Театарскиот Белград со нетрпение ја очекува премиерата на претставата „Мојот маж“, која на репертоарот на Југословенско Драмско Позориште е закажана за 14-ти март.

Визуелниот дел – плакатот за претставата, го создаде врвниот дизајнер Мирко Илиќ, светски признаениот дизајнер од нашиве простори.

Првото комплетно литературно појавување на српски јазик на познатата македонска прозаистка Румена Бужаровска „Мојот маж“, на сцената во Студиото ЈДП, е во режија на Јована Томиќ.

Во претставата играат Сања Марковиќ и Јована Беловиќ. Драматург е Димитрије Коканов, дизајнер на костумите е Маја Мирковиќ, а композитор е Лука Мејџор.

Веднаш по објавувањето, збирката раскази „Мојот маж“ привлече големо внимание од критичарите и читателите, како во Македонија, така и во регионот, а и пошироко...