Во Регуляторната комисија за домување во овој момент има регистрирано вкупно со важечки лиценци 70 управители, а за период од 2,5 години по разни основи претстанала важноста на 16 управители, од кои некои не ја продолжиле лиценцијата, некои имаат одземена лиценца затоа што не ги почитувале законските одредби или по основ на предлог на инспекторот за домување, или по основ на тоа што не ги исполнувале условите за поседување на лиценца согласно Законот за домување.

Контролувата на работата на станбените сервиси ја прават инспекторите. 
Во 2021 година имало само 10 инспектори за домување во општините согласно Законот за домување, кои го вршат надзорот за справедувањето за законот. Тоа беше значително минимална бројка во однос на потребата во целата држава, поготово во урбаните центри во големите градови. Во градот Скопје и во поголемите градови има околу 30-тина управители. 

„Регулаторната Комисија направи една кампања која се уште трае, ги посети сите поголеми урбани центри и укажа на важността и значењето на колективното домување и Законот за домување и важността на општината и на градоначелниците во оваа тематика. Им укажавме дека значењето на контролата е многу битно, не само за да може да се спроведува законот и да биде квалитетно управувањето во општините, односно во колективното домување. Така, од тие 10 во моѓувреме бројката се зголеми на 16 инспектори. На пример, во Кисела вода има 2 нови инспектори, во Чаир има 1 инспектор, во Штип има исто така инспектори.  Градоначалниците треба да пројавуваат по голем интерес за именување инспектори во ошштината. Тоа им е обврска бидејќи инспекторот за домување е општински инспектор кој го именува градоначалникот. Некои градови во западна Македонија немаат инспектори“, вели председателот на Регулаторната комисија за домување, Зоран Маџовски. 

Регулаторната комисија за домување нема инспектори. Тие укажувањата ги препраќаат до општините каде сметаат дека конкретниот проблем може да се надмине. Во недостаток на инспектори, согласно Законот за домување, второстепена функција има Државниот комунален инспекторат. Државниот комунален инспекторат, меѓутоа, кој сепак функционира со повик на градоначалникот, на општината и на сметка на општината.

Граѓаните најчесто се жалат на лошата хигиена која што е видлива, но и на трошењето на нивните пари за кои што, како што велат, тие се невидливи, односно не добиваат редовно отчет и информација за тоа каде се трошат нивните пари. Дело од граѓаните по посочуваат дека месечните сметки се високи, исто така и се жалат на превисока нереална наплата за одредени услуги кои што ги нудат стамбените сервиси.  

Што вели законот? 

Или заедница на сопственици, односно станари, или лиценциран управител, односно кој правно лице кој ќе земе лиценца за управување со колективните стамбени згради. Статистички, најмногу фирми со лиценци има во Скопје.  
Законот исклучиво предвидува дека ова е единствениот начин на управување на колективното домување. Не постои друга форма, таканаречен куќен совет. Доколку станарите наидат на какви било правни проблеми, а имаат куќен совет, тие не можат да се повикуваат на Закон за домување.И не може нити инспектор за домување да реагира, ниту пак регулаторна комисија.

„Не може никој да биде виновен. Тие се договараат. Се договаруваат со 50 и плюс 1%, значи мнозинство на гласови, кој ќе им биде од управителите што ги имаат или, ако нема управител, да се формира заедници на станари како правно лице. Е сега, доколку не се задоволни, повторно со потписи со сопствениците на становите, со имотни листови, валидни посписи, докажуваат и викаат ние не сме задоволни од вас како управител и го раскинуваме договорот, ќе формираме заедница на станари или пак ќе избереме нов управител“, вели Маџовски.