Нацрт-законот за користење енергија од обновливи извори е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) и на веб страната на Министерството, со што започна 30-дневниот период на јавна консултација со граѓаните, стручната јавност и сите релевантни чинители.

Овој закон претставува стратешки чекор напред, со кој обновливите извори на енергија за првпат се уредуваат во посебен закон (Lex specialis), одвоен од останатите енергетски закони – по примерот на голем број земји од регионот и ЕУ. Причината е јасна: обновливите извори на енергија (ОИЕ) претставуваат сложена, но сè поважна и динамична област, со огромно влијание врз економијата, екологијата и енергетската независност, се наведуваа во соопштението.

 

Воведување на нов финансиски механизам – „Договор за пазарно порамнување на разликата“ (Two-way contract for difference), кој гарантира стабилност и предвидливост на приходите за производителите на енергија од обновливи извори, а истовремено ги штити потрошувачите од екстремни ценовни флуктуации, како и поддршка за долгорочни инвестиции и забрзан развој на ОИЕ во секторите греење, ладење и транспорт се дел од Нацрт-законот за користење на енергијата од обновливи извори  кој го подготви  Министерството за енергетика.

Меѓу најзначајните новини во законот е воведувањето на нов финансиски механизам на европско ниво – т.н. двонасочен договор за пазарно порамнување на разликата во цена (two-way contract for difference).

Овој механизам ќе обезбеди: финансиска стабилност за инвеститорите ,ограничување на прекумерните добивки при високи цени, гарантиран минимален надомест за производителите, заштита на крајните потрошувачи од нестабилни пазарни цени.

Со нацрт-законот првпат се регулираат и методите за управување со вишокот на произведена енергија:Net metering – вишокот произведена енергија се пренесува како енергетски депозит за следниот период;Net billing – вишокот се пресметува во парична вредност и се користи за намалување на сметките во следните периоди. Со овие методи се овозможуваат поефикасно користење и пласирање на произведената електрична енергија од домаќинствата и бизнисите и обврзниците за одржливост и намалување на емисиите на стакленички гасови.

Законот исто така ги појасни правила за создавање заедници за обновливи извори на енергија  – групи граѓани, компании, правни лица  здружени на доброволна основа и го стимулира колектривното локално производство и потрошувачка на енергија од обновливи извори, со цел обезбедување на  еколошки, економски или социјални интереси за заедницата  или за општината.

Предвидена и е регионална соработка и интеграција на обновливите извори во енергетските пазари, со гаранции за потекло на енергијата.

Од Министерството информираат дека законот е подготвен  согласно Владината програма за 2025 година и со цел да обезбеди јасна и комплексна регулатива која ќе ги уреди сите аспекти поврзани со обновливите извори на енергија (ОИЕ) — од поставување цели и мерки за поддршка, до конкретни механизми за финансиска стабилност и заштита на потрошувачите.

Значи законот опфаќа мерки за поддршка на долгорочни инвестиции, развој на обновлива енергија во сектори како греење, ладење и транспорт, како и регионална соработка за интеграција на обновливите извори во енергетските пазари со гаранции за потекло на енергијата. Поставени се и обврзници за одржливост и намалување на емисиите на стакленички гасови.