Британската кралица Елизабета Втора ќе влезе во историјата како жена која 70 години живеела за круната, Британија и традицијата и нивните заеднички интереси во светот. На 21-годишна возраст се заколна дека ќе го посвети својот живот на ова тројство и го исполни своето ветување. Таа го водеше бизнисот на кралското семејство со својот тим и владееше стоички до последниот ден, чекајќи да прими уште еден нов премиер пред нејзината смрт.

Кралското семејство го чини секој Британец по 1,5 долари
Самата личност на кралицата Елизабета Втора, нејзините постапки, говори и активности се етаблираа како модел за тоа како една кралица треба да живее и работи. Ова се тврдењата на монархистите, но и на оние кои веруваат во „светоста на профитот“.
Таа беше далеку од прототипот на кралицата од бајките на Грим. Заедно со кралските должности и начинот на живот, Елизабета Втора го презеде и раководството на кралскиот бизнис со својот тим. Всушност, кралското семејство со своите бизниси кои датираат повеќе од илјада години е регистрирано правно лице. Кралската сопственост опфаќа земјиште, имоти, згради, рудници, ветерни електрани кои му припаѓаат на монархот, но со нив самостојно управуваат.
Поточно, кралското британско семејство живее од британските даночни обврзници (минатата година семејството го чинеше секој Британец по 1,5 долари). Но, тоа не е крајот на приказната, бидејќи државната финансиска поддршка на семејството всушност изнесува 15 проценти од вкупниот приход што го остваруваат кралските бизниси (според договорот од 1760 година, семејството секоја година поднесува извештај за нето приходите до трезорот). Ако сакаат да добијат пари од државата, мора да ги водат сопствените бизниси. Повеќе приходи, повеќе пари од државата.
Минатата година, на пример, таа поддршка изнесуваше околу 86 милиони фунти, од кои 34 милиони биле потрошени за реновирање на Бакингемската палата. Овој кралски „џепарлак“ се троши на животот на членовите на семејството, патувања кои организациски се многу напорни и затоа се голем трошок, и вработени, кои само околу кралицата биле околу стотина. Според официјалниот список на вработени кои работат за монархијата, евидентирано е дека за Бакингемската палата работат 1.200 луѓе. Платниот список вклучува ИТ екипа, експерти за односи со јавноста и човечки ресурси, фотографи, готвачи, ресторани и обезбедување.
Очекувано, секогаш имало негативни коментари во јавноста дека монархијата чини премногу, но традицијата продолжува и Британците не би биле Британци доколку така лесно се откажат од својата историја.
Бизнисот на кралското семејство
Откако го наследи тронот на нејзиниот татко, кралицата Елизабета Втора претседаваше со кралската „Фирма“ иако таа не е последна во конечните деловни одлуки. Кралскиот бизнис вреди милијарди и сите вклучени имаат задача да ја „туркаат“ оваа машина за правење пари. Имотот законски не може да се продаде, а неговата вредност е околу 28 милијарди долари. Вклучени се имоти, земјиште, ветерни електрани, рудници, Војводство Корнвол, Војводство Ланкастер, палата Кенсингтон, Бакингемската палата, имоти во Шкотска. Форбс проценува дека кралицата има уште 500 милиони долари лични средства - накит и уметност, предмети.
Во последната фискална година кралската компанија работеше со 475 милиони долари. 85% оди во британската каса, а остатокот оди во кралското семејство за трошоците за службеното функционирање според протоколите. Што се однесува до приватните трошоци, според историчарите на британската монархија, има пари од Војводството Ланкастер наречено Privy Purse. Во последната фискална година, војводството објави нето добивка од 30 милиони долари.
Што се однесува до Војводството Корвел, за тоа е задолжено принцот Чарлс, од смртта на кралицата Елизабета Втора, кралот. Ова Војводство, основано во 14 век, всушност е имот од 130.000 хектари во југозападна Англија и вреди околу 1,3 милијарди долари. Денеска за него се задолжени 150 луѓе.
Ова е исто така кралски имот кој не може да се продаде, но од него може да се заработи, во зависност од деловната способност на членовите на семејството. Минатата година, војводството заработи повеќе од 50 милиони долари, главно со тоа што го издаваше на фармери, трговци или на тамошните жители. Така, водење бизнис во рамките на Војводството Корвел е многу попрофитабилно од џепарлакот што државата му ги дава на сегашниот крал Чарлс III. Минатата година добил 2,5 милиони, трошоците биле многу поголеми (7,3 милиони чинеле 132 соработници на Чарлс, 6,75 оделе за даноци, 4,4 милиони биле потрошени за добротворни акции, главно за помош на невработени млади луѓе во Британија).
Други извори на приход
Британското семејство, како и да звучи, е медиумска атракција и туристички „златна кокошка“. Според проценките на семејните историчари, затворањето и изолацијата на Ковид донеле голем минус во кралската каса, дури 45 милиони долари. Немало патувања, дури ни туристички посети на кралските музеи, немало наплата на билети или продажба на сувенири.
Принцот Вилијам, сега другиот наследник на круната, нема директен приход од Војводството на неговиот татко, но тој и неговата сопруга Кејт имаат отворен пат да промовираат одредени производни брендови. На пример, шалот што го носеше малата принцеза Шарлота во јавност пред неколку години го изработила компанијата G.H. Hurt & Sons, која забележала драстично зголемување на продажбата на производи и 100.000 повеќе посети на официјалната веб-страница. Според историчарите со ваквите промоции семејството заработило 165 милиони долари.
Многу аналитичари за трошоците на Британското кралско семејство тврдат дека сумата што семејството законски ја добива од државната каса не е доволна за начинот на живот на монархот. Се проценува дека ним им требаат околу 400 милиони долари годишно, што е многу повеќе од она што им следува. Очигледно е дека кралицата, кралот, принцовите и остатокот од придружбата мора да работат и да водат тимови од луѓе за да обезбедат живот достоен за најистакнатото кралско семејство.
Поборниците на монархијата кои меѓу другото се занимаваат и со финансии, со бројки потврдуваат дека британската држава и економијата имаат многу повеќе корист од кралското семејство отколку што мисли просечниот свет. Ако се земат предвид само туризмот и медиумите, добивката е неспоредлива.