Според пишувањата на „Variety“ - Sony Pictures International Productions се здоби со права на римејк за руската блокбастер комедија „Синот на еден богаташ“, филм со најголема заработка на сите времиња во земјата.
Студиото ги обезбеди мексиканските, индиските, јужнокорејските, јапонските, шпанските и италијанските права за адаптација. Француските права се стекнати и од СНД Филмс, а полските од Монолит Филмс.
Во режија на Клим Шипенко, и во главната улога во славниот српски актер Милош Биковиќ, „Синот на еден богаташ“ е приказна за разгалениот, безобразен син на олигарх, кого неговиот татко го излажа да поверува дека е реинкарниран кмет од едно село од 19-от век.
Објавен во 2019 година, филмот заработи речиси 42 милиони долари во руските кина и повеќе од 1,8 милиони долари на меѓународно ниво од неговите прикажувања во САД, Велика Британија, Германија, Израел и други територии.
- Од моментот кога го гледавме „Синот на еден богаташ“, знаевме дека е посебен - изјави Лајн Клајн, шефот на Sony Pictures International Productions.
Затоа, од локален јазик, тие решија да го направат интернационален. Со цел и новата публика да ужива во него, како што уживаше руската.

За продуцентот Едуард Илојан, нема дилеми дека приказната за херојот од 21-от век, лишен од удобностите на модерниот живот, ќе одекне кај меѓународна публика исто така силно, како што тоа се случи во Русија.
За филмот се вели дека е мешавина на култниот „Шоуто на Труман“ и француската комедија „Пријатели“. Затоа, со секоја нова адаптација ќе добие дополнителен шарм. Шарм на едно поинакво поднебје, култура...
Монолит Филмс ќе започне со снимање на римејкот на полски јазик веќе во август 2022 година. Од таму веруваат дека филмот ќе доживее вонсериски успех.
Впрочем, Central Partnership немаат дилема дека сите преработки на филмот ќе донесат многу пари на благајните ширум планетава.