
Компанијата „Салцбург чоколада“ од Гредиг, позната по производството на Моцарт кугли, поднесе барање за стечај до провинцискиот суд во Салцбург.
Поради овој неочекуван крах, синдикатите заедно со работничкиот совет и раководството планираат да разговараат за состојбата и да ги информираат вработените.
Иако компанијата бележеше профит во изминатите години, минатата година пандемијата силно ја погоди, напиша директорот Кристијан Шигерл.
Поради значително намалениот број на туристи, манифестации и прослави, забележан е пад на продажбата на чоколадни производи, но и на Моцарт кугли, пренесува Танјуг.
Падот на прометот од лани можеше само делумно да се компензира во новата деловна година, но покрај нови клиенти во извозот и државната корона помош, годинава, поради кризата лани, ќе има огромна загуба.
„Сегашното заклучување и значителното зголемување на цените на суровините, енергијата, платите, трошоците за логистика, материјалите за пакување се дополнителни причини“, додаде Шигерл, додавајќи дека на вработените не може да им се исплатат ноемвриските плати, како и божиќниот бонус.
Инаку, оваа компанија ги произведува „Chocolate Bobby“, „Maria Theresa Thaler“ и „Salzburg Confishers“.
Компанијата е основана во 1897 година под името „Реисигл фабрика за слатки“ во градот Салцбург, а во 1956 година е преместена во Гредиг.
Фото EPA/Rolf Vennenbernd