Владата на редовната седница што се оддржа на 11-ти јули, на предлог на Министерството за финансии утврди текстови на три предлози на закони, чии одредби, како што соопштува владата, се усогласуваат со директивите на Европската Унија и на европското право.

Така, освен намалувањето на ДДВ-то од 18% на 5% за прометот со менструални производи; за дигиталните учебници; се зголемува стапката на ДДВ од 5% на 10% на производи за човечка исхрана што не се дел од основните производи потребни за човечка исхрана; се зголемува даночната стапка за прометот и увозот на пелети, печки на пелети и котли на пелети од повластената даночна стапка од 5% на редовната стапка од 18%!!!

Кога нешто се намалува, се разбира, луѓето се радуваат, како кога се радуваа кога беше воведена повластената стапка на цената на пелетитие, печките и котлите, а негодуваат во обратен правец. Но, зголемувањето на стапката на ДДВ-то за пелетите и за соодветната опрема има друга димензија!!!

Намалувањето на стапката на ова гориво во Македонија беше воведено како стимул за префрлање на домаќинствата на начинот на грење со цел да се намали загадувањето на воздухот, кој во нашава земја е еден од најзагадените во светот. Потоа, идејата беше модерна - да се користат енергенси од обновливи извори од истата причина. Тоа наиде на одобрување и поздравување, а државата даваше и субвенции за купување печки.      

Новата мерка, зголмеувањето на ДДВ-то за пелетитие, печките и котлите, е негација на целата таа теорија, идеја,  реклама и убедување - луѓето да купуваат сооветна опрема,  која воопшто не е евтина. Сега, веројатно тие што го сменија начинот на греење, од струја и дрва – на пелети, веројатно го ставаат прстот на слепоочницата.   

Ако за една сезона едно просечно домаќинство потроши 2 тона (што е просек) по цена од 270 ден. по вреќа од 15 кг., колку што чинат на денешен ден, тоа е рамно на 600 евра. Со зголемувањето на стапката, и врапцит знаат дека, не само ДДВ-то, туку трговците ќе искористат шанса за зголемување на маржата, особено при зголемена побарувачка во периодот што доаѓа и особено на почетокот на есента, па вреќа плети сиругно ќе чини околу 400 ден, колку што чинеше лани, во екот на кризата, предизвикана од војанта во Украина. Со ова, владата/државата, една идеја и мерка за олеснување и поевтинување на греењето, за намалување на загадувањето на воздухот, ја враќа назад, во ремето на големата побарувачка за дрвтата, а најмногу ги упатува граѓаните на потрошувачка на струја, затоа што цената на потрошената струја нема да биде псокапа од трошокот за пелетите, а плус е многу поедноставно – стао стискате едно копче и топлината доаѓа од грејните тела, што ги има на пазарот во разни модерни форми.   

Со кое образложение ќе излезе сега владата. Всушност, таа се правда дека тоа е за усогласување на законите што се однесуваат на енергетската политка со законите на Европската унија. Но, тоа образложение паѓа во вода, по толку убедување за „пренасочување“ на начинот на греење, кое, наводно, најмногу го загадува воздухот во градовите, мерка што не се прдвиде на долг рок.

Единствено добро е тоа што оваа мерка се обзнани на средината на летото, па тие што се мислат, имаат време да се премислат.