Со цел да се популаризира хрватската рок сцена во пандемија, познатата загребска „Творница културе“ вечерва поставува изложба на експонати од рок-музичари.

Изложбата ќе биде отворена за јавноста од утре, 1-ви јуни 2021 година и за прв пат ќе ги претстави во Хрватска голем дел од сувенирите:

инструменти со акцент на вредни или ретки примероци, облека и обувки со дополнителна приказна за музичарот или бендот, потпишани носачи на звук, потпишани постери, потпишани монографии, оригинални ракописи на песни и фотографии, интересна документација на бројни музичари и слични печатени материјали.

Изложбата ќе биде отворена до 15-ти јули, а влезот е бесплатен.

Музичарите од Хрватска се со ставот дека истата би била добра увертира за отворање на Музеј на рокенролот во хрватската престолнина.