брендовите. Опција два, пак, е постојано да се трудиме преку локална релевантна маркетинг стратегија да ја зајакнуваме позицијата на брендот во Македонија. Чекорејќи по самата ивица на правилата и прописите кои одредени брендови ги пропишуваат. А понекогаш и на самата ивица на логиката и светот на фантазиите. Уште од формирањето на Божиновски, за нас постои само опција два. Што подалеку од зоната на комфортот“, вели сопственикот на компанијата.  

По повид 30 - годишнината од независноста, Македонија минатата година го доби првиот  дизајниран „Swatch“ часовник, предивзвикувајќи воодушевување во јавноста. Процесот започнал на почетокот на 2020 година, на прагот пред 30 - годишнината од независноста.  Кон крајот на март, драфт идејата веќе била оформена. 

„Кога сакавме да ја реализираме идејата, пред нас се појави огромен Кинески ѕид. Како да убедиме еден гигант од бренд, дека токму во Македонија сакаме да креираме локално дизајниран часовник. Дополнително, требаше да го убедиме дека сакаме да произведеме само 30 часовници. Лимитирано издание посветено на три децениската независност. Преговорите започнаа и траеја неколку месеци. Секој состанок преминуваше на повисоко хиерархиско ниво, се додека не стигнавме до крајната хиерархија. Сигурноста, самоувереноста и упорноста, но и 20 - годишната беспрекорна партнерска соработка го направија своето. Ни беше одобрен овој проект. Втор во светот како локализиран национален часовник. И единствен во светот лимитиран наципнален часовник“, раскажа Игор Божиновски на годинешениот „Skopje Marketing Summit 2022“. 

Процесот го следеле бескрајни состаноци со идеи. Некој од вработените како идеја го спомнал првиот стиг од песната „Дениција“ на Петре М. Андреевски. На тој начин, се роди „Дениција“ - првиот македонски „Swatch“ часовник. 

„Со веќе поставената идеја, ги поставивме пропозициите за дизајнот на часоникот. Добивме разни креативни решенија, направивме селекција. Кога веќе проектот доби целосни контури, сликата е јасна. Но, не сакавме да прифатиме дека ова ќе биде само еднократен проект. Почнавме да размислуваме дека сакаме нешто повеќе. Комуникацијата со креативци и процесот на дизајнирање, крајниот резултат... тоа беа етапи кои не не оставија рамнодушни и почнавме да размислуваме како од ова да направиме нешто што ќе живее. Во тој момент ја креиравме платформата „Swatch“ на кирилица“, вели Божиновски. 

Оваа мала платформа, како што ја нарекува има едноставна перспектива од 360 степени врз целиот проект. Претставување на македонско дизајнираниот часовник, претставување на теми за нови часовници, интерфејс за комуникација со креативци за отворање на нови конкурси за дизајни. И на крај, создавање на колекција на дизајнирани македонски часовници наречна „Swatch“ на кирилица. 

„Триумфираме со извонредна фотосесија, започнавме со кампања за часвоникот. Беше најавен како лимитирана серија, а продажбата ќе биде аукциска. Односно, со наддавање на основната цена кој е фиксирана на 8 600 денари. На самиот ден на ауцкијата која се одржа во наше продажно место, имаше огромен број на заинтересирани, моравме да ги поделиме во неколку групи. Иако не беше предвидено онлајн наддавање, заинтересираните македонци од целиот свет пронајдоа начин да комуницираат со нас. Се наддаваа од Гермнија, Дубаи, Искра, Грција, Австрија... Се продадоа часовниците за еден час“, се сеќава сопственикот на компанијата.  

Со собраните средства од аукцијата е отворена Фондацијата „Божиновски“. Нејзина основна цел е поддршка, стипендирање и финансирање на млади креативци. Фондацијата очекува дека ќе биде одржлива. Како следни чекори на платформата „Swatch“ на кирилица e  создавање на колецкија и дизајни кои сами ќе зборуваат за аветентичноста на земјата. Потоа, стипденирање на млади преку собирање пари во Фондацијата.  

„Изненадени бевме што „Swatch“ почна да развива идентичен проект во Русија. Но, поради војната со Украина не се реализира. Но во моментот се презентира како еден од најиноватвните пристапи за новите пазари на своч“, потенцира Божиновски.  

Македонскиот дизајн сериозно го привлекол креативното внимание на „Swatch“. Овој пат, можноста оди во насока на развој на нова едиција. Овој пат, на глобално ниво.