Паметните клупи преку „Октагон прима“ стануваат наше секојдневие. Во тренд со новите генерации, кои имаат и нов стил на живот треба да се менуваат и градовите, да го следат развојот. Во таа насока дејствува и екипата на „Октагон прима“. Таа ја врши инсталацијата на паметните клупи на одредени локации во градовите. Нотирањето на еден град како „паметен град“ подразбира дека тој поседува паметна и урбана опрема. Опрема која ја има имплементирано информациско-комуникациската технологија на начин што позитивно влијае врз локалната заедница. Урбана опрема која им овозможува регионална конкурентност и учество на граѓаните во управување со градовите. Водејќи се од концептот на паметни градови, кои овозможуваат директна комуникација помеѓу заедницата и градската инфраструктура, следејќи ги случувањата во градот и начинот на развој на градот и „Октагон прима“ се насочува кон интелигентната примена на нови технологии.
„Следејќи го трендот и интересот низ светот за паметни градови започнавме со работа на проект поврзан конкретно со паметни клупи кои се дел од урбаната опрема. Инсталацијата на одредена локација ја врши наша екипа, вели во разговор за Анторис магазин, Ивана Илоска Трајковска, управител на компанијата „Октагон прима “ Скопје.
Во изминатите години со голем ентузијазам и упорна работа успеавме да се наметнеме на македонскиот пазар како една од водечките компании за канцелариски материјали , рекламен и промотивен материјал и печатарски услуги. Друштвото за трговија и услуги ОКАТАГОН ПРИМА ДОО е компанија која е формирана и постои на пазарот во Република Северна Македонија од 2012 година.
Застапници на Strawberry energy за паметни клупи
-Која е „Октагон прима“ и како дојде до соработка со Strawberry energy – меѓународно позната и присутна компанија, чија основна цел е развој на урбана опрема со соларно напојување?
На пазарот во нашата земја сме познати веќе десетина години во делот на трговија. Последните неколку години следејќи го трендот и интересот низ светот за паметни градови започнавме со работа на проект поврзан конкретно со паметни клупи кои се дел од урбаната опрема. Strawberry energy е меѓународно позната и призната иновативна компанија за смарт урбана опрема и чест ни е што успеавме да го добиеме застапништвото за регионов.
-Вие практично сега нудите урбана опрема за паметни и одржливи градови. За што конкретно станува збор, за одредени производи или за целосно уредување на одредена локација?
ОКТАГОН ПРИМА ДОО во делот од урбана опрема е генерален застапник на брендот Strawberry Energy кој е првиот иноватор на паметни клупи во светот. Станува збор за клупа која со помош на сончева енергија се напојува со струја и овозможува полнење на телефон преку УСБ кабел и преку безжично полнење на телефон. Воедно клупата генерира бесплатен интернет за посетителите на локацијата каде што е поставена клупата.

-Мисијата на Strawberry energy e да се подобри искуството на луѓето со јавните простори и да им се обезбеди енергија и конекција во движењето. Успеавте ли да го наметните своето влијание на овие простори?
Искрено, неочекувано за многу краток рок имаме огромна заинтересираност и голема мрежа на веќе поставени клупи. Станува збор за македонски и странски приватни компании кои покажаа интерес за ваков нов производ на иднината кој користи обновливи извори на енергија и е целосно ЕКО производ.
Во Македонија до сега сме инсталирале 25 клупи
-Постои ли интерес за паметните клупи на домашен терен или повеќе се пласираат надвор?
Ние како генерални застапници, како што напоменав и погоре сме задоволни од досегашниот интерес. Секако би биле уште посреќни кога и јавните институции би ја согледале корисноста од смарт клупите. На тој начин ќе го олеснат секојдневното живеење на граѓаните. Новите генерации имаат и нов стил на живот затоа треба да се менуваат и градовите, да го следат развојот и трендот .
Во Македонија до сега сме инсталирале 25 клупи, а низ светот Strawberry energy е застапен во над 50 градови и 23 земји во светот со своја урбана опрема.
-Кои се карактеристиките на паметните клупи?
Во неколку наврати напоменав, клупите кои се напојуваат на сончева енергија ги имаат следните карактеристики: полење на паметни уреди( телефони , таблети , смарт часовници, лаптопи) , а во иднина и електрични тротинети.
Изработена е и апликација преку која кога ќе ја спуштите на мобилниот уред може во реално време да ги следите следните параметри на локацијата каде се наоѓа клупата :
- Моментална темепратура
- Влажност на воздух
- Притисок на воздух
- Бучава
- Co2 .
Генерираат бесплатен интернет, имаат површина за брендирање која е одлична опција за маркетинг, можност за директна комуникација со краен корисник преку landing page.
Навистина можностите за работа и заработка од оваа клупа се огромни.
Паметните клупи преку „Октагон прима“ стануваат наше секојдневие
Скопје како метропола заслужува да е рамо до рамо со останатите европски ЕКО градови
- Вашата мисија е транзиција кон паметно Скопје, кон паметна држава. Има ли слух за реализација на оваа мисија. Кој се би требало да се вклучи и да ја поддржи оваа активност за да се реализира мисијата?
Да, заинтересираност постои. Секако не со оној интензитет со кој би сакале ние да се одвиваат проектите ,но на добар пат сме кон тоа.
Скопје како метропола заслужува да е рамо до рамо со останатите европски градови кои веќе од поодамна ги реализираат проеkтите за паметни и EKO градови.
- Има ли практични примери на кои веќе сте работеле, а на кои Скопје би можело да се угледа?
Во Лондон уште пред седум години е направена мрежа за паметни клупи. поставени се во централното градско подрачје на повеќе од 30 локации. Нив градот Лондон ги отстапува на нашите партнери, а со тоа резидентите како и огромниот број туристи ги користат сите бенифиции.
Скопје веќе покажа интерес во овој правец. Централното градско подрачје, конкретно Сквер Јадран е збогатен со урбана опрема. Поставени се две големи и една мала клупа. Исто така и во Скопската Зоолошка градина и паркот „Шопен“ во Кисела Вода.

М.Балдазарска