
- Со оглед на актуелнава ситуација на пазарот на работна сила, како оди соработката со здравствениот систем, како да се пополнат испразнетитие места со лекари и со медицински сестри?
- Приватните агенции за вработување со здравствениот сиситем работат долги години, уште од времето на младинските задруги како и од донесувањето на Законот за приватните агенции од 2006 година, со што многу се подобрија условите на функционирање на сиот медицински персонал што беше ангажиран во Македонија, особено во Клиничкиот центар во Скопје во кој, тогаш, медицинскиот персонал добиваше по 6-7 илјади денари плата, што не може да се рече дека е плата, а на тоа се плаќаше и персонален данок. Стажот на тој персонал не беше платен, ниту здравственото осигурување. Од донесувањето на Законот во 2006 година, таа слика се смени – секој медицински и технички кадар, ангажиран во здравствениот сиситем, добива еднаква плата како и вработените во самиот Клинички центар. Значи, медицинска сестра, што работи на определено време, од тогаш ги добива платите редовно. Со тоа го подобривме начинот на функционирање на здравствениот систем. Во Клиничкиот центар ние функциониравме и во времето кога тој беше една целина, и сега кога е разделен на повеќе делови. Последен директор на тој единствен клинички центар беше др Борче Георгиевски кој се противеше на распарчувањето на тој клинички центар, затоа што нема логика да се намалат трошоците кога една организациона целина ќе се раздели на повеќе делови. Треба да се има на ум и тоа дека во самиот клинички центар постојат непрофитабилни дејности што се финансираат од другите здравствени единици што се профитабилни, односно во кои се наплаќаат одредени партиципации. За да се развива еден клинички центар и сите негови сектори, тој треба да биде една целина. Не постои пример во светот што укажува на тоа дека разградувањето на една целина носи поголем профит и помали трошоци. Со раситнувањето на Клиничкиот центар, администрацијата во секоја клиника двојно се зголеми. Со тоа „режиските“ трошоци двојно се зголемија, затоа не можат да функционираат и да опстанат. Тоа што ние го согледувавме како аганции, дојдовме до заклучок дека во Македонија треба да има минимум 4 клинички центри, како скопскиот, за да се растовари Скопје, за да не доаѓаат луѓе од најдалечните места и тоа да им биде дополнителен трошок, но и да се намали притисокот врз скопскиот центар. Хаосот во него може да се види уште на влезот. Во самиот круг на Клиничкиот центар не можете да се движите, не можете да однесете пациент на соодветната клиника, затоа што пристапите до клиниките се блокирани од возила. Клиничкиот центар е претворен во најголем паркинг во државава. Возилата на Брзата помош не можат да се пробијат до Ургентниот центар. Значи, тој сиситем не функционира и треба да се реорганизира во целост – да се врати таков каков што беше и да се работи на создавање на соодветни кадри. Патриотизмот - дали имаме функционална или нефункционална држава, се гледа преку здравството и образованието. Всушност, еден од параметрите за успех на една држава е здравството.
- Во ваква ситуација, како оди соработката меѓу здравственот систем и приватнивте агенции за вработување?
- Откако се поделени клиниките, како посебни правни субјекти, секоја клиника си ангажира посебна агенција преку тендер. Со тоа се нема јасна слика – дали во Клиничкиот центар има превработеност во одредени сектори. Ако има превработеност, тоа се преголеми трошоци што можат да се пренасочат во зголемување на платитие на медицинските сестри, односно на целиот медицински персонал и така да се стимулира и да се задржи. Ние, како агенции, ако гледаме себично, би рекле – супер, шанса што повеќе да го измолземе тој апарат, но не се однесуваме така. Сите сме согласни дека тој центар треба да биде една организациона целина со еден директор. Ние го нарекуваме Клинички центар, но тоа е збир на повеќе посебни организации кои работат секоја сама за себе.
- Колку е погоден здравствениот систем од одливот на медицинските сестри и воопшто од иселувањето на медицинскиот кадар?
- Па, многу. Тоа е последица на стихијата во образованието, за што зборував поред малку. Ниедна политичка сила не се занимава со реформи во образованието и во здравството, затоа што тоа не дава резултати веданш, туку по 5-10-20 години. Кај нас се гледа политичките поени да се освојат сега и веднаш. Затоа добриот медицински кадар бара излез или во приватниот сектор, или во развиените земји во кои условите за заработка и за работа се неспоредливо подобри. Германија има пресметано дека земјите од бивша Југославија и’ подариле голем капитал во медицински кадар, без таа да инвестира во него. Кога квалитетниот кадар заминува, се отвора простор за нестручниот, неквалификуваниот, од кого добиваме неквалитетна услуга, дури со дрскост кон пациентите.
-Каква е побарувачката за кадар на Клиничкиот ценатар и на сите здравствени установи и дали може да се најде на нашава територија?
- Таков кадар нема! Ниту на домашен терен, а да привлечеме таков кадар од станство, е невозможно. Првин, кај нас нема континуитет во надоврзувањето на кадрите, на учење на помладите од постарите, кај нас во тој континуитет има голема празнина, нема пренос на знаење од пострите колеги на помладите. Што се однесува до кадарот од странство, секаде во светот тој кадар е дефицитарен. Затоа, реков дека патриотски се однесуваат држави што се грижат за производство на тој кадар, а понатаму го негуваат и се грижат за него. Со тоа се постугнува самостојност, во спротивно станувате зависни од кадар што треба да го лекува вашето население. Тоа е една од причините поради која населението се иселува од државата. Човек може да има и големи плати, но ако нема квалитетна здравствена услуга, норамлно е да бара подобра услуга во странство.
- Дали недостигот на квалитетен и стручен кадар е една од причините за неработењето на операционите сали во Клиничкиот центар?
- Па, како што реков, ние во организациона смисла не треба да си играме со здравствениот систем. Ние пристапуваме кампањски и затоа ни се јавуват проблеми во било која негова сфера. Самите доктори признаваат дека има голем процент на смртност, што е уште една потврда дека системот не функционира. Поеднично имаме кадри кои имаат направено големи подвизи што е за поздравување, но во овој систем тие наидуваат на големи тешкотии. Треба да се знае дека здравствениот систем треба да функционира како војска, наредба и извршување, нема простор за никакви импровизации и за политизација, не со партиски вработувања, затоа што нестручниот кадар е зло за секого, без разлика на неговото политичко убедување или припадност. Во здравствениот систем не постои поделба меѓу ваши и наши! Системот треба да функционира врз основа на долгорочна стратегија. Не можеме да имаме вработени кадри со ветеринарно образование, затоа што во здравствените центри се лекуваат луѓе, а не добиток. Тоа е одговорот на вашето прашање, значи во прашање е работата на целиот систем, не само на некоја клиника посебно.