НЛБ отвора ИТ центар во Белград во кој ќе вработи 40 лица. Љубjанска НЛБ банка по купувањето на белградска Комерцијална банка, планира да отвори ИТ центар во Белград. Од банката велат дека потребата од ваков центар произлегува од проблемот да ги пополни работните места за истражување и развој во Словенија.

НЛБ отвора ИТ центар во Белград во кој ќе се вработат 40 лица

Банката навела дека побарувачката за експерти за податоци, аналитичари, ИТ аналитичари,  програмери се зголемила бидејќи банката постепено се дигитализира. Меѓутоа, нема доволно квалификуван персонал во Словенија, објави агенцијата СТА.

„Едноставно се натпреваруваме да дојдеме до такви експерти со други словенечки компании, како и со меѓународни компании, за кои работниците работат од далечина од Словенија“, вели Весна Водопивец, директор за човечки ресурси во НЛБ банка.

Според неа образовниот систем не создава доволно стручен кадар за да се пополнат такви работни места. А од друга страна, високото оданочување на трудот го отежнува далечинското вработување на работниците.

„Без сериозен напредок во овие области, нема да можеме брзо да ги пополниме празнините. Поради тоа ќе бидеме принудени да пренесеме барем дел од нашите развојни можности во Србија“, додаде таа.

Центарот во Белград ќе има околу 40 ИТ експерти и експерти за податоци кои ќе работат на задачи за банката, заедно со програмери кои веќе работат од Словенија.

„Не случајно НЛБ групацијата го избра Белград“, велат од банката. Бидејќи, Белград се разви во технолошки центар откако Србија го започна Дигиталниот проект пред десет години. И според  овој проект го адаптираше образовниот систем.


НЛБ ќе се шири и во Албанија


Претседателот на групацијата НЛБ, Блаж Бродњак, неодамна изјави дека банката има можности и потенцијали да преземе друга банка во регионот.  Но дека оваа тема е предвремена и дека најважно за НЛБ е да ја заврши интеграцијата на НЛБ во Комерцијална банка во Србија.

- Засега работиме на интеграција на две банки (Комерцијална и НЛБ Белград) во Србија. Сметаме дека таа ќе заврши до крајот на април следната година. Во меѓувреме, веќе потенцијално размислуваме за влез во Албанија. Бидејќи на тој начин ќе станеме единствената банка што е присутна на сите шест пазари на Западен Балкан и на заедничкиот пат кон Европа,“ изјави Бродњак.