·

Кога заминавте за Канада?
- Од Македонија заминавме во Август 2015. По завршување на магистерските студии на Филозофскиот факултет во Скопје, на кој Проф. Иван Џепароски ми беше ментор, се запишав на втори магистерски студии по архитектонска историја и теорија на Факултетот по Архитектура во Монтреал (McGill University).
· Што работите и каде?
- Во Август 2023, почнувам со работа на нова позиција како Предавач на Карлтон Универзитетот (Carleton University) во Отава. Ќе предавам Историја на италијанска ренесанса на Факултетот по уметности и општествени науки. Пред оваа позиција, шест години предавав и работев како истражувач и асистент на Факултетот по архитектура во Монтреал (McGill University). Работната позиција на “предавач” е споредлива со позицијата и улогата на “вонреден професор” во Македонија и често е позиција што ја прифаќаат докторантите веднаш по завршувањето на своите студии, пред да обезбедат статус на редовен професор.
· Како дојдовте до тоа работно место?
- Во Мај 2023 ја одбранив мојата докторска теза и со тоа ги завршив докторските студии по архитектонска историја и теорија во Монтреал (McGill University). На најголем број од канадските универзитети, завршените докторски студии се услов за аплицирање за професорски и предавачки позиции на академскиот работен пазар. Универзитетите и факултетите редовно ги објавуваат сите отворени работни позиции на нивните веб страни. Јас редовно ги проверував новите можности и аплицирав на повеќе места. На Карлтон Универзитетот (Carleton University) аплицирав два пати и така се случи да ми успее да си обезбедам место вториот пат.
· Кога и како отидовте од Македонија таму?
- Од Македонија заминавме во Август 2015. По завршување на Магистерските студии на Филозофскиот Факултет во Скопје, на кој Проф. Иван Џепароски ми беше ментор, се запишав на втори магистерски студии по архитектонска историја и теорија на Факултетот по Архитектура во Монтреал (McGill University). По завршување на вторите магистерски, продолжив на докторски студии. На кратко, моите студиите не донесоа во Монтреал мене, мојот сопруг и детето. Кога пристигнавме немавме планови за останување во Канада. Не пристигнавме како емигранти, туку како привремени жители. Меѓутоа, Монтреал е прекрасен и лесно не плени.
· Дали имавте поддршка од родителите?
- Секогаш сум имала поддршка од моите родители. За секоја одлука и низ целиот мој живот тие биле покрај мене и ме храбреле кон нови предизвици. Моите, мајка и татко, Катица и Фарук Омерагиќ, се исклучителни родители кои демонстрираа капацитет за поддршка независен од бројот на деца што животот им го определил. Јас сум им засекогаш благодарна на моите родители, за сѐ што сториле и што уште прават за мене директно или индиректно.
· Каков ви беше патот на напредокот?
- Јас се уште се чувствувам како допрва да треба да напредувам професионално. Меѓутоа, можам да кажам дека патот до овој мој скромен досегашен напредок ми беше полн со предизвици но, истовремено, и прекрасен. Секое прилагодување на нов систем е значително и сериозно. Мене ми беше потребно долго време и многу труд за да се навикнам на франкофонската средина на Монтреал и на новиот живот во Канада. За среќа, на мојот универзитет наидов на прекрасни луѓе кои многу ми помогнаа да се адаптирам.
· Какви се условите за работа?
- Условите за работа на овие два универзитета што ги спомнав, се одлични. Универзитетите обезбедуваат пристап до најснабдените и опремени библиотеки во Канада како и фондови за истражувачки патувања и посети на интернационални архиви и галерии. Јас, како истражувач и предавач, секогаш сум имала и имам пристап до најновите софтвери и дигитални платформи преку институциите за кои работам. Исто така, факултетите по архитектура се најчесто опремени и со лаборатории за правење макети, алати, материјали и дигитални и фотографски лаборатории кои целосно ја овозможуваат креативната соработка меѓу студентите и професорите.
· Какви се можнстите за напредување?
- Можностите за напредување во академската сфера постојат, но се квантитетно ограничени по природата на професијата. Секако дека Канада има можности и поголем број универзитети од Македонија, како што има и многу поголем број жители, меѓутоа, академскиот пазар знае да биде ексклузивен.
· Дали тие можности човек треба сам да ги пронајде или самиот сиситем овозможува напредување во кариерата?- - Јас би рекла дека можностите за напредок се повеќе системски. Меѓутоа, тоа што системот овозможува напредок не значи дека тоа и го гарантира. Сепак на секој поединец му се потребни најмалку познавање, труд и желба за професионален напредок за да почне да се гледа ползата од тој организиран систем.
· 11. Како е организирана државата, животот во Канада?
- Според моето ограничено искуство, Канада е високо организирана држава во која голем број од жителите се трудат да придонесат на развитокот на општеството, за правата на луѓето и за состојбата на природата и природните ресурси.
· 12. Каков е односот кон хигиената и кон природата, животната средина?
- Ако можеме да генерализирам, би рекла дека жителите на Монтреал имаат однос кон природата и животната средина што е за завист. Тоа не значи дека загадувањето не постои. Меѓутоа, на индивидуално ниво, генерално, жителите на Монтреал секогаш се трудат да рециклираат и да не конзумираат производи во пластични пакувања. Напротив, акцентот е на материјали што можат да се “компостираат” (да станат компост или ѓубриво) и на локални производи и производители, вклучувајќи ги и локалните земјоделци и фарми. Возењето велосипед е дел од секојдневната култура и градот е солидно урбанистички организиран во однос на таа велосипедска култура. Едноставно речено, жителите на Монтреал ја разбираат грижата за градот, општествената сопственост и природата како грижа за себе и својата иднина.

· Дали ви недостасува вашето хоби, коњичкиот сопрт, јавањето, во кое имавте освојувано награди?
- Јас се занимавав со коњичкиот спорт и, попрецизно, со препонско скокање од моето детство, па се до 2011 година. Во тој период, се натпреварував често, ја претставува нашата земја и освојував награди во Македонија и на Балканот. На пример, го имам освоено Купот на Македонија и сум била и македонски јуниорски првак и сениорски вицешампион. Тренери ми беа Љупчо Пупаковски и Горан Жоглев од коњичкиот клуб “Илинден”. Во тој период исто така бев и на усовршување како гостин на турската „Федерација за коњичкиот спорт“ во Истанбул. Во еден дел од мојот живот препонското скокање ми претставуваше вистинска спортска и животна преокупација во која моите родители значително ме подржуваа. Татко ми, Фарук, беше и дел од Федерација за коњичкиот спорт на Македонија. Имајќи предвид дека со јавање се занимавав речиси 20 години, се разбира дека ми недостасува и мислам дека секогаш ќе ми недостасува.