Несфатливо звучи веста дека на почетокот на туристичкатa сезона приодот пред Охрид е затвоен, па гоститие што се упатиле кон нашиот најголем туристички центар, со кого се горедееме, наместо во Охирд, можат да се најдат во Струга, односно не можат да стигнат на местото на кое се упатиле и до пансионот за кој уплатиле.

Никој од властите не може да каже рационално објаснување за оваа глупост. Од ова се гледа дека координација меѓу сите фактори што би требало да имаат некаква врска со оваа работа, а да не ја доведат во прашање туристичката сезона – не постои.

Тоа, по кој знае кој пат, праќа порака во светот дека нашата земја треба да се избегнува и да се продолжи на поубавите места, до кои патиштата се поубави, цените се пониски, а туристичката понуда е многу поразновидна, може да се комбинира на многу начини, како на пример: целосен пансион, ол инклузив, полупансион, само сместување без храна, организирани екскурзии итн. Освен тоа, сместувањето и храната се квалитни, а цените се пониски од охридските. Како е тоа можно, се прашуваат наште турискички власти, домашние угостители и хотелиерите, зошто тие не можат да ги постигнат тие цени?

Македонскиот човек, кој и малку е вклучен во донесување одлуки што влијаат врз судбината на некоја економска, политичка или социјална мерка, страда од формализам. Зборот „формализам“ значи давање значење на формата , а не на содржината. Нашата загриженост за нештата е важно да ја манифестираме на некакви седници, во министерства, во комори, на телевизија, а работите да ги оставиме такви какви што се, односно очекуваме сами да се решат. Ниеден пробелм не се решава сам! Ако сакаме да го решиме треба да му влеземе во челуста, а не да бегаме од него како од некој опасен ѕвер. Никој паметен не може да сфати зошто патот од Скопје до Охрид е речиси непрооден, наместо да биде писта по која ќе се вози брзо, ќе се штеди време. За цените, за содржината на понудата и за односот на угостителите сме пишувале, па веќе е здодевно да ги повторуваме истите работи. Нашиот формализам е ненадминат, тој е присутен, дел е од нашиот менталитет и од нашата мирзливост, нестручност и негрижа. Тој фомрализам најдрастично се гледа во делкаративноста на наштие туристички работници и власта дека на Македонија и е потребна стратегија за развој на туризмот, која се спомнува во последниве 40тина години, а никаде ја нема. Никој нема претстава која подгракна од туризмот треба да биде приоритетна и да се инвестира во неа од државните фондови, а приватниците талкаат на ситно водени од својот инстинкт. Дали, езерскиот туризам, дали планиснкиот, дали селскиот, дали еколошкиот... Таквата антитеза на нашата желба да бидеме некоја туртистичка регионална сила не удира по нос со извештаите и заканите од УНЕСКО дека нашиот најголем туристички центар Охрид ќе биде симнат од списокот на региони со светско значење, што, всушност, занчи одземање на гаранцијата дека тој наш регион има некаква вредност. Тоа, во очите на странските туристи, кои се многу пониформирани од нас кога се однесува на изборот на турискичка дестинација и трошокот, ќе значи  менување на правецот, а за македонската економија загуба на неповратни средства. Но, Охрид и натаму се деградира и се урива. Се урива нашата туристичка „црква“  за која знаеме да кажаме дека е нашата светост, вистински и метафорично.  

Кој е патот до развиен туризам? Ако очигледно не знаеме и не можеме да го најдеме сопствениот рецепт, никој не ни пречи да ѕирнеме во тенџерето на поорганизираните земји или во соседството. Се разбира дека не можеме да се мериме со морксите сили, но можеме да се мериме со копнените, а најмногу можеме да се натпреваруваме со цените, ама се случува обратното – најскапи сме во регионот. Затоа, тврдењето дека туризмот не е и не може да биде изолирана гранка е вистинито. Нашето производство на храна се намалува. Увозот не може да биде поевтин од домашното производство. За дригите концепти можеме да речеме дека не постојат. А, е многу видливо дека сите одат на финтата на масовен туризам со пониски цени. Ако не е така, зошто во Турција има „ол инклузив“ аранжмани со ниски цени, Шпанија, Италија... ниските цени го  привелкуваат туристот, тој, верувајќи дека сето тоа е евтино, троши многу повеќе пари. Современиот маркетинг игра на картата на создавање привид, на убедување, а на операторите останува поголемата ангажираност во организација сето тоа да функционира и туристот да си отиде задоволен, со желба пак да му се врати на местото. Во тие земји туризмот е поставен стратешки на долг рок, на освојување чекор по чекор, на мислење и на работа, на стрпливост, стручност и доследност. Од сето ова кај нас – абер да се немало!     

Од статискитката можеме да искористиме неколку податоци, но тоа се само податоци кои некој формалист ќе ги дрнда на накакви коморски состаноци, а работите ќе си останат исти, како што се исти од ослободувањето досега, а и полоши.  Ниеден македонски регион не „истрча“ во својата бранша да биде неприкосновен лидер, сите се варат во иста каша.

Бројот на туристите во март 2023 година изнесува 47 490, од кои 32.5 % се домашни туристи, а 67.5 % се странски туристи.

Бројот на ноќевањата во март 2023 година изнесува 94 985, од кои 36.4 % се од домашните туристи, а 63.6 % од странските туристи.

Во периодот јануари – март 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 14.9 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 7.4 %, а кај странските има зголемување за 35.1 %.

Туристичката потрошувачка на економската територија е проценета на 28 033.8 милиони денари, што претставува 2.36 % од бруто-домашниот производ (БДП), што е малку.

Не треба да потсетуваме дека туризмот е извозна гранка со голем потенцијал. Така треба да се сфати, ако му се мисли добро на трговскиот биланс и на курсот на денарот. Грција,  во која секој викенд трчаат и најголемите патриоти што треба да го водат туризмот, е светска велесила со околу 50тина милијарди евра приход од туризмот. Таа е една од тие змеји кој нуди разновиден избор на аранжмани, разни комбинации, што би се рекло за секого што може да си дозволи барем неколку дена да престојува на нејзините брегови. „Јок сила – марифет“ - велат Турците.