
Овој петок (30-ти април), NOVA International Schools го одбележува International Jazz Day со концерт на Златен Орикс Квартет, составен од четворица извонредни музички таленти кои ja добија наградата „Златен Орикс“ што последниве 4 години Скопскиот џез фестивал и Qatar Airways ја доделуваат за најдобар млад џез-музичар во Македонија.
Тоа се: Иван Петровски - гитара, Филип Димишковски - пијано, Андреа Мирческа - контрабас и Виктор Филиповски - тапани.
Настанот ќе биде пренесуван во живо преку лајв-стриминг.
Уште еден доказ дека на младите... џезот останува!