
Фото-монографијата „Лајбах, 40 години вечност“ од Теодор Лоренчиќ, еден од поранешните членови на култната словенечка група, неодамна е објавена во Србија, во издание на „Службен весник“, а најинтересните фотографии ќе бидат прикажани неделава, на изложбата во Југословенската Кинотека.
- Четири децении откако Лајбах со својот изглед тектонски ја потресе СФРЈ и идеолошки ја подели Европа, се појавува фото-монографија, која за прв пат пред јавноста ги презентира деталите од историската турнеја, благодарение на што култниот бенд ја освои светската музичка сцена денес по забраната во Југославија.
„Roadmuvi“ ја раскажува приказната за уривање на Железната завеса и историската турнеја „Окупирана Европа 1983“, открива претходно необјавени фотографии од Австрија, Унгарија, Источна Германија, Западна Германија, Полска, Холандија, Англија...Тие, по скоро 40 години се пронајдени и обелоденети од авторот и учесник на турнејата - Теодор Лоренчиќ.
Името, симболите и настапите на групата Лајбах секогаш значеле провокација, а таква е и книгата со „фотографии што се читаат повеќе отколку што се гледаат“.
[embed]https://www.youtube.com/watch?v=2P2oF9qYo4U&t=2s[/embed]
Уметничкиот концепт според кој е направена книгата е смел, оригинален, духовит и предизвикувачки.
За четири децении, Laibach Kunst одржа повеќе од 1.000 концерти низ целиот свет, во 293 градови и 45 земји. За нив се напишани докторски дисертации, издадени се 36 албуми во различни формати, продадени се над милион плочи.
Во своите 40 години Лајбах имаат добиено разни епитети - од најконтроверзниот до најопасниот бенд на светот... Барем така американската музичка критика ги дефинираа коментирајќи ја американската турнеја...
Авторот Теодор Лоренчиќ исто така потсетува дека Лајбах е единствениот странски бенд што настапил во Северна Кореја на концертот наречен „The Sound of Music“.
[embed]https://www.youtube.com/watch?v=SQORt5Y7Eqo[/embed]
