„Ве известуваме дека согласно поднесено барање од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија за котација на државни обврзници, почнувајќи од 08.03.2024 година на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници со следните карактеристики“, стои во соопштението на Македонска берза.

Според информациите во него, вредност на првата емисија е 1.491.000.000 денари или речиси 24,2 милиони евра. Бројот на издадени хартии од вредност е 149.100, а номиналната вредност на едбна обврзница изнесува 10.000 денари. Каматната стапка на овие пет годишни обврзници е 4,2 проценти, а датум на достасување е седми март 2029 година.
Втората емисија со вредност од 3.531.490.000 денари, односно 57,3 милиони евра. Бројот на издадени хартии од вредност е заокружен на 353.149 обврзници, а номинална цена на една обврзница е исто така десет илјади денари. Овие хартии од вредност имаат повисока каматна стапка – 5,60 проценти. Тие се 15 годишни и доспеваат на седми март 2039 година.
И двете државни обврзници, како што е опишано во соопштението се без девизна клаузула, а издадени се вчера, 7 март.