Некако стана вообичаено пред Нова Година да се прават сумарни прегледи на настаните што ја одбележала старата година, но во овој текст ќе  направиме некои споредби со економските движења во Србија, Хрватска и Црна Гора, земји со кои половина век бевме дел од исто стопанство. Едната, Хрватска, е членка на ЕУ, а другите две, Србија и Црна Гора не се, иако се во тек преговорите за прием.   

Србија

Србија, со население од 6 797 105, во 2012 година имала БДП во апсолутен износ од  33,7 милијарди евра, а во 2021година 53,3 милијарде евра. За оваа 2022, БДП се очекува да изнесува 60,2 милијарди евра. Занчи за 10 години апсолтниот БДП е зголемен за 29 милијарди евра. Србите очекуваат ината година, 2023, да остварат БДП во апсолутен износу од  68 милијарди евра, што, мораме да признаеме, е респектибилна цифа со оглед на сите политички приблеми што ги има земјата.

Ако некого го интересира колкав бил БДП по глава на жител, што е попрецизен показател за живониот стандард на граѓаните, тоа оди вака: во 2012. година 4.677 евра, а во 2021. година 7.803 евра.

Србија во двете пандемиски години беше најбрзорастечка  економија во Европа со економски раст од 6,6 насто од БДП кумулативно.

Јавниот долг на Србија е на ниво од 55 насто од БДП, а невработеноста се движи околу 9 проценти. Пред 10 години невработеноста изнесуваше 26 проценти.

На 10. декември Србија имаше 4 милијард 95 милиони евра странски директни инвестиции.

Просечна нето плата во септември е 639 евра, а пред десет години беше 331 евро. Се предвидува просечната плата идната година во декември да изнесува 816 евра, а просечната пензија 322 евра.

Од почетокот на оваа година Србија има издадено повеќе од 28.500 дозволи за работа на странски државјани. Во земјата најмногу доаѓаат работници од Кине и од Русија, но и од  Турција и Индија.

Хрватска  

Хрватска со 3 милиони и 900 илјади миолиони жители во 2021 (последните 6 години бројот на жителите постојано се намалува, во 2015 година бил 4 милиони и 200 илјади жители) БДП во 2015 година изнесувал над 45 милијарди, а 2021 година над 53 милијарди евра. По глава на жител тоа годишно изнесува: во 2015 г. – 10 илјади 772 евра, а 2021 – 15 илјади евра. Во платниот биланс Хрватска е во плус речиси 2 милијарди што е 3,1 од БДП. Надворешниот дол на Хрватка е речиси 45 милијарди евра околу 77% од БДП. Во однос на крајот на 2021 година, бруто надворешниот долг е зголемен за 631 милион евра или 1,4 отсто. Просечниот курс на хрватската куна спрема еврото е околу 7,5 куни за 1 евро. Оваа  земја ја надмина бројката од 100.000 издадени работни дозволи за странски работници. Во Хрватска главно доаѓаат работници во услужните дејности, пред се во туризмот и угостителството, градежни инженери, кои се многу барани, но и работници во  земјоделството и во сезонските работи. Доминираат странци што доаѓаат од Босне и Херцеговине, Србија, Македонија, но се повеќе луѓе доаѓаат од Украина и од Филипини.

 Црна Гора

Со население од околу 600 илјади жители има БДП 2021 – над 5 милијарди евра, a во 2015 година изнесувал 3 милијарди и 700 милиони. Туристичка земја која во 2020 година можe да се пофали со 2 милиони и 600 илјади ноќевања. Трговскиот биланс во 2021 во минус од 174 милиони и 434 илјади евра.

Во 2020 година, Црна Гора изгуби најмалку 500 милиони евра приходи од туризам, најмногу заради политичката одлука за затворање на границите.

Процесот на европска интеграција е забавен: треба да се нагласи дека неуспехот на буџетот за 2021 година се загрозени проекти поврзани со средства договорени од фондовите на ЕУ.

Македонија

Македонија со население од нешто над милион и 800 илјади жители, остварила бруто-домашниот производ во 2021 година изнесува 720 милијарди 414 милиони денари (11 милијарди 714 милиони евра). Во 2015 година во апсолутен  износ БДП изнесувал 9 милијарди евра.

Во однос на 2020 година e номинално зголемен за 7.6 %. Реалната стапка на раст на БДП во 2021, во однос на 2020 година, изнесувала 3.9 %.

Во III тримесечје од 2022 година, активното население  изнесува 808 328 лица, од кои вработени се 693 062, а 115 266 лица се невработени.

Околу 700 илјади Македонци, или околу една четвртина од населението денес живее надвор од државата. Миграцијата од Македонија во последната деценија се зголемила за пет пати во ЕУ и околу четвртина од работоспособното население заминува од земјата, што влијае врз продуктивноста на самата земја, според ОЕЦД.

Од податоците се гледа дека наведените земји имаат различна динамика на развој, со оглед на своите потенцијали и на својата економска политика. Сите се насочени кон што поцелосно интегрирање во економијата на  Европската унија, но и соработката во рамките на „Отворениот балкан“ може да донесе значително зголемување на трговската размена и воопшто на соработката во сите сфери и на економијата и на другите општествени дејности. Само ослободувањето од царинските обврски и на пасошките контроли, на сите балкански земји може да им донесе приходи кои би можеле да се мерат во милијарди. Враќањето на поголемата и полесна економска соработка може донекаде да ја супституира загубата што ја доживеаја овие земји по распадот на заедничката држава, а со тоа и да ја ублажи носталгијата што не потсетува на едно убаво време на напредок и мирен живот.