
По резултатите од локалите избори, во кои, според бројот на освоени општини, јасно се чита кој победува, слободно можеме да речеме дека тоа е политиката за која во досегашниот период од нејзиниот актуелен мандат, од европските партнери ги добивме најнегативните критики во однос на водењето на политиката и во однос на водењето на економијата. Нашите европски партнери, политичките лекции ни ги отчитаа безброј пати со доаѓањето на голем број нејзини емисари и од пониските ешалони, но и од највисокиот тесен круг кои најдова време да и’ се посветат на Македонија и покрај своите проблеми во однос на релациите со Трамп, во однос на ставовите и одкуките што се однесуваат на релацијата Русија-Украина - со јасно изразен став, без заобиколување, туку јасно и гасно дека „топката е во наши раце“.
На економски план, Европскатa унија исто така ни дава знаци, но овој пат тие изгледаат како укор и како однос кон земја што не е достојна и не заслужува поголема награда. Затоа, Унијата од ветените 43 милиони евра за реформите до јуни 2025 земјата, ни дава само 16 милиони за три реформски закони и тоа во Министерство за дигитализација. Овие податоци се извадени од последниот извештај на Европската комсија за Македонија.
Во извештајот јасно и гласно се оцртува незјизната перцепција кон нас како земја, како државна организација и како начин на владеење со забелешка дека сите останати реформи или не се спроведени, или преземените мерки и реформски проекти и закони не се признаени од страна на ЕУ. Во Извештајот јасно се наведуваат минситерство по минситерството, што е за Македонија голем пораз со елементи на укажување на мало дете дека тоа што му е кажано не го разбира, а камоли да го исполни.
Мудрите луѓе би рекле, не верувјте ом на пофалбите од пријателите, верувајте им на конкретните зафати и на бројките од кои нема бегање и отстапување.
Што се однесува до транспортот, крвотокот на економијата и трговијата, ништо не е мрднато за изградба на вистинска здрава и брза пруга во правец север-југ, значи од европските земји кон солунското пристаниште, едно од најголемтие пристништа во Европа од кое кон север до европските змјит стоките би патувале најбрзо, со што би се намалила и нивната малопродажна цена поради пократкиот пат. Но, Макеонија нема ни планови ни проекти со кои би аплицирала за добивање на овие наменски средства.
На Министерстовото за економија, од 6 обврски, призанени му се само три, како и на Министерство за дигитализација и затоа земјата, од гаранатираните 70 милиони, засега добива само 17,13 милиони.
Пред неколку месеци беше најавен почетокот на градежни активности за изгадба на пругата, но потоа владата соопшти дека реализацијата ќе почене дури ова време догодина, а дека во тек била подготовкат на потребните студии.
Пред неколку месеци, пак, министерот за транспорт во Лондон рече дека желбата на владате е летово што измина да има договори, а есенва да почнат работите на теренот, но, еве, поминува и есента – нема ни договори ни некаков почеток на градежнте работи.
Познавачите велат дека сè уште се работи само на подготвување на потребните документи, што треба да му се дадат на увид на тој што ќе пројави интерес да ја финансира пругата. Засега тоа бил еден понудувач кој дал исклучително добри услови. Но, кај нас таквите понудувачи не поминуваат на тендерите, кај нас важат некои чудни правила за кои ЕУ постојано не удира по носот со забелшка дека Македонија е едн од змејите со најголема оруција во светот.
Министерството за финансии пред неколку месеци испрати писмо со барање до повеќе меѓународни финансиски институции и банки за да се обезбедат пари за пругата.
Друга сфера во економијата е конторлата на државата и реализацијата на наплатата за експлоатција на природните мекедонски богатства од концесиите што им ги има доделено државата на концесионерите. Лани, ревизијата објави податок дека од сите концесионери државата има наплатено само милион ипол евра, што значи дека за тие огромни количества рудни богатства се наплатени минимални суми, односно дека сето тоа богатство што ни припаѓа на сите нам и на нашите поколениа, концесионероте го ставаат во сопствениот џеб и никој не расмислува дека за да се користи и да се експлоатира тоа богатство треба соодветен надомест што ќе оди во буџетот на државата како заедничка каса во која се собираат заеничките пари.
Пед неколку дека беа одземени 46 концесии за рудници и активирани беа 4 банкарски гаранции за фотоволтаици, тоа се „Пуцко Петрол“, „Сол Груп 5“, „ЕМК“ ДООЕЛ и „СБН Енерџи“. Овие фирми не ги почитувале обврските од потпишаниот договор, односно не ги изградиле централите во предвидениот рок, по што министерството за енергетика ги активирало банкарските гаранции во вредност од 640 илјади евра. Но сето тоа се чини доцна! олем дел од македонските руди веќе се мелат во високите печки на инвеститорите. Од направените контроли од почетокот на годинава, инспекторите утврдиле дека најголем дел не ги плаќале надоместоците за концесија, не експлоатирале во согласност со законскиот минимум од 20-отсто годишно, а немале ни еколошки дозволи.
Ако Македонија сака да го зголеми процентот на својот економски развој, не само што треба да ја преструктуира и да ја осовремени својата економија, да држи чекор со современите движења што ги предводи вештачката интелигенција, туку теба и да ја зголеми продуктивноста и да ја контролира експлоатацијата на нејзинтие рудни богатства и другите природни ресурси, како шумите, од кои одгромен дел изгореа во пожарите во последниве години.
Последниот извештај на Светската банка прогнозира раст на македонскиот БДП од 3,1% за оваа година, што всушност не е никаков раст, бидејќи тој осцилира меѓу 1 и 3 проценти веќе три децении, а за вистински раст се потребен најмалку 5 проценти и тоа континуирано, не само неколку години туку многу подолг период. Македонија тој период го има пропуштено уште од самиот печеток на своето ново државно конституирање од разни политики причини и од големи економски гафови и пропусти.
Вкупниот јавен долг на Македонија изнесува околу 60–62% од БДП, што е нешто над 9 милијарди евра.
Државниот (буџетски) долг е околу 50% од БДП.
Надворешниот долг (вкупен долг кон странство и државниот и приватниот) се движи околу 75–80% од БДП.
Иако во моментов сме подобри од Босна и Херцеговина, сепак секој има право да напредува и да ги остави конкурентите зад себе, а тоа и’ се заканува и на Македонија, која во развојот може да остане на последното место во регионов.
Со три проценти раст на БДП 2026 и 2027, македонската економија ќе има најнизок раст од земјите на Западниот Балкан. Годинава и за следните две години прогнозите на банката се дека Косово ќе има највисок раст на БДП и тоа 3,8 за 2025, и 26 и нешто подобро во годината што следи.