
Податокот дека стапката на невработеност изнесува 11,9% е нерелевантна, со оглед на нашата голема болка, а тоа е иселувањето. Имано, пред да почне масовниот егзодус на балканските простори, тоа е времето откако Европа ги укина визите за балканските земји, процентот на невработеноста во нашава земја реално изнесуваш 30%!
За неколку години статистиката укажува на тоа дека таа бројка се намалила за 20%, што не може да биде веројатно. За толку време и за тој процент да се намали невработеноста, односно да се зголеми вработеноста, траба и бројките на економскиот раст да покажуваат високи проценти. За да има толкава апсорпциона моќ, македонската економија би требао да покажува раст на БДП од најмалку 7% годишно, а нашиот просечен раст во последниве дваесет години изнесува 1,9%. Многу пати сме пишувале, а тоа го тврдат и економските стручњаци, дека тоа не е никаков раст, односно е некој административен раст што го има речиси секоја земја и тоа без некој здрав еконосмки концепт, можеме да речеме дека се работи за некаков „природен“ раст. Освен тоа индустриското и змејоделското производство се во постојано опаѓање, освен во некои сектори, а трговскиот дефицит е многу блиску од нивото од три милијарди евра. Еве само еден пример: прометот во индустријата во декември во однос на ноември 2024 година, бележи пад од 12.8 %, додека од јануари до декември лани во однос на истиот период од 2023, намалувањето е 10.8 %.
Земјите во кои вработеноста постојано се зголемува, кои постигнаа брз еконмски раст, како на приемр Кина, Јужна Кореја, Индија и други, чиј раст во просек континуирано изнесува 5%, можат да се пофалат со реално намалување на невработеноста. Големите економии, пак, како што е германската, италијанската, шведската, норвешката и др., кои секогаш се гладни за работна сила, особено ако доаѓа од сиромашните балкански земји, можат да се пофалат дека тоа за нив е екстрапрофит.
Ако се мериме со податоците за невработеност со западните земји, нашата невработеност треба да се движи околу 6 насто што е европски просек. Односно, овој процент се смета за полна вработеност, односно за природна невработеност, што значи, само тој што не сака да работи нема работа, или тоа е број на лица што изгубиле или ја напуштиле работата, но имаат голема шанса наскоро да најдат нова работа.
Но, со флоскулата за „историската висока вработеност“ мафтаат сите власти, како аргумент за својот успех во економската политка и со фалбата дека странските директни инвестиции се тепаат за да влезат во Македонија, дури нема место каде да ги прибереме. Во оваа смисла никој не го спомнува податокот дека, особено по ковид- кризата и по украинската криза, голем дел од станските инвеститори се повлекуваат, бараат постабилни подрачја, или не реинвестираат. Така што податокот дека во 2024 година во Македонија биле влезени милијарда евра странски инвестиции е дискутабилна, дури неверојатна.
Податоци од Агенцијата
Според податоците на Агенцијата за вработување, патем да кажеме дека таа агенција има специјален сатус во однос на приватните агенции за вработување, во моментов невработени се околу 100 илјади лица, а работодавачите бараат околу 10 илјади работници. Проблемот е во тоа што тоа што го бараат работодавачите го нема на домашниот пазар на трудот. Па така, три сектори се најзагрозени – преработувачката индустрија, градежништвото и трговијата. Но, платите што им се нудат се ниски, што е дополнителен проблем и што е причина за масовното иселување во потрага по повискот животен стандард.
Апсурдот е поголем, дури и смешен со фактот што во недостиг на домашна работна сила, се бараат работници од увоз. Па дури и тие, како од Непал и Индија, тешко можат да се задржат, затоа што нивната цел е Западна Европа во која платите се можеби три пати повисоки, а животните трошоци се помали отколку кај нас.
Ова ја удира власта по носот и кажува дека тоа не е нејзин успех на економската политика, туку дека е пораз и голема загуба за една земја и во патриотска и во безбедносна смисла.
Според последните податоци, изминативе 5 години над 170,000 работници ја напуштиле Македонија, барајќи подобра егизстенција во странство.
„Се додека на доктор по медицина или стоматолог му се нуди плата од 22 до 23,000 денари, огласите ќе бидат празни, а иселувањето ќе продложи, вели за медиумите Иван Пешевски, потпретеседател на ССМ.
Пешевски вели дека голем дел од вработените имаат намера да заминат во летниот период надвор од државата на сезонска работа, имајќи предвид дека за 5 до 6 месеци сезонска работа обезбедуваат средства за да се поминат зимските месеци дома.“ („Туѓината пуста да остане“)
По ова се поставува прашањето - дали власта наесен ќе излезе со податок за нејзин уште поголем успех во развојот на земјава и ќе пласира нови екстремно ниски бројки за невработеноста.
За сивата економија во која паралелно се остварува речиси половина од БДП, ќе зборуваме во наредната анализа. Само да споменеме дека и полето на сивата екомонија е поле за „вработување“ на голем дел од населението, кое поради немање работа, се определува за работа на некоја тезга чиј приход не се евидентира ниту се собира во вид на данок, ниту пак луѓето се ставаат во списокот на вработени, што исто така може да се смета за неуспех на сите досегашни наши власти, кои не успеаја да ја стават сивата економија под контрола, односно и’ гледаат низ прсти во име на социјалниот мир.