Полска се приклучи на избраната група земји чиј БДП надмина милијарда долари, а владата во Варшава сега очекува земјата да биде поканета во групата Г20 на демократски држави со најразвиени економии во светот.

 

Полска сега е рангирана во редот на само 20 земји во светот чиј БДП надминува 1.000 милијарди долари, објави полската јавна телевизија ТВП.

„Тоа сега апсолутно историски факт, дека Полска се придружи на многу ексклузивниот клуб на земји милијардери“,изјавил полскиот премиер Доналд Туск.

Тој рече дека е свесен дека зборот милијарда звучи како апстрактна статистика, дека е тешко да се замисли милијарда и појасни дека само 20 земји во светот, од вкупно 195, се во тој клуб на милијардери. И како што пренесува нполската национална телевизија премиерот додал дека стапката на економски раст на Полска е на врвот на Европа.

„Тој раст е еден од најголемите во Европа, а во споредба со најголемите економии, а не само во Европа, Полска, би рекол, нема конкурент со стапка на раст од 3,4 проценти“, тврди Туск, како што објави ТВП.

Тој додаде дека во Полска, според податоците од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), реалниот приход по жител од третиот квартал од 2023 година до крајот на првиот квартал од оваа година бил значително повисок од просекот на членовите на групата најразвиени земји во светот, Г7 и другите европски економии.

„Ги престигнавме богатите земји како Холандија, Велика Британија, Франција, САД, Австралија или Канада“, рече Туск, објави ПАП.

Полскиот министер за надворешни работи, Радослав Сикорски, смета дека сега Полска има право да биде поканета во групата Г20, не само како една од 20-те најголеми економии во светот, туку и како земја што претстави јасна и разумна перспектива за водење јавни работи и што успешно ја трансформираше планската економија во слободна економија, објавува Бета.

 

Сикорски, кој беше во САД во времето на објавувањето на статистичките податоци, рече дека го покренал прашањето во разговор со американскиот државен секретар Марко Рубио, бидејќи САД ќе го преземат претседателството со групата Г20 во 2026 година.