
Кога се осамостојуваше Македонија и кога паѓаше еднопартискиот систем на почетокот на 90тите, голем број граѓани се надеваа дека конечно нашата сопствена и самостојна земја и држава ќе тргне напред (бидејќи пред тоа, по смртта на Тито, имаше големи економски турбуленции, во времето на Анте Марковиќ тргна добро, но бргу застана...па потоа и се урна). Многумина прогнозираа дека напредокот ќе се случи многу бргу, како во времето на големите високи проценти на раст по Втората светска војна и така Македонецот ќе почне да го живее европскиот сон за висок стандард. Но, старите искусни кадри велеа дека тоа нема да се случи толку бргу, туку дека за еден минимален напредок ќе ни требат најмалку 50 години, а економистите го наведува правилото 1:70, кое вели дека – ако земјата има секоја година континуиран напредок од 1%, за да достигне двојно повисок стандар од моменталниот, ќе и требаат 70 години, ако се движи со континуиран раст од 2% ќе и требаат 35 години, а ако се движи со континуиран раст од 10% за двојно зголемување на животниот стандард ќе и требат само 7 години. Бидејќи отсекогаш просечната плата во Македонија била околу 300 евра, ако сме се движеле со континуиран раст од 2% за 30 години, колку што има поминато од осамостојувањето, сега просечната плата ќе изнесуваше 600 евра, но не само во администрацијата која се зема како пример за просечна плата.
Македонската економија падна на неспособноста за долгорочно планирање, на наодговорноста, на крадњето на јавните добра, на корупцијата на грабањето за личен интерес и на отсуството на лична одговорност и на неказнивоста. Ниедна стратегија не е применета, не само за глобалниот разбвој, туку и за сегментарниот, како на пример за туризмот, кај се Попова Шапка, Пелистер, Галичица, Бистра итн, исто така за земјоделството, за енергетиката итн.?
Земјите што сакаат да го освојат светот, како на пример Кина тоа го има смислено за наредните 100 години. Ние мислиме дека тоа е некаква случајност, демек „жолтите“ се мравки, а ние сме „штурци“ и не ни прилега да работиме како мравките, ама сакаме да дигаме чалам во тесни струкирани костуми, со залижани коси, плитки и празни муабети од типот „кај си бе брат, има ли нешо...?“
Затоа Кина од мочурлива земја стана втора светска економија, а се „заканува“ да стане и прва, од што на конкуренцијата и се дига косата на главата.
Кина голем конкурент на Америка
Кинеската економија поминува низ фантастично брза трансформација од социјалистичкото стопанство, што го имаше, до современ корпоративен концепт со сите капиталистички карактеристики и начин на управување. Прва и основна цел е - да се освои светот! И таа цел никогаш не беше толку јавно експонирана, се работеше дисциплинирано, без многу врева. Мислата водилка на тој развој и денес е изреката на големиот кинески водач и реформатор Денг Сјаопинг, која гласи: „Тао гуанг јанг хуи”, што значи: „Да се кријат амбициите и да се маскираат канџите.“ Опшотото сфаќање на ова правило на Денг беше дека Кина треба сета своја енергија да ја посвети на економскиот развој.
Така, по само 70-тина години од крајот на граѓанската војна во Кина, која беше мочуришна земја и, освен оризот, ниеден друг производ не беше познат на светскиот пазар, дојде момент да се прави споредба на нејзината конкурентност со најголемата економска и воена сила – Америка и за глобалната улога и потенцијал на земјата, во која сите жители носеа примитивни шешири и своевидни униформи од времето на Мао Це Тунг, па и долго потоа.
Познати економисти, како Јан Сијетонг, тврдат дека Кина веќе ги има надминато Јапонија, Русију, Британија, Франција, Германија и Индија и тоа не само во нивниот економски, туку и во воениот габарит, а со тоа, сакал некој или не, кога некој има толкава економска и воена моќ, има политичка сила, која мора да се респектира од сите играчи на глобалната сцена. Иако воената предност на САД може да потрае уште некое време, Сијетонг тврди дека кинескиот брз економски раст и се поголемата политичка сила би можеле да ја дадминат и американската севкупна предност.
Стручњаците предвидуваат дека Кина веќе во 2025 година ќе ја стигне Америка, а во следните 25 години, значи до 2050, нејзиниот бруто домашен производ (БДП) ќе биде за една третина поголем од американскиот. На средината на овој век Кина ќе има БДП од речиси 50.000 милијарди долара, а САД околу 38.000 милијарди. Паралелно, иако политичката реформа во Кини значително заостанува во однос на економската, сепак земјата се има оддалечено од комунистичките догми и се повеќе се препознаваат пазарните, односно капиталистичките.
Кина, Европа и Балканот
Западниот Балкан, во кој спаѓа и Македонија, Европа секогаш го гледала како своја периферија без сериозна намера во него да инвестира значителни ресурси.
Оттука произлегува прашањето - зошто Кина почна наголемо да вложува во инфраструктурата и во енергетиката во овој дел од светот. Зошто една далечна сила би вложувала во пруги и автопатишта на периферијата на Европа?
Одговорот е во глобалната стратегија на Кина и актуелниот светски економски натпревар.
Кина во последиве дваесетина години масовно инвестира во многу делови на светот од многу конкретни причини, а тоа се - обезбедување доволно енергија за својата брзорастечка економија, потоа храна и руди за своите внатрешни потреби… Кина има големи вложувања во транспортот на сировини во Централна Азији, во Јужна Америка и во Источна Африка. Додека западните Европјани, Африка се уште ја посматраат како континент кој уште не влегол во тековите на историјата, Кинезите го имаат забележано огромниот економски потенцијал на Африка: 40 проценти од светските резерви на минерали, 60 проценти од уште необработеното земјоделско земјиште и армија евтина работна сила која очајнички бара работа. На пример, Кина на Танзанија и даде кредит од 7,4 милијарди евра само за изградба на еден терминал за претовар на стокови контејнери.
Кина и Централна и Источна Европа ја посматра како потенцијален пазар за пласирање производи од своите стратешки индустрии. Европските држави не располагаат со своја висока технологија, па не се ни конкурентни со производителите од Азија, а доволно се развиени за да бидат потрошувачи на квалитетна и евтина стока што доаѓа од Истокот. За пласман на стоката до некој пазар клучна е инфраструктурата, што објаснува зошто овие инвестиции главно се насочени во железниците и патиштата.
Но, ова е само првата фаза на кинеската економска стратегија. Таа не се ограничува на Централна Европа која претсавува само станица до деловите на уште позначајниот пазар, а тоа е Западна Европа.
Имено, свесна дека нема да може трајно да ја заснова својата конкурентска предност на ефтината работна сила, Кина со децении вложуваше во високи технологии и истражувања, често копирајќи, во првиот период, туѓи патенти. Така наскоро во овој домен ќе стане директан конкурент на најразвиените европски држави.
Додека од една страна Кина претставува евтина светска работилница, од друга страна развива стратешки индустрии што ќе бидат многу поевтини од западните.
Оваа година третина од глобалната економија ќе падне во рецесија, предупреди (ММФ). 2023 година ќе биде потешка од минатата, бидејќи економиите на САД, ЕУ и Кина се бавни, односно забавени од пореметувањето на мирновременските текови што ги предизвика војната во Украина: растот на цените, повисоките каматни стапки и ширењето на ковид во Кина ја притискаат глобалната економија.
Сепак, кинескиот потенцијал е во сигурна нагорна линија па тие оцсилации околу оската на потенцијалниот бруто домашен производ ќе поминат со многу помали последици отколку во економиите што се прпелакаат и не можат да најдат начин да тргнат во нагорна линија.
Можеби една од „тајните“ на успехот на кинеската економија е и податокот што е мошне попуиларен во светскиот печат, а тоа е дека во последниве децени за корупција е извршена смртна казна врз 10 илјади кинески корумпирани функционери!
Примерот со развојот на македонската економија е сосема спротивен на кинескиот. Ниедна влст не успеа да воспостави работна и одговорна дисиплина и да постави цел што ќе настојува од петни жили да ја достигне, ниту пак некогаш се зборувало за контрола за таква спроведливост и остварливост. Производството што го имаше македонската економија во 1995 година, без производството во слободните економски зони, не е достигнато, камо ли надминато. Лагалната корупција се сфати како нормален сисем на организација за функционирање на државата, а тоа е вработувањето со врски, партиски или пријателски, никаква одговорност за грешките, несанкционирање на огромниот криминал кој ни е пред очи и на кого навикнавме, криминалот што не го гледдаме и судовите сакаат да го прикријат и со тоа го стимулираат.
Речиси нема граѓанин што не се прашува кога ќе излеземе од оваа беда и кока ќе се олабавиме во однос на задоволувањето на нашите основни животни потреби, односно ќе дојде ли врме кога платата ќе ја трошиме комотно, па и од неа да ни остане нешто за да заштедиме. Ако Македонија се движи со овох процент на раст, 1-2%, бидете сигурни дека оваа ситуација ќе потрае уште 50-тина година, под услов да биде мир не само кај нас, туку и секаде во светот. Негативните влијанија и од подалечните војни го осетивме и ги трпиме се уште од една бесмислена неоправдана агресија, против која застана целиот свет.