
Градот е нем
На моите прашања
Градот е нем
На моите повици
Погледни го
Моето бледо лице
Насмевот мој
Поладен од мраз
Мизар, 1988
Обидите да се направи музика „преку мрежата“ не можеа да го надминат недостатокот на заедничко искуство. Сè се претвори во обична уметност, без страст.
Дали е можно да се создаде музика искрено, со сите духовни и физички вештини, а во исто време да не се чувствува потреба да се откриете креацијата, таа да и се понуди на околината? Да се создадат врвни дела и потоа љубоморно да се чуваат од реакцијата на надворешниот свет, од туѓа проценка?
Дали е прифатлива креација само во сопствената имагинација, онаа што ќе исчезне во моментот кога исчезнува идејата што ја започна? Музиката е уметност која бара брза реакција од публиката. Потребен е експеримент, и ако нема одговор на тоа, нема знаење дали успеал или не.
- За мене сцената е единствениот смислен уметнички простор за акција. Емоционално и физички. Тука се случува катарзата што ми треба - објаснува француската пејачка, композиторка и продуцентка Елоиз Аделаида Летизер, попозната по нејзиното уметничко име – „Кристин и Квинс“. Пандемијата на Ковида 19 прекина сè. И таа пауза со непредвидливи последици трае веќе повеќе од една година.
- Дури и во овој миг, замислувам настап во живо. Тоа е искуство само по себе, на кое публиката и ја става последната точка со својата реакција, имагинација. Јас пренесував некои свои настапи во живо преку Интернет и, искрено, кога завршив, се чувствував мизерно, фрустрирано, ми се насолзија солзи во очите ...Како да сум наркоман, кој неуспешно се обидува да се ослободи од дрогата - вели Летисер.
Викендов се одржаа два врвни концерта. Онлајн. Со купени билети, со публика од целиот свет. Раде Шербеџија од Загреб, од студиото на „Кроација Рекордс“, и Рамбо Амадеус од Белград.

И се беше неверојатно добро. Освен, енергија која може да се почувствува на живите настапи.
- Добредојде на нашиот концерт, виртуелен. Го одржуваме во студиото Кроација рекордс во Загреб, во Дубрава. Симнете ги маските и чувствувајте се пријатно во вашите станови, во бифеа или на улица, и ние ќе ви помогнеме со нашите песни, поезија, музика... - кажа Шербеџија на почетокот на концертот.
И Бајага имаше слично „искуство“:
- Направивме концерт во живо преку Интернет, вели Бајага, и продолжува: Ја отсвиривме првата песна и застанавме за момент. Се погледнавме како во некакво очекување: Што е следно? Без надворешни реакции, без емоции од другата страна ... Продолживме без страст, како со некаков автоматизам...
И навистина, каква е тоа музика без врева на публиката? Обична потрага по неотсвирените тонови, незамислени хармонии ... Како може еден творец да открие дали е на вистинскиот пат, дали ќе го разберат оние на кои ќе им се обрати, ќе ја прифатат неговата мисла или сè ќе остане заробено во четирите sида на собата, студиото?
Музиката не е книга што се чита напнато, или филм кој се гледа со чипс, пуканки кока-кола или пиво. Музиката е посебен вид на настан, предизвикува специфични емоции, бара директна комуникација со оние за кои е наменета, бара - шоу во живо, концерти...
„Остани дома, слушај музика ...“ е универзален совет до сите оние кои се најдоа (и сè уште се заробени) во глобалниот вртлог на пандемијата во изминатата година. Можеби споменатиот совет може да им помогне на мнозинството што спаѓа во категоријата потрошувачи, но што е со оние од другата страна на линијата - со креаторите?
Тие не можат само да се прикрадат во еден агол од собата, да стават слушалки на ушите и да стават грамофонска игла на една од плочите на „Пинк Флојд“. Потребна им е акција, слобода на создавање. Tокму тоа што им беше одземено. Корона ги оддели од публиката, единствениот валиден рапер кој ги цени нивните перформанси.

Надежта дека барем Интернетот и врската со целиот свет можат да помогнат во таа смисла брзо згаснаа. Обидите да се направи музика „преку мрежата“ не можеа да го надминат недостатокот на заедничко искуство. Сè се претвори во обична уметност, без страст, што не им носи вистинско олеснување дури и на оние што учествуваат во тоа.
Па, „Ролингстонси“ не се најголеми заради нивната увежбаност. Напротив, токму фината доза на „валканост“ е тоа што ги разликува. Она што ги приближува до публиката и ги обединува со неа.
Борбата за слобода на правење музика не е само борба само за физичко преживување на милиони семејства. Тоа е првенствено бегство од ситуација која е задушувачка. Малите клубови каде повеќето музичари заработуваат леб на дневна основа, одамна се затворени. Капацитетите на големите сали се намалени со одлуките на разни кризни штабови, само на една четвртина, што го прави секој концерт однапред непрофитабилен.

Затворањето во музичко студио е можен начин да се избега од секојдневието, но тоа не носи пари. Напротив, секој час на снимање чини исто како и во време кога не беснееше пандемијата. И повторно се враќаме на приказната за создавањето, ограничена од сопствената фантазија и без повратни информации.
Можеби ова време е добро за осамените, но повеќето луѓе бараат искуство, искуство кое барем за момент би ги потсетило дека се - живи...
