Рака на срце, плата од 1300 евра за претседател на држава е смешна во однос на платата на еден фудбалски селектор, па во однос на едно младо момче во ИТ-секторот, најчудна е споредбата со платите на некои директори од јавните претпријатија кои земаат поголема плата од претседателот на државата (околу 2 000 евра), а уште почудна е споредбата, на пример, со директорот на Агенцијата за  цивилна воздушна пловидба кој ,„по старо“ зема 3000 евра месечно, а „по ново“ ќе зема околу 5,5 илјаид евра.

Ете така до ова светско чудо Македонија дојде откако Устаниот суд ја уреди работата, државните функционери да можат да си ја зоглемат платата за 78 проценти. Ајде, ќе речеме, да се однесува тоа само на претседателот, на премиерот, па и на министрите, нека биде! Ама, можност за покачување добиваат сите за кои народот има впечаток дека ништо не работат, дека се пример за корупмпираност, а тоа се гледа по нивниот финансиски ќар во текот и по мандатот, по неброените надоместоци за патните торошоци и другите привилегии, патувања со висока класа, службени возила итн. Најголемиот сомнеж дека водата е навртена кон сопствената воденица е тоа што и на устанивте судии, што ја донесоа одлуката за можноста за зголемување на платите на функционерите, исто така, им се дава можност за речиси двојно зголемување на платите.

Знаеме дека пазарната економија ги носи диспаритетите во оваа смисла. Но, работничките плати во реалниот сектор, колку и да растат, остануваат ниски, па дури и смешни во однос на новите плати на привилегираната канцелариска класа која си дава за право и нема милост за разликите во финансиските можности на своите сограѓани од кои таа се алиментација.

Дека работата одекна застаршувачи, тоа не може да го негира никој. Дури владините функционери безобразно и ладнокрвно изјавија дека законот мора да се почитува и дека за друго не им е гајле. Единствено со грижа на совеста се јави претседателот на државата, чија плата „по ново“ би требало да изнесува над 2 400 евра, за медиумите рече дека „Владата мора да направи брза интервенција во Законот за плати“, мислејќи да се направи набрзина нешто за да се покрие срамот од оваа одука од која работниот и сиромашен народ е згрозен. Следуваа објаснувања дека во измените на соодветниот закон е дадена само можнсот за зголемување на платитие, но јасно е дека нашите функционери  безмилосно и безобѕирно ќе ја искоритат таа можност. Па, сите примери на уживање на државната комоција го покажаа тоа, додека функционерите на најразвиените скандинавски земји си чекаат во ред за да си купат бурек, се возат со градскиот презоз, или со велосипед, поднеусваат оставки за најмала стиница за приемен подарок, нешто поскап од со закон пропишаната вредност, нашите функционери во WC одат со мерцедесите, имаат возачи на располагање 24 часа, носители се на најголемиот вид корупција, а тоа е вработување по партиска основа на напотребен кадар во администрацијата и во безбројните државни агенции во кои никој и не знае што му е работната задача, народот таквите ги вика „леви сметала“.    

Голем револт предизвика и можноста за покачување на палтите на градоначалниците од кои никој не е задоволен, затоа што во сите општини без исклучок не се решени основните животни проблеми, на инфратруктурата, на градинките, на училиштата, на спортовите, на снабдувањето, на дивоградбите, а најмногу ги бие глас дека во секоја новоизградена зграда, нивнмата аванта е по еден стан.

Секој домаќин што менаџира со домашниот буџет би се прашал од каде сега пари? Па, одамнешна и вечна болка на македонскиот  буџет е високиот проецент на расходи за плати за прекубројната администрација, над половина од буџетот. Па до кога? Тој балон може секој момент да пукне, надворешната задолженсот има своја граница, над која државата лесно може да банкротира, односно да не може да ги исплаќа своите обврски кон доверителите.

Револтот на граѓаните

Дали членовите на уставниот суд и функционерите на кои им се дава можност буквално да се богатат со големите плати, не ги гледаат секојдневните лелеци на граѓаните за нивниот гол опстанок, за незадоволените потреби на децата и на младите, за ладните домови на огромен број население, за цените на пазарите (кромидот достиган 80 – 90 денари, каде е македонскиот кромид, драчевскиот, на времето во драчевското поле се произведуваа 25 илјади тони годишно), цената на млекото, на месото…???  При официјална инфлација од 15 проценти и скриена (намалена содржина во пакувањата) уште толку, тоа значи банкрот на домашниот буџет, однсоно паѓање на огромен број од населението во категоријата на сиромашни ѓраѓани.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2023 година, изнесува 33 943 денари.

Минималната плата од март ќе биде 20.175 денари.

Власта во време на кризата, предеивикана од светските политички и еконосмки случувања ги презеде сите мерки што ги презедоа речиси сите други држави погодени од светската криза (помош на стопанството, замрзнување на цените, намалување на некои даноци, пазарни инспекции, поднесување соодветни претставки за прекршителите), но  со оваа можност за ненормално зголемување на платите на функционерите си ја сече гранката на која седи. Дали некој мисли дека со оваа флека ќе помине на следните избори што се приближуваат со молсавична брзина. Оваа непријатна вест се растури како пердуви од перница фрлена од 10 кат, а за да се соберат и да е вратат  пердувите назад  во перницата, нема да има време до изборите.

Платите на претседателите од регионот

Српсиот претседател Александар Вучиќ со јануардското покачување од 12,5 проценти достигна плата од 170 илјади динари или 1.500 евра.

Оваа плата е помала од плтите на претседателите на другите држави во регионот.

Најголема плата во овој дел од Европа има претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар 3.322 евра месечно.  Претседателот ан Хрватска, Зоран Милановиќ, 3000- евра

Актуелните челнови на претседателството на Босна и Херцеговина - Денис Беќировиќ, Жељка Цвијановиќ и Жељко Комшиќ месечно примаат по 2.922 евра.

Претседателот на Црна Гора зема 2.420 евра.

Претседатлотан Албанија, Бајрам Бегај, 2.208 вра.

Вработеност – небвработеност

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2022 година, активното население во Македонија изнесува 808 078 лица, од кои вработени се 692 034, а 116 045 лица се невработени.

Стапката на активност во овој период е 55.2, стапката на вработеност 47.3, додека стапката на невработеност изнесува 14.4.

Стаката на невработеност не спаѓа во пресметката за просекот на платата, па така бројот на сиромашните е многу поголем од официјалните бројки. А од вработените, прашање е колкумина од нив земаат и дали редовно ја земаат платата.

За да ја ублажи возбудата и револтот на населението премиерот треба веданш на прес конференција да ги убеди граѓаните дека можноста што им ја дава Уставниот суд на функционерите нема да се искористи поради сите горенаведни приини. Односно, да го усогласи делот од Законот за плати со додавање еден член (цетат: Стево Пендаровски): „не мора коефициентот на пресметка на платите да биде 4,5 или 3,5, нека биде 2“!

Дали таа конференција ќе ја оддржи премерот, или не, не се знае, но штом на нешто не се реагира веданш, значи премолчно се прифаќа и се одобрува.