Криптовалутите на централните банки – пат кон демократизација на парите.- Историјата на парите е историја на борбата за контрола на платниот систем и издавање ( емисија) на нови пари. Денес, кога и двата процеси ги контролираат банките, единствениот резултат од напорите на централните банки да ја стимулираат економската активност е понатамошното зголемување на нееднаквоста. Додека проблемите со економската стагнација и претстојната климатска катастрофа остануваат нерешени. Поради што неминовно е овој картел да се растури. А, тоа може да се постигне со издавање крипто -валути од централните банки.
Криптовалутите на централните банки – пат кон демократизација на парите
Повеќето од парите денес ги произведуваат приватни банки
Без разлика дали префрлате пари од сметка на сметка или плаќате кафе со дебитна картичка, сите ваши трансакции со пари поминуваат низ дигитален систем кој е во целосна сопственост на банкарите. Нешто што треба да биде јавно добро, како што се патиштата и канализационата мрежа, се претвори во профитабилен банкарски картел. Исто така, секој пат кога ќе одобрат нов заем, банкарите едноставно го допишуваат износот на заемот на салдото на сметката на заемопримачот и на тој начин создаваат нови пари. Долари, фунти, евра, јен, не е важно за која валута станува збор - повеќето од парите денес ги произведуваат приватни банки, практично од ништо.
Застапниците (бранителите) на таквиот систем одговараат дека способноста на банкарите да создздат нови пари е ограничена со правилата на централната банка. Со пропишување минимален удел од безбедни заеми (како што се државни обврзници или заеми за недвижен имот), централните банки го ограничуваат производството на нови пари. Ова е добро решение во теоријата, но кога ќе се појави криза и голем број на долгови, на централната банка и останува да избере помеѓу дозволувањето на банките да пропаднат и прифаќањето гаранции кои брзо губат вредност.
Да се стави крај на двојниот монопол на банкарите врз платниот систем и „дрвото на пари“
Поради таквата зависност на општеството од банкарскиот платежен систем, централните банки од 2008 година наваму ги засипуваат со пари само веќе богатите, додека сите други живеат во свет на стагнација и строги мерки на штедење. Тој тренд се засили откако започна пандемијата. Фатени во замка, централните банки веќе не се во можност да ја покренат економијата додека ги држат финансиерите под контрола. За да излеземе од овој маѓепсан круг, потребно е - веројатно не и доволно - да се стави крај на двојниот монопол на банкарите врз платниот систем и „дрвото на пари. Но, како ќе го сториме тоа?

Постојните крипто -валути кои не се под државна контрола, но го загрозуваат монополот на банкарите во платните трансакции, домашни и меѓународни, во сите други аспекти тие не се посакувана алтернатива. Меѓу бројните недостатоци, особено е нагласена неможноста да се прилагоди понудата на крипто-пари на ниво на економска активност.
Укинување на монополот на банкарите во платниот промет и создавање нови пари
Доколку ваквите валути беа прифатени пред пандемијата, владите немаше да можат финансиски да ги поддржат фирмите и работниците што останаа без работа. Што се однесува до земјите во развој кои се задолжуваат во странска валута, може да се очекува дека прифаќањето на криптовалутите како платежно средство, како што тоа го направи Ел Салвадор неодамна, ќе создаде повеќе проблеми отколку пари.
Нашата цел треба да биде укинување на монополот на банкарите во платниот промет и создавање нови пари, но нивната концентрирана моќ да не се префрли на бирократите во централните банки. Дигиталните валути на централните банки, изградени врз основа на транспарентната технологија, каква што користи и биткоин, би можеле да помогнат во постигнување на три цели: ослободување на платниот систем од закупувачите, гаранција за целосна транспарентност во производството на нови пари и демократизирање на пристапот до плодовите на „дрвото на пари“.
Дигиталните валути на централните банки се попопуларни
Интересно е што идејата за дигитални валути на централните банки станува се попопуларна кај финансискиот ештабилисмент, институција како што е Банката за меѓународни порамнувања. Чуварите на капијата на финансискиот систем ја прифаќаат идејата за крипто -валути на централните банки, бидејќи им е јасно дека ако не брзаат, тоа ќе го стори некој друг - Кинеската народна банка чија дигитална валута е во напредна фаза на развој или , што е многу пострашна опција, големите технолошки компании. Нивната цел е со воведување на дигитална валута да го зачуваат постојниот монопол на олигарсите врз парите. Задачата на прогресивните сили е да преземат контрола и да промовираат заеднички просперитет и монетарна стабилност.
Првиот чекор е да се оддели платниот систем од банкарското „дрво на пари“. Ова може лесно да се постигне ако централните банки автоматски доделат дигитална сметка, ПИН и веб или мобилна апликација на сите резиденти (и нерезиденти кои често тргуваат со резиденти) што овозможува бесплатен и моментален трансфер на пари.
Исто така, покрај плаќањето без провизии, тие би понудиле намалување на данокот од, на пример, пет проценти за средствата на сметките на централната банка, како и други даночни олеснувања, со што ќе се привлечат неискористените заштеди од комерцијалните банки, а државата би можела однапред да ги наплати даноците. Во тој случај, банкарите ќе треба да понудат навистина корисни и конкурентни услуги за да останат воопшто во бизнисот.
Во врска со прашањето за приватноста, сметките во централната банка би требало да бидат анонимни, така што само независен омбудсман, функција создадена во духот на новата поделба на власта, ќе може да ги пронајде лицата кои ги поседуваат сметките. Не треба да се заборави дека сегашниот платен систем (со строги правила за „запознавање со клиентот“) не нуди речиси никаква приватност.
Криптовалутите на централните банки – пат кон демократизација на парите
Блокчејн технологија на транспарентно дистрибуирано книговодство
Вториот чекор е укинување на социјализмот за најбогатите, што беше воведено со мерки за квантитативно (попуштање) олеснување. Наместо да даваат пари на приватни банки кои ги позајмуваат на корпорации кои ги користат за да купат сопствени акции и со тоа да го зголемат сопственото богатство без ниту еден процент реални инвестиции, централните банки автоматски ќе плаќаат месечни суми на сметките на сите резиденти, а државата на крајот на годината. би ги оданочила приходите на најдобростоечките граѓани. Со промени во економските услови, износот на таквата директна дивиденда исто така ќе се промени.
Ваквиот систем треба да се изгради на блокчејн технологија на транспарентно дистрибуирано книговодство, слично на она што го користи биткоин, од две причини: еластичност и доверба. Дигиталните валути на централните банки ќе бидат изложени на голем број ризици. Архитектурата на дистрибуираното книговодство е отпорно на хакерски напади и физичка штета. Бидејќи сумата на пари ќе ја одреди централната банка, нема да има потреба за „рударење“ како во случајот со биткоинот, па би се избегнала голема потрошувачка на енергија што ја загрозува планетата. Исто така, податоците за вкупниот износ на пари во системот секогаш би биле достапни за секого, така што централната банка нема да може да генерира инфлација и да остане анонимна. (Autor: Yanis Varoufakis -Project Syndicate)