(продолжение од минатиот број)
Иако постои можност жителите од регионов да одат на работа во соседните земји, тоа не се случува или е многу слабо. Луѓето од овие простори доминантно ги избираат земјите на Европската унија, најмногу Германија и Австрија. За тоа време, земјите од регионов увозуваат работна сила од Југоистична Азија. На неодамнешната конференција во организација на српскиот „Институт за развој и иновации“, што се оддржа во Белград, беше објавена информација во која се вели дека од распаѓањето на Југославија до денес регионов го имаат напуштено 10- милиони работоспособни граѓани. Се претпоставува дека во догледно време на регионот ќе му фалат нови 80 – 100 илјади работници. За овој проблем побаравме мислење од потпретседателот на Сојузот на приватните агенции за вработување на Македонија, Саша Ристиќ.

- Сепак, дали ако набрзо и кај нас се инсталира таа роботика и автоматика, проблемот со наоѓање работна сила ќе се ублажи?
- Пак ќе речам, ние имаме проблем во електронската комуникација, несогалсување на технологијата меѓу две сродни инстутуции, на пример меѓу УЈП и Агенцијата за вработување во кои работникот си го бара стажот и не може да го најде, а зборуваме за вештачка интелигенција. Ние имаме луѓе, програмери, кои програмираат за странски фирми, но не знаеме или не сакаме да ги најдеме и да ги ангажираме во процесот на автоматизацијата, која во светот се шири многу бргу. Но, не верувам дека тоа кај нас наеднаш ќе придонесе проблемот со невработеноста да се реши. Од друга страна сме скептици дека факултетите што се отворија во секое село или град ќе продуцират некаков стручен кадар.
- Дали таа нова технологија по лигика на нештата првин во Македонија ќе ја донесат странските инвеститори?
- Странските инвеститори можеби и ќе ја набават, но кога сакаат можат да си заминат одовде. Тие не се обврзани во Македонија или во било која друга држава да даваат некој посебен придонес за развој на државата, да донесат некој технологија од што ние толку многу ќе се развиеме. Поради недостигот на работна сила тие постигнаа некаква соработка со одредени школи за обучување кадар за нивните потреби. Тие тоа го претставуваат како нова метода, како дуално образование, што го имавме ние пред 30-40-50 години во тогашните стручни школи од кои вадевме на пример економски техничари, правни техничари, земјоделски техничари, електротехничари, машински техничари, профили од сите занаети кои практиката ја имаа во малите прсти. Тие знаеја што е вирамн, што е фактура и тн., а сега тие работи не ги знаат, ниту што се, ниту знаат да ги поплнат. Тоа е голем проблем за нас.
- Дали оваа ситуација може да доведе до сосојба приватните агенции за вработување да го изгубат своето место во економскиот систем, ако за нив нема работа, па да почнат да бидат приморани да ги отпуштаат и своите вработени?
- Има голема разлика во работата и статусот на државната агенција и на приватните агенции за вработување. Приватните агенции се занимаваат и со наоѓање кадар, проценка на кадарот, воведување во работата, потојано следење на неговата работа, без ралика да ли е вработен преку агенцијата или е директно вработен кај одреден клиент. Работиме едукации, тренинзи... сето тоа што еден приватник нема потреба да го има во својата фирма како трошок и како фокус на работење. Нему му останува да се фокусира на својот производ и да гледа како да го пласира и да има раст. Ние се занимаваме и со други агернциски работи кои други државни институции не ги користат, а приватниот сектор ги користи. Нормално е дека агенции ќе се отвораат и ќе се затвораат. Откако постојат приватните агенции за вработување од 2006 година имаше агенции кои влегоа на пазарот, направија штети, се повлекоа... Дали се процесуирани или не, не знаеме. Тие мислеа дека оваа работа е лесна, но не е воопшто така, туку е покомплаксна. За жал така не’ перцепираат и луѓето од Правниот факултет, во Министерството за труд и социјала, во владата... Тие не третираат само како тендер-агенции, што мислиме дека е примитивно и површно однесување од одредени лица кои едноставно немаат знаење за оваа проблематика, а имаат големо влијание во подготовката за законската регулатива и на стратегијата за развој и на се друго. Ние агенциите не стравуваме, туку треба да почекаме подобри времиња, да се појават лица што навистина ќе ја разбираат проблематиката со кои ќе можеме да направиме подобра ситуација и за нашава држава и за нашава проблематика.
- Дали ницијативата „Отворен Балкан“ може да ја ублажи ситуацијата?
- Во рамките на таа иницијатива нема да се направат значителни чекори. На нучната конференција во Белград беа изнесени податоци за тоа колкумина странци се вработени во Србија. Тие податоци кажуваат дека од 15 илјади странци, само 250 души се од регионот. Што значи дека меѓусебната „размена“ на работна сила во регионов е многу слаба, а тоа се должи на се уште неусогласеноста на законите што се однесуваат на оваа сфера. Законите не мораат да бидат индентични, но треба да бидат функционални за таа размена и барањето работа да може да се одвива полесно во интерес на сите земји од регионов од кој се одселени 10 милиони работоспособни лица. Така, иницијативата „отворен Балкан“ во секторот вработување покажа многу мали резултати. Ако се направи такво законско усогласување, ние, приватните агенции за вработување можеме да дадеме значаен придонес за работењето на грѓаните од регионов во нивнте соседни земји. Со изедначување на регулативата би дошло до некакво окрупнување на регионот и така тој би стнал попривлечен за странските инвеститори. Големите компании што доаѓаат кај нас бараат регионални потенцијали. Македонија, со население под два милиона, не е некој привлечен пазар, ниту пак Србија со околу 7 милиони жители е некаков голем пазар за одредени компании. Ако сакаме да провлечеме компании што ќе донесат овде висоа технологија, мораме да покажеме потенцијал на пазарот, во спротивно не можеме да привелеме високи технологии.