По 20 години, повеќето европски земји го укинуваат правилото со кое се забрануваше внесување над 100 мл течност во рачниот багаж во авион.

Пред влегувањето во авионот, безбедносната контрола често претставува најстресниот дел од патувањето: шишиња со вода што набрзина се пијат, козметика што останува на аеродромот, различни производи во тегла – правилата биле јасни: не може да се внесува повеќе од 100 мл течност во авионот.

 

Но, во Италија, некои аеродроми одлучиле да се откажат од тоа ограничување. На аеродромите во Рим, Милано и Болоња, сега е можно да се внесат до два литри течност во рачниот багаж, објави Franceinfo.

Нема веќе потреба да се вадат шишињата или шишенцата и да се ставаат во посебен сад од пластична кеса.

Скенерот „се препознава“

Укинувањето на забраната за внес на течност во авионите е резултат на мала револуција, која сè уште е недоволно позната, но која веќе им го олеснува патувањето на патниците.

- Тајната е во новите скенери кои не само што можат да ја „анализираат супстанцијата во шишето“, туку и „да ја видат содржината на багажот со прецизна 3Д резолуција, да ја ротираат сликата и да ги набљудуваат предметите од повеќе агли - објаснува Иван Басато, директор на аеродромските операции во Рим.

Според него на овој начин, е можно да се откријат експлозиви скриени во шише од шампон, или било која друга течност.

Од 50-те скенери на аеродромот во Рим, околу триесет веќе се заменети со нова технологија. Секако дека цената е повисока за седум до осум пати од претходните уреди.

Меѓутоа, како што објаснува Басато, трошокот е покриен од аеродромската такса, но само неколку центи повеќе.

Сепак, важно е да се знае дека укинувањето на забраната не важи за сите патници. Оние кои се во транзит сè уште подлежат на ограничувањето од 100 мл.

Системот затоа не е совршен, но веќе ветува поголем мир за патниците - без да се загрози безбедноста. 

Европски тренд

Италија не е сама во донесувањето на оваа одлука. Во Обединетото Кралство, аеродромите во Лондон, Единбург и Бирмингем веќе го укинаа ограничувањето за внес на течност во авионите, исто како и во Хелсинки во Финска.

Наскоро се очекува кон овие земји да се придружат и Германија, Ирска, Литванија, Малта, Шведска и Холандија.

Во следните пет години, повеќето аеродроми на континентот треба да добијат 3Д скенери.

Во Швајцарија, аеродромот во Женева ја има оваа технологија од 2018 година, а се планира да се имплементира на сите контролни пунктови до 2032 година.

Сепак, аеродромот вели дека „додека правилото е важечко, Женева ќе ги применува швајцарските прописи“. Со други зборови, одлуката не е одговорност на аеродромот, туку на Канцеларијата на Федералната администрација за воздухопловство (OFAC). 

Минатата година, аеродромот во Цирих објави дека „правилото од 100 мл е сè уште важечко и ќе биде укинато само кога новите уреди ќе бидат целосно префрлени. 

Ограничување поради тероризам

Ова правило за забрана за внесување течности не е донесено случајно. Беше воведено во 2006 година, кога британските служби спречија обид за терористички напад со течни експлозиви.

За да се спречи такво сценарио, Европа и САД пропишаа строго ограничување: само пакувања до 100 мл, спакувани во проѕирна пластична кеса со волумен од еден литар, се дозволени да се внесат во кабината.

Речиси дваесет години подоцна, се чини дека технологијата конечно овозможува крај на ова правило кое стана симбол на аеродромските контроли.