
Еден пријател, пензионер, пред неколку дена ми вели: „Ајде на протест за пензиите“! Јас му велам, мене ми е добра пензијата и немам потреба да протестирам. Тој се зачуде на мојот одоговор, му се виде надмен и несолидарен, па почна да ме убедува како „државата мора да ги покачи пензиите зашто вака не се живее и тн...“ Требаше да му речам, а не му реков:
Државата веќе ја плаќа својата економска неспособност со тоа што помага со дополнување на една третина од пензискиот буџет за да можaт да се исплатат пензиите и тоа спаѓа во нееконoмската зона во држави во кои многу работи не се синхронизирани и не одат соред економските зконитости, па државата/буџетот е крава молзинца за се’ кај што ќе зафлаи, на сметка на општиот економски развој.
Во актуеланава економска ситуација, во бранот на барања за покачување на платитие, во здравството, во администрацијата, во судската администрација... се приклучија и пензионерите, иако пензиите во принцип не се алиментираат од државниот буџет, туку од пензискиот. Ако ги прашате пензионерите дали некогаш провериле дали нивниот работодавач ја уплаќал законската сума, односно процент од бруто-платата на сметка на фондот, дали максимален или минимален, ниеден нема да ви даде потврден одоговр. Сите вработени, особено младите, на почетокот на работната кариера сметаат дека пензијата е далеку, дека на тоа е рано да се мисли, дека работитие ќе одат по логичен след нагоре, односно дека општиот стандард може да оди само нагоре... но во нашиов случај, и во светски размери, се покажа дека животот и животниот стандард се во постојана осцилација и дека по „ситите“ години, доаѓаат „гладните“. Тие што на време мислеле на својот пензионерски стандард – првин почнале од основната логика: високо образование – поголема можност за повисоко и поплатено место со максимален износ на продонеси во пензискиот фонд, избор на добростоечка фирма со вискои примања, па на крајот на својата работна кариера оствариле висока пензија, благодарение на сиот наведен труд и долгогодишни сопствени напори. Освен тоа , државата (не е важно во време на која власт) има донесено закон за поделба на пензискиот систем на три столба. Третиот столб е всушност инвестиционен фонд во кој работниот народ има можност да вложува пари (кој колку може) за во моментот кога ќе отиде во пензија да има дополнителни средства за да го зајакне својот пензиски буџет. Значи, ете ја државата на дело! Ако прашате дали ова можност некој ја има искористено и покрај сите реклами и убедувања дека третиот пензиски столб стои на располагање, нема да добиете одоговор.
Ако имате роднини во Австаралија на пример (високо развиена земја) прашајте колкави се пензиите. Ќе ви одговорат дека со пензијата не можете да ја платите киријата. Ни во разниените земји нема плаќање без работа, па и по пензионирањето, но затоа сите имамат можност да си обезбедат дополнителни средства додека се во работен однос за пензиските денови, однсоно да се гижат самите за себе. Во нашиот менталитет е останата социјалистичката навика на алиментирање на пензионерите, убедување дека пензиите мораат да бидат високи и приближно еднакви, со висок процент во однос на редовните плати. Но, разликата меѓу тогаш и сега е во тоа што во социјализмот во пензискиот фонд за еден пензионер придонеси се слеваа од 7мина вработени, а сега во днешната македонска независна држава таа брокјка е поразителна и изнесува 1,5 вработен да уплаќа за еден пензионер.
Затоа сега, зафатени од бранот протести за општото покачување на платитие, пензионерите се приклучуваат губејќи си го времето, кое и така го имаат на располагање, во барање кое по ниедна економска лигика не може да биде остварено. Пензионерите веројатно не се свесни дека станува збор за предизборен период и дека можеби и тие се влезени во нечија политичка матрица. Тие бараат линеарно покачување на пензиите од 3,5 илјади денари, за што нема никаква логика и што дури е незаконски. Тие бараат урамниловка, односно порамнување на покачувањето на пензиите. Тие што земаат високи пензии се ставаат на столбот на срамот и се повикуват на одоговрност, без да се знае дека пензијата се одредува според утврдена формула прифатена од сите досегашни власти и ниеден службенк во Фондот за пензиско не може на своја рака да ја утврди висината на пензијата на некој свој блиозок, ниту по роднинска, ниту по партиска линија.
Никој нема право некому да му го оспори правото на протест, но овој пат мотивите се погрешни. Поуверливо би било пензионерите да ги сменат паролите под кои протесрираат, како на приемер: „поголеми шанси за вработување“, „отворање нови работни места“ што би значело порширување на основата за придонеси во пензискиот фонд, „итна и ефикасна борба против криминалот“, „одговорност за тие што го злоупотребуваат државниот буџет со погрешни и непродуктивни инвестиции“ кои прават трајни и непоправливи дупки во развојот на една дражава. Колкумина од пензионерите му аплаудираа на непродуктивното фрлање милијарди во непродуктивни инвестиции во функција на билдање на нашата национална гордост. Сега, во немаштијата, таа гордост се рони исто како и лажниот скопски мермер, кој не донесе ниеден цент профит, туку огроман дупка.
Но, ние сме нација која политичкиот популизам го прима многу полесно од економската логика. Политичкиот популизам многу полесно ни влегува, затоа што политичките параки лесно се сеат и брзо зреат, па така лесно прифаќаме пароли од типот – „крадат ама градат“. Секоја промешена инвестиција од било која страна да доаѓа ги намалува инвестициите во вистински продуктивни економски субјекти, како на пример во државната железница, во енергетски капацитети, во јавното здравство ин. кои требаше да бидат извор на полнење на пензискиот фонд. Малите пензии се последица на овие причини. Таму треба да се бараат виновниците! Тоа е основанта болка на оваа држава која ете, сега, допира до пензионерскиот нерв.