
Земјава и оваа година, по седми пат, учествува во оганизацијата на „Филмскиот ден на младата публика“.
За таа цел, младите од нашата земја, кои се на возраст од 12 до 14 години и се љубители на филмот, имаат можност да бидат дел од меѓународното европско младо жири и сите заедно да изберат најдобар филм за млада публика.
Според старата... На младите... Филмот останува.
Сите заинтересирани треба да се пријават и да ги изгледаат трите номинирани филмови: „Pinoccio“ на Матео Гароне (италијанско-француско-британска копродукција) 2019 г., „The crossing (Flukten over Grensen)“ на Јохане Хелгеланд (норвешка продукција) 2020 г. и „Wolfwalkers“ на Том Мур и Рос Стјуарт (ирско-луксембуршко-француска копродукција) 2020 г., и да гласаат за својот фаворит.
На настанот учествуваат 38 земји од Европа, а наградата за најдобар филм за млада публика ќе се додели на 25 април.